И ние добивме к.р во газ ама и Грција доби к.р во газ, исто е ама не е исто нели

(на едните не им одговара, а другите викаат дај уште)
Неколку поенти:
1. Заев има мандат за преговарање, но не и за склучување на ваков договор! Затоа референдумот е значаен! Спинот кој се прави за или против ЕУ (целите на државата, на народот, на сите политички партии во земјата се исти 27 години=ЕУ и НАТО членство, тоа што Бујар не плаши со вештерката Русија нека го чува за по дома зашто секој од нас има искуство и гледа колку е Русија или Америка завлезена во нашето секојдневие) е безмалку смешен! Над 60% од граѓаните не се за никаква промена или за промена на името и за внатрешна употреба (ерга омнес)!
2. Со промена на името не се оди во ЕУ директно; особено не со 'договорот' кој го направиле! Да договориле промена на име за внатрешна употреба со влез во ЕУ ќе беше реално равенството сега е само манипулација!
3. Внатрешно преименување за мене не е решение на проблемот и не е прифатливо! Се коси со меѓународно право и вредностите на кои е изградена ЕУ! Ќе создаде големи проблеми внатре! Невидена поларизација која вчера започна ФБ!
4. Erga omnes изгледа не е ерга омнес зашто колку што гледаме North Macedonia е договорено за сите, а за Грција Severna Makedonija! Ако тоа е решението чуму менување име? Можеше Грција како сака да не вика и онака сите не викаа Македонија!