Драга Кеј
Еднаш ти имав пишано дека имам две другарки, едната пример за како да се однесува а другата сосема обратно.
Оваа недела се видов и со двете, најпрвин со "примерната" се верила, баш ме израдува и ми е мило за неа, свадба не ми бега. И така неможам да кренам глава од свадби.
Вчера другата "непримерна" ме викна да идеме у кино, филм да гледаме. И, ај чекаме да чукне саатот за да влеземе, ми се врти и ми вика: брат, сум станала магнет за мажи, ми го отвара фб-то еден куп покани за пријателство. Ја гледам и викам од новата работа што ја работиш незнам што очекуваше ружи ли да ти цветаат. Океј се тоа помина, влеговме седнавме, почна филмот и на секој две, три минути зјапа у мобилниот. И викам дојдовме филм да гледаме или на фб да седиш.
Пуштам еден поглед гледам со кој пишува, веќе јасно ми стана, и нејќев да.навлагам у муабет, што прави и како прави.
Епа драга после веќе ме фаќа некој срам, ќе гледам да ја одалечам малце од мене.
Прашањето што ме мачи, како може човек за краток период толкава голема промена да направи на себе. Стварно не ми е јасна, а после ќе дојде да плаче.