Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Исто и GTD е тди само со GTI опрема, значи дизелаш смрдлив со опремата на најдобиот бензинец.
Ако треба да бирам меѓу гтд и тди што е попаметно да се избере од аспект на потрошувачка, квалитет, можност за кварови, делови... ?
 
Ако треба да бирам меѓу гтд и тди што е попаметно да се избере од аспект на потрошувачка, квалитет, можност за кварови, делови... ?

Па ГТД е ТДИ, сфаќаш? Тоа ГТД ти е ниво на опрема, ГТД е спортската верзија на дизелашите, како што е ГТИ кај бензинците.
 
Ако треба да бирам меѓу гтд и тди што е попаметно да се избере од аспект на потрошувачка, квалитет, можност за кварови, делови... ?

Исти се ГТД и ТДИ разликата е ниво на опременост односно како гтд е како специјал

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Некој да ми каже нешто повеќе за Fiat Grande Punto 2008 - 1.2 бензин?
Ја продава еден пријател, прв газда, 88 000 км реални со сервис правен пред 1 месец?
Со 4 врати е, вреди ли како кола да се разгледува, и која би била реалната цена за оваа кола?

Како опција секако вреди бидејќи ја знаеш колата. Само ради ова вреди и плус малку да ја платиш од нормалната цена. А за нормална цена види на реклама 5 колку бараат за таа кола од слична година на производство.

Е сега дали тебе ќе ти одговара е друга работа. Не знам колку коња е тој мотор ама ако е најслабиот со 65 коња знај дека ќе биде точак спора колата. Во обичното пунто тој мотор е ок ама грандето е потешко и погломазно па ќе биде поспоро. Сега за низ град ќе брка работа ама на отворено кога ќе излезеш на автопат или на некоја нагорнина ќе сфатиш ова што зборам. Пак значи зависи од тебе, што планираш со колата и каков возач си.

Исто знај дека често математиката со потрошувачка со слаб мотор и (по)тешка кола не излегува. Често бидејќи е слаб моторот повеќе треба да ја газиш во обртаи и потрошувачка оди нагоре, секако повеќе од фабричките податоци.
 
Некој да ми каже нешто повеќе за Fiat Grande Punto 2008 - 1.2 бензин?
Ја продава еден пријател, прв газда, 88 000 км реални со сервис правен пред 1 месец?
Со 4 врати е, вреди ли како кола да се разгледува, и која би била реалната цена за оваа кола?

Па прв газда со 90 илјади, како не вреди? Кај ќе најдеш таква кола?
 
Имам проблем со жмигавците на мојата кола. Без разлика дали се работи за активирање на сите четри или лев, десен трепнуваат по неколку пати и престануваат. Некогаш не трепнува ниту еднаш на дадена команда. Еве видео што го снимив во кола https://www.youtube.com/watch?v=d73ThQJCS94&feature=youtu.be
Ве молам за помош, што може да е проблемот?

Lancia Y (2000)
 
Последно уредено:

Или самиот прекидач за пуштање на сите четири или пак релето (автоматчето) за нив. Ако прекидачот не е во ред на многу коли и од ракетата ако пуштиш жмигавец нема да трепка како што треба зошто оди преку прекидачот се.

Може исто и лош контакт на прекидачот или релето.

Не знам колку имаш фат, алат и услови за тоа ама релето е релативно едноставно сам да го смениш. Од фиат пунто пасува веројатно на твојата кола. Ако не, правец на авто електричар. Ситница е ова. Било кој електричар ќе го реши за брзо.
 
Бев на автоелектричар, го извади релето под волан, го зачисти и го врати. Се работеше како што треба, но ми препорача да купам ново и да го ставиме како претпазливост да не се повтори проблемот. Купив по негова препорака ново реле марка Топран, го монтираше и се работи како што треба. Значи како што кажа релето било и цела работа траеше 10 мин.
 
Нема што друго да биде на постариве коли. Кај поновите е покомплицирано.
 
Нема што друго да биде на постариве коли. Кај поновите е покомплицирано.

Точно така ,а таквите ми се допаѓа и ептен партизанска кола
473a5632265de4647ccb10adb0f3be14.jpg

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Во мкд ниеден полицаец НИКАДЕ нема да ти направи проблем, нормално во сообраќајна ќе ти стои атест и тоа е тоа.

Предните ми се скоро колку и задните затемнати па никому ништо. Ниту на граница не ми направиле проблем, само за странство не знам... меч со две острици е.

Мака ќе имаш ноќе при врнежи од дожд... јбг ќе си пазиш повеќе во такви услови на вожња.

Колку си сигурен дека нема ниеден полицаец да му прави проблем? Атест за предни стакла НЕМА.

Возев со 100ки фолии и напред и назад и 15% на шофершајбна колата ја застануваа уште од далеку и редовно имаше проблеми. Денски нема проблем со возењето и е далеку по убаво поради заштитата од сонце, но навечер доколку не си претпазлив лесно можеш да направиш беља.
 
е уште малку да си ја затемнел бе другар :D

Еве кажи те застанале, но дали те казниле? тоа е работата...
Може да те застани али за атест не сум разбрал на некого да му направат проблем, едноставно заведен ти е и не те гибаат колку и како ти се затемнати, многу или малку.
Треба и со усул да биди затемнувањето, пред се' ради безбедноста.
За во лето да, убаво ми е и мене заштита е... но кога врни при такви услови заборави дека имаш ретровизори од страна и дека прегледноста на нив ти е океј.

и секако дека ќе имаш шанса да налеташ на разни џандари па некој да те солупи, но јас не имам слушнато дека некој е казнет доколку му е запишан атест во сообраќајна.
 
Знае некој каква е процедурата ако те застанат со возило со странски таблички, кое има 100% фолии, а им покажеш Македонска дозвола?
 
Знае некој каква е процедурата ако те застанат со возило со странски таблички, кое има 100% фолии, а им покажеш Македонска дозвола?

Vo najdobar slučaj može opomena ili paricna kazna vo najslab slučaj može kolata vo stanica da zavrsi. Nesmeeš da vozeš stranska kola so makedonska vozacka i bež polumoštvo
 
е уште малку да си ја затемнел бе другар :D

Еве кажи те застанале, но дали те казниле? тоа е работата...
Може да те застани али за атест не сум разбрал на некого да му направат проблем, едноставно заведен ти е и не те гибаат колку и како ти се затемнати, многу или малку.
Треба и со усул да биди затемнувањето, пред се' ради безбедноста.
За во лето да, убаво ми е и мене заштита е... но кога врни при такви услови заборави дека имаш ретровизори од страна и дека прегледноста на нив ти е океј.

и секако дека ќе имаш шанса да налеташ на разни џандари па некој да те солупи, но јас не имам слушнато дека некој е казнет доколку му е запишан атест во сообраќајна.

Лично мене не ме казниле но сум ги вадел фолиите на лице место , незнам од кој град си но во Битола и тоа како познавам луѓе што се казнувани за фолии на предни стакла. Значи заведени се задните стакла за атест и тие смееш да ги затемнуваш колку сакаш, предни не смее ич. Во врска со дождот си во право, прегледност 0.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom