100% го потпишувам ова. Најболната точка е изживувањето името да се применува и во Македонија. И тоа во ситуација кога за грците ќе бидеме Северна Македонија без превод на англиски. Значи за нив може двојна формула, за нас крајно понижување. Никој не може да ме убеди дека ова не можело да се избегне. Верувам дека и странците би имале разбирање ако сме покажале доволно умешност. И многу полесно ќе го голтневме залакот.Сложено име за надворешна употреба ми е ок, размена на споменици такви курци и други ПР срања ми се ок. Кога се работи за парче бронза или преименување на аеродром или автопат не гледам дека ќе ни падне круната ако ги смениме.
Ама менување на устав под притисок на друга земја и ултиматум за менување име дома помеѓу нас самите мене ми е едно големо НЕ.
Не ради некој глуп национализам чисто ради принцип на трошка човечко достоинство. Како бе име во сопствената држава да си го сменам оти на гркот не му се свиѓало дома како си се викам. Нека не прегазат бар со војска па нека ни октроираат нов Устав.
Мојот одговор на референдумот е бојкот.
За успешен референдум им треба 51% излезност или 900 илјади гласови.
Бројката мене ми изгледа недостижна освен ако Мицковски не направи глупост.