Taste of Cherry мене не ми се допадна. Ама не го ни хејтам. Доста просечен филм, јас не гледам вообичаено кој филм од каде е, ако е добар - добар е. Не му додавам на вредноста зашто бил од филмски неразвиена земја, ниту па му одземам на истата основа. Овој филм ми беше доста просечен. Мене ми се интересни филмови што се базираат на дијалози и што се занимаваат со внатрешен конфликт на протагонистот, меѓутоа проблемот со овој филм е што не успеав да се поврзам со протагонистот, ни со останатите ликови for that matter. Единствено ми беше интересен делот со стариот таксидермист, но со оглед на тоа што беше премногу краток многу повеќе делуваше на скеч отколку на дел од некаква целина, всушност кога ќе размислам подобро целиот филм делуваше на компилација скечеви, прво со војничето, па со студентот по религија, и на крај со таксидермистот, сите по половина час. Тонот на многу сцени беше лош затоашто микрофоните им беа во различна просторија од дијалогот, не знам зошто беше тоа така. Крајот исто не ме остави премногу воодушевена, иако се насетуваше дека протагонистот на крај ќе го изврши самоубиството. Футиџот со екипата беше непотребен, барем според мене, она што мунгусот го кажа за законот во Иран верувам можело и некако поинаку да се реши/заобиколи, но што е тука е. Otherwise, идејата е добра и ми се допадна, можело да се навлезе повеќе во мотивите како размислуава човек кој е на праг на самоубиство, протагонистот спомна нешто во контекст на повредување на луѓето што ги сакаш и како тоа е грев еднаков како и самоубиството, но тоа беше премногу vague и плитко за да помине како мотив во еден ваков филм. Не велам дека требаше да ни дадат конкретна причина Е види ја листава со pros & cons зошто сакам да се убијам, ама малку подлабоко да се навлезеше во мајндсетот на самоубиец. Дијалозите беа солидни во глобала, ама мора да спомнам дека имаше моменти кај што се осеќав ко да гледам средношколци како се мољакаат за првиот пат. - Ај закопај ме. - Мммммм не. - Ај бе! - Нах. - Ама нели си војник нели треба да убиваш, а јас ни тоа не го барам, just the tip. - Сакам да излезам од колава. - ... - ...
Собери, подели и добиваш 6/10