Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Се најавуваат големи протести во Атина, на денот на потпишувањето на договорот. Голем хаос можат да предизвикаат таму, ако се има предвид какви насилни протести имаат правено за некои помали работи.
Е шо малку ли им е :)
 
Многу земји ги примаа во ЕУ, без да ги исполнат ОСНОВНИТЕ критериуми, а од нас се "бараат" смешни работи.. .
Една од тие земји што беше така примена е и Грција...
Па сега, видете што значи почитување на договори....кога од старт ништо не се почитува...
 
Абе драги мој, Македонија се откажа од своето македонско мнозинство во последниве 20 години, ти за малцинството си се фатил
Македонија не се откажала...ако се откажале некогаш зошто тоа сега го бараат?
Грција го негира македонското малцинство а со тоа и македонците и македонската држава.
Целта е јасна како бел ден, кога они неможат да не избришат бараат ние сами да го сториме тоа а за таа цел ги користат ЕУ и НАТО.

ПС И Црпко
 
Ај доста е форум, џабе дискусија, работиве се движат во добар правец.
Се е како по сценарио, така да не верувам дека режисерот ќе дозволи изненадување од македонска или грчка страна, па дури ни од нивните миленици албанците.

Инаку на овие од ДПМНЕ, криво му е што тие не направија ваков договор, ама то е ...

Што би рекле брача срби, везите се полеќемо... :)
 
Абе драги мој, Македонија се откажа од своето македонско мнозинство во последниве 20 години, ти за малцинството си се фатил
"Драгиот" е драгА, штабски пацов кој за "грижа за малцинства" подразбира носење на сиромашни луѓе од Пустец да гласаат за нивни градоначалнички кандидат.
Си ебале векот од "грижа" за малцинствата...СФРЈ примаше егејци, им даваше станови, работа, не служеа војска и со ова ни се "оддужија", племето да им го...да не беа говна како паторот, циле, тодор петров, немаше никој да спомне иридента, а вода у очи немаа...
 
Ние баравме и на крај добивме двојна формула. Republic of North Macedonia за себе и за сите, Republika Severna Makedonija за Грција.

Мене не ми е јасно како може некој македонец да го поддржи ова. Ја не сум партиски определен и еднаш во живот сум гласал иако сум ја имал таа можност 12 години. Прилично либерален сум и да е само Северна Македонија името, некако ќе се помирам. Ама сите овие други точки, да се откажувам од малцинства, да морам да си ја менувам дипломата што сум ја добил од универзитет, организации да менуваат имиња и се друго. Тоа е лудост. ЕУ и цел свет пропагира самоопределување, демократија, а тука поддржуваат поголем да силеџува помал и да му кажува како ќе се вика и што е он?!

Па во САД и Велика Британија и други земји, прогресивни, почнаа да им прават WC-a на луѓе што не си го определуваат полот. Има WC за машки, женски и неопределни. Толку буткаат права за транс луѓе, луѓе што менуваат пол, што не се определуваат со пол, а тука ние не може да си се викаме како сакаме. Може такви слободи да се поддржуваат, самоопределување, ама за идентитет, не. Лицемерија невидени.

Ама ај, Грција е помоќна, па треба да го проголтаме ние ова и се што ќе ни сервираат.

Кај се принципи и достоинство? Некој ќе рече од достоинство не се живее, ама прашање е дали сакаш да живееш на колена или да умреш на нозе.

Мене достоинство ми е битно. Разбирам дека економски напредок значи многу за се, за образование, здравство. Ама во овој случај ништо не е гарантирано, а очекуваат да си го продадеме г'зот за лажна надеж, за потенцијал за нешто што многу реално може и да не биде.

Не сум некој националист, ама не може како народ да го примиме овој срам.
 
Истото тоа што не спречи да ја укинеме привремената референца и да си го вратиме знамето... Нели така ќе велиме, абе шо, влезен ни е 20 цм па за 5 ли ќе праиме проблем...А тој што ќе се буни ќе биде примитивец, небањат и така натаму. Ова ти го зборам по искуство...

Јас мислам дека повеќето луѓе не разбираат какви се влоговите во целата ситуација. Очигледно е решено на многу високо ниво Македонија по секоја цена да се пикне во НАТО под итна постапка. И очигледно се земени и Ципрас и Заев за уши да го потпишат договорот. Договор со кој и едниот и другиот губат многу поени на внатрешен план. Влоговите се многу поголеми од кариерите на Ципрас и Заев.

Оваа работа со договорот е решена и запечатена. Сега треба колку што може повеќе да се извлече од сето ова. Македонија треба да извлече многу од влезот во НАТО, а во ЕУ не верувам дека ќе влеземе во следните 5-6 години, но доволно е процесот на прием да тргне од мртва точка.

Затоа олабавете се, не бидете смешни со квазипатриотизам. Никој не може ништо да смени од она што ќе се случува понатаму. Инаку ви гарантирам дека Македонија не може да издржи како унитарна држава повеќе од 10 години без прием во НАТО.
 
ако Грција не го испочитува договореното (што нема теоретска шанса овој пат да се случи бидејќи верувам дека ќе биде обврзана со некаков договор и плус верувам дека некоја голема сила ќе стои како гарант на договорот)

Грција не ја испочитува обврската пред цела меѓународна заедница (ОН) да не не попречува во аспирациите за членство у меѓународни организации/сојузи.
Грција не испочитува пресуда на меѓународен суд.

Дека Грција не почитува обврски има конкретни примери. За ова ти што го тврдиш нема.

...што ќе не спречи нас да го поништиме договорот и повторно да си го вратиме името Македонија? И тоа тој пат ќе биде со голема меѓународна поддршка затоа што Грција е онаа која не го испочитувала договорот. Тоа би бил таков дипломатски пораз на Грците кој не можат и не смеат да си го дозволат.

Ништо. Ништо не не спречува и сега. Ама, пак, ако се водиме по таа "голема меѓународна поддршка", каде беше таа поддршка кога Грција стави вето? Каде беше после пресудата од Хаг? Штама беше. Пак ќе биде штама.
 
@k0k014 не вреди да се објаснуваш со материјалисти, најдолниот слој во општеството :). Ќе те убедуваат дека е добар договорот за сите нас, а всушност нив ги заболе за другите, мислат само како да си го удоволат својот газ :)
 
Tи еден куп работи не веруваш, арно ама се случуваат и без твоето верување. Вчера не веруваше дека е постигнат договор за Северна Македонија, па испадна дека токму така ќе биде името. Те молам објасни ми, ако Грција не го испочитува договореното (што нема теоретска шанса овој пат да се случи бидејќи верувам дека ќе биде обврзана со некаков договор и плус верувам дека некоја голема сила ќе стои како гарант на договорот) што ќе не спречи нас да го поништиме договорот и повторно да си го вратиме името Македонија? И тоа тој пат ќе биде со голема меѓународна поддршка затоа што Грција е онаа која не го испочитувала договорот. Тоа би бил таков дипломатски пораз на Грците кој не можат и не смеат да си го дозволат.
Во дипломатијата само посилните земји во случајов Грција можат да си дозволат да не го почитуваат или да го поништат договорот а не ние.
 
Грција не ја испочитува обврската пред цела меѓународна заедница (ОН) да не не попречува во аспирациите за членство у меѓународни организации/сојузи.
Грција не испочитува пресуда на меѓународен суд.

Дека Грција не почитува обврски има конкретни примери. За ова ти што го тврдиш нема.



Ништо. Ништо не не спречува и сега. Ама, пак, ако се водиме по таа "голема меѓународна поддршка", каде беше таа поддршка кога Грција стави вето? Каде беше после пресудата од Хаг? Штама беше. Пак ќе биде штама.

Пресудата од Хаг колку што се сеќавам не беше обврзувачка. Тоа беше повеќе морална победа од колку конкретна. Што се однесува до првото, не се сеќавам како беше дефинрано тоа да не попречува кај членството во некакви сојузи, ама верувам дека не била некоја цврста гаранција, и не стоел никој зад тој договор. Да не лупам напамет, навистина не се сеќавам на условите и гаранциите.

Ситуацијата сега е многу поразлична. Верувам дека на цела меѓународна заедница и е преку глава од проблемот со името, и нема повеќе сакам-не сакам игрички.[DOUBLEPOST=1528897358][/DOUBLEPOST]
@k0k014 не вреди да се објаснуваш со материјалисти, најдолниот слој во општеството :). Ќе те убедуваат дека е добар договорот за сите нас, а всушност нив ги заболе за другите, мислат само како да си го удоволат својот газ :)

Пак бе драмиш? Како не ти се смачи. Најголем праведник си на форумот, морален херој на Кајгана. Идеалист.
 
Што ги обврзува Грците да не ни бапнат вето откако ќе смениме све?
Сличен договор беше при влезот во ОН, Грција се обврза дека нема да прави пречки со привремената референца... Но уствари не беше баш така, па ја тужевме, па добивме, па никому ништо... а привремената референца остана...

Накратко, не верувам дека Северна Македонија доколку помине во Македонија и се смени устав и све, дека ќе помине во Грција... А веќе кога поминало кај нас... тој што ќе да се врати назад уставот ќе биде небањат...

Во право си, но нели и самиот кажуваш во светов се започнати големи промени. Доколку земеш други збиднувања ко патот на свилата, проблемот со државните долгови, распадот на ЕУ, поголема е веројатноста грција овој пат да мора да прифати што и е наложено.

Туку веќе не го викајте фикус, оти се претворил во кактус, почна да боцка, мме сега ли најде :D
 
Пак бе драмиш? Како не ти се смачи. Најголем праведник си на форумот,

Леееј чудо едно, нит опцув овојпат, нит те тагнав, али пак ме цитираше... Мувата на капата Ставреее ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom