Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Се согласувам скоро за се, освен за делот со Брозович. Не можеш, ама никако не можеш да збориш дека Гаљардини и Весино биле лимитирани, а он со подобри играчи ќе играл подобро. Тоа само значи дека и тој самиот е лимитиран, ништо повеќе. Секоја сезона го прави истото, ќе преспие 30 утакмици, последните 8 ќе се издигне ко феникс и на крај ќе го остават. А што се однесува до мене, мора да се разбие балканското во Интер, почнувајќи од него, па и Перишич, кој е страшно неконстантен последниве сезони.
Погрешноп се изразив може, Брозович сепак не е играч кој трпи голем товар на грб, лабилен е, Гаљардини ако игра ко што играше кога дојде е супер a и сеа подигна форма али се повреди у незгоден момент. Реално треба да се има еден играч од средина со такви карактеристики ко неговите, уствари муабетот ми е дека не треба да се потрпрат на брозгара ко незаменлив првотимец. Брозович е играч за ротација, со тоа што повеќе би бил у прв тим ако игра ко што играше до сега, реално све што треба да се зима за средина моментално, 2 до 3 играчи, треба да се играчи за прв тим, а не валеро или весино трансфери.

А валеро е добар да спушти топка, да успори игра, односно за задњи 20 минути од утакмица, па и кога се брка резултат зашто е добар и у пас играта, ама за првотимец не е, добро е да се има за уште една сезона плус во која ќе играат и во ЛШ, ко за опција од клупа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Syn не дека е мое да кажувам ама ти го прочитав постот и конечно да се сложам со твое мислење, мислење во кое што не „леташ у облаци“ и си далеку пореален него што си бил во минатото, веројатно поучен од минатогодишни прогнози и очекувања :D Нешто што би изменил е тоа што би ти кажал дека и атак на топ4 повторно би било успех и надоградување на досегашниов Интер затоа што мора да се вратите во тимови кои редовно играат во ЛШ, па потоа атакување на трофеј во лига затоа што сепак имате два тима кои се подалеку од вас и ќе ви треба добро потење, добар маркет на лето/зима за да ги стигнете.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.256
Поени од реакции
10.355
Од моменталниот состав кој го имаме, единствено прв состав лига шампиони заслужуваат Ханданович, Миранда, Шкринијар, Кансело, Икарди и мооожда Перишич и Де Фрај (да видиме како ќе се покаже). Никој играч од средина уште не покажал стабилност дека може да е првотимец. Али ова е прва сезона у поскоро време кај што ради Лига Шампиони може да се надеваме дека некој поасален играч би сакал да дојде кај нас и да се докажува, па ќе видиме што ќе успеат да донесат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
@Syn не дека е мое да кажувам ама ти го прочитав постот и конечно да се сложам со твое мислење, мислење во кое што не „леташ у облаци“ и си далеку пореален него што си бил во минатото, веројатно поучен од минатогодишни прогнози и очекувања :D Нешто што би изменил е тоа што би ти кажал дека и атак на топ4 повторно би било успех и надоградување на досегашниов Интер затоа што мора да се вратите во тимови кои редовно играат во ЛШ, па потоа атакување на трофеј во лига затоа што сепак имате два тима кои се подалеку од вас и ќе ви треба добро потење, добар маркет на лето/зима за да ги стигнете.
Ќе се согласев со тебе, да стануваше збор за англиско првенство, а не за италијанско.
Наполи, кои не трошеа ич, кои играат сезона со 13 играчи, здраво конкурираа за титула до последен момент скоро, а направија низа кардинални грешки во поглед на трансфер политиката ради делаурентис, кој не сакаше да вложува у јануари, така да со супер лето за Интер, изводливо е тоа, ако се донесат 4 до 5 квалитетни играчи адекватни за ЛШ стандардот, а не трансфери ко весино или далберт, што ништо не ти гарантираат од старт.
Интер веќе донесе 3 играчи, 2ца веќе докажани у Италија, за овој Лаутаро Мартинез ќе видиме што играч е, така да горе доле одбраната веќе им е дефинирана за наредна сезона, затоа и реков, летово на страшен тест се, изводливо е да го реализираат тоа што го зборам ако изиграат паметно зашто со пласманот во ЛШ условите за тоа и основата им се создадени, а цело време дробеа за ЛШ и каков фактор претставува пласманот таму.

Aтак на топ 4 е она што го гледавме сезонава, од наредна година ова прашање дали ке се дел или не таму не треба више ни да постои, срамота ќе е, а друго што ти преостанува во таква ситуација у ваква лига е да се обидеш да бидеш конкуретен за титулата, односно да се направи чекор напред, а не да се стагнира.
У првенство ко Англија потребно е многу повеќе, таму и обезбедувањето ЛШ e одличен резултат со оглед на фактот дека има 5 јаки екипи со буџети со играчи со тренери со све што е потребно за титула, у италија тоа не е случај, али треба интелигентен пристап кон работите, не само пари, ете милан со 200м евра буџет го опипаа дното, купуваа б и ц класа на играчи и се надеваа дека ќе прераснат у нешто поише кај нив, освен бонучи.
 
И покрај тоа што ќе имате квалитетен состав, ќе се надоградувате, секогаш постои можност битен играч да биде продаден поради одредени причини а и да не се случи тоа, не заборавај дека ќе имате минимум 6 утакмици во Европа, против јаки противници кои што можат многу да влијаат. Опција постои да презимите во Европа и на пролет да изиграте уште пар утакмици, плус ќе атакувате на куп сигурно. Затоа ти викам, според мене не треба да ви биде разочарување ако следна сезона „само“ обезбедите топ4, многу порано од оваа година.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.393
Поени од реакции
11.872
Валеро е добар да го ставиш на водство од 2-0 во 75та минута.
Гаља ако играл како почетокот бла бла.Ај ако не да го земиме и Несторо ама ако игра како против италија :D Се гледа севкупно како изиграл а не почеток само или крај.Квалитетот е тој и со тоа што го прикажа сезонава ни Валеро ни Гаља ни па Весино докажаа дека заслужуваат да играат во таков интер каков што сакате да гледате.Брозович е добар,ама за резерва.Или да е најслабиот првотимец во тимот,ако до него се Видал,Наинголан и Ковачич.Без 2ца екстра играчи кои што ќе прават самите од ништо - нешто на теренот,ќе го сркаме од тимови ко Спал и Сасуоло и вгодина.Таквите тимови треа рутински дасе победуваат со некој индивидуален потег и без мн замарање.
И да,Перо е добар за нас како што сме моментално,ама играчот за топ тим кој што сака да атакува на титула во Сериа А и да стигнув 1/4 или 1/2 во ЛШ е далеку од првотимец.Лимитиран до максимум.Само онаа финтана в лево и толку.Не памтам кога издриблал 1 или 2ца онака да пробуши а да играме против поасолен тим.Е тоа се бара од него.
Е сеа ова што јас го барам можеби не е изводливо да се среди за само едно лето,па и вгодина да бидеме налик годинашнава сезона.Мислам дека сеа летово е тоа битно трансфер лето,многу побитно од минатиот трансфер период.Сеа или стануваме клуб каков што треб да сме и ќе одиме напред,или ќе ни се случи дебакл во ЛШ и нема да фатиме топ 4 во италија па ќе се вратиме по старо.
Мора некако да најдат начин кинезиве да бувнат инексија како што кажува Син и да не накренат со барем 3ца класа играчи.Нека се заобиколи ффп како знаат и умеат.
А не дека сјунинг не се сериозни со тимов,туку некако сакаат од ништо да направат нешто.Онака бавно да трае изградбата на тимот 5+ години.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
И покрај тоа што ќе имате квалитетен состав, ќе се надоградувате, секогаш постои можност битен играч да биде продаден поради одредени причини а и да не се случи тоа, не заборавај дека ќе имате минимум 6 утакмици во Европа, против јаки противници кои што можат многу да влијаат. Опција постои да презимите во Европа и на пролет да изиграте уште пар утакмици, плус ќе атакувате на куп сигурно. Затоа ти викам, според мене не треба да ви биде разочарување ако следна сезона „само“ обезбедите топ4, многу порано од оваа година.
Абе види, и јуве егзистираат во истите услови, ама во Италија е различна битката за врвот од пример, Англија, каде е многу голема веројатноста тимот што освојува титула наредната година да не се пласира во ЛШ, ко што е случајот со Челзи, лани на пример Јунајтед извисија ама освоија ЛЕ.
Еве сезонава, 3 екипи се борат за ЛШ, 2 за титула, средина некоја нема, не викам ја дека Интер мора по секоја цена до мај да е бод два до јуве, иначе сезоната е под дифолт пропаст, ама реално конечно мораат посериозно да им конкурираат и у вториот дел на сезоната, барем до крај на Март, а прашањето за ЛШ да го решат исто, до тој период. Тапкање у место и стагнација е ако се дешава истото ко и сезонава, до последни кола да не знаеме дали ќе сме во ЛШ или не, тоа е прашање кое мора порано да го решат, тоа под дифолт за мене ќе биде чекор напред за разлика од сезонава, а дека е возможно и многу повеќе од тоа да се достави, реално е, далеку е тоа од sci fi муабет.
Е сеа со спалети, аусилио ... тешко би идело тоа, али ако ништо друго и овие двајца и сунинг ги имаат апсолутно сите предуслови за да тимов повеќе не стравува дали ќе се дел од ЛШ, за тоа генерално сите интераши се согласни, ко што и владее согласност дека се создадени сите предуслови за прогрес на клубов на сите полиња, всушност и самиот Аусилио има кажано дека ЛШ е главниот предуслов за тоа. Башка, ако не сакаат да се топовско месо у ЛШ, а ги очекува многу тешка група, се знае дека мора да се испазари бесно летово иначе тешко дека и од групи ќе излезат ако повторно поебат со трансферите.

иначе глејте извадок од твитови и расправии со навивачи на милан од нетов, кога сме го земале Скринијар

"What is Skriniar? A disease?"
"You're signing fucking Skriniar. It's like I am arguing with a Chievo fan." :tvg:
"Skriniar is just a shit Zapata." :tvg:
"18 mil + Caprari for a Pokémon defender named Skriniar. I'd be ashamed to support Inter."
"Skriniar who'd be our 4th or 5th choice CB" :tvg:

Типов иначе ги изигра сите утакмици сезонава, ниеднаш не е заменет, неколку портали више го ставија у тим на сезона, а и голема е веројатноста и официјално италијаниве да го бутнат таму.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
И покрај тоа што ќе имате квалитетен состав, ќе се надоградувате, секогаш постои можност битен играч да биде продаден поради одредени причини а и да не се случи тоа, не заборавај дека ќе имате минимум 6 утакмици во Европа, против јаки противници кои што можат многу да влијаат. Опција постои да презимите во Европа и на пролет да изиграте уште пар утакмици, плус ќе атакувате на куп сигурно. Затоа ти викам, според мене не треба да ви биде разочарување ако следна сезона „само“ обезбедите топ4, многу порано од оваа година.
Јувентус беше шит сезонава, едина утакмица каде шо изиграја нешто беше против Реал гости, другото една голема 0 беа. Со Лацио дома изгубија, гости таму 93мин се спасвеа, од Наполи таму дадоа еден гол првите минути после се бранеа цело време, дома исто го јадеа од нив, со Интер исто дома 0-0 изиграја, 2 полу шанси имаа, на Меаца нормално со судии тепаа и заради грешки на Интер (читај Спалети). Со Беневенто дома губеа на полувреме, таму мораше да им се даде нормално непостоечки пенал за да победет. Спал и Кротоне им "кинеја" бодој,

И какви-такви пак си заслужија да освојат скудето, зато шо другиве екипи беа бетар од лајно. Се сложувам со Syn, другава година да се нападнит титулата, зашто Јуве се ептен далеку од пример Сити, Барса, Реал, Баерн, ПСЖ итн.. Да беа тие во лига, да разберам дека треба 3-4години за да се симнат од тронот, ама овој Јуве буквално се влечкат до скудетото, зошто немат никаква конкуренција.
Нормално, никој не бара од кинезиве да гарантираат титула следната година, ама МОРА Интер следната сезона да брка до крај титула, а не место за во ЛШ.

Е сега за Интер да е конкурентен за титула, најмногу зависит од кинезите и шо ќе превземат. Првиот чекор е бркање на Спалети, (шо најверојатно нема да се десит). Какви играчи и да донесат и шо да направат кинезите, џабе со овај на клупа. Пишав и пред да почнит сезонава, најголемо засилување на Интер е то шо УЕФА им даде 4места на Италија и така испадна, а реално и Де Бур (ако се земеше порано,а не 5 до 12) и Пиоли ќе беа 4место лани, и тоа без тресење(и огромна среќа) во последно коло.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Абе види, и јуве егзистираат во истите услови.
Пак ќе ти кажам, се сложувам во целост, во право си ама пак ја правиш истата грешка како и пред 2 години, кога се споредуваше со Јуанјтед, како биле без ЛШ а пак носеле јаки играчи. Јуве е поим за сите тимови во Италија во моментов и едно е да се стремиш да бидеш Јуве, друго е во овој момент да се споредуваш со него.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Борба за Скудето треба да ни биде единствена цел во нареднава сезона (второ место не би го сметал за неуспех се додека таа бодовна разлика не е огромна на крајот). Не е страшно ако не се помине групна фаза ЛШ imho, посебно не кога стартуваме од 4 шешир по пауза од 7 години. Само сакам прогрес во споредба со оваа сезона, да не биде еден чекор напред, два назад.

Инаку за мене нема недопирлив играч во Интер, нека продадат и купат кој сакаат се додека се исполнат таргетите. Никој не е над клубот и не се приврзувам со ниедно име, играчите доаѓаат и си одат. Преферирам добро скоцкан и балансиран тим пред тим со 1-2 ѕвезди врз чија форма треба да се ослониме цела сезона и да палиме свеќи да не се повредат.

Дали е почната регистрација за членови во Армата? Пратете инфо ако имате што како требаше.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да се надоврзам на муабетот за ругањето на Шкриниар од страна на напатените.

На whoscored за Шкриниар: 38 утакмици, 3420 минути - 2 жолти картони, 0 црвени картони, 91,2% точни додавања, 1,9 воздушни дуели по утакмица, 2,3 стартови по утакмица, 1,1 фаули по утакмица, 3 пати MOTM и Overal Rating има 7.2.

Патем, има 4 гола на свое контo. Андре Силва има 2 гола.

П.С.

Shkendija sounds like a pokemon.
- Sounds like a player Inter would buy.

.!.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Пак ќе ти кажам, се сложувам во целост, во право си ама пак ја правиш истата грешка како и пред 2 години, кога се споредуваше со Јуанјтед, како биле без ЛШ а пак носеле јаки играчи. Јуве е поим за сите тимови во Италија во моментов и едно е да се стремиш да бидеш Јуве, друго е во овој момент да се споредуваш со него.
Немаат врска едниот со другиот муабет, за јаките играчи ти реков, ако интер има 300м евра буџет ко псж и простор да им дава по 10м од сезона на играчите, можат да атакуваат на мега јаки имиња без проблем, и да ги носат у свои редови, башка што се голем тим со богата историја башка што се од Милано.
У тој контекст ги споредував со Јунајтед, псж до вчера не постоеа на фудбалската мапа у Европа освен у француско, па преку ноќ станаа некаков фактор у фудбалот, кога у едно лето ибра и силва од милан ги собраа и им тргна возот.

Али тоа нема врска со ова сега што го зборам, a тоа е дека со пласманот во ЛШ постои голем простор и ветер у грб за тимов да направат екипа која од една страна под дифолт ќе биде во топ 4ката во италија, од друга би можеле конечно да им преставуваат посериозна конкуренција на јувентус. Всушнот, ТОА треба и да е целта на Интер сега, еве како си замислуеш ти сеа после пласманот во ЛШ, седнуваат спалети, аусилио, други директори, кинезиве, на маса, и прават план за наредна сезона, која ке им биде мисијата ? Ај да праиме пак тим што би се борел за ЛШ со тимови кои нит имаат јак буџет нит имаат јаки играчи, или ај да праиме тим кој би атакувал на скудетото ...
Втората опција под дифолт треба да се подразбира, све друго е поразително за нас, и сега, откако си ја реализираа целта ЛШ, треба да си дефинираат друга цел, а тоа во калчото значи битка за титула, всушност само така е изводливо тимов да напредува.

Дали ке успеат во тоа или не, небитно, поентата ми е дека сега интер треба да прави стратегија за атак на скудетото, и аналогно на истото, цела трансфер стратегија и маневри летоска да бидат прилагодни за тој план.
Не смеат ни да помислат пак да го форсираат муабетот, целта ни е ЛШ, зашто видовме кога целта им е лш, и какви се трансферите, и каква е сезоната, пуна со милион стресови и ситуации каде работите не ни зависеа од интер, ко претпоследното коло, каде зависевме од кротоне.
 
Едно со друго не се поврзани ама поентата е иста, дека и тогаш кога ти кажуваа некои дека не треба да очекуваш скоро ништо зошто не играте ЛШ ти се споредуваше со Јунајтед, како купувале мега јаки ѕвезди без ЛШ. Пак ќе кажам, се согласувам со се', дека треба и што викаш план да се направи за атак на Скудето следна година, нешто што ќе го направат и Наполи и Рома (покрај Јуве) ама дека и „само“ пласман во ЛШ не треба да се глеа како ситбек, зошто узастопен пласман во ЛШ е многу подобро од неиграње во ЛШ. Не значи дека и наредно 4-5 години ќе се гледа на тоа како успех и добра сезона ама за почеток и тоа е добро.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Јувентус беше шит сезонава, едина утакмица каде шо изиграја нешто беше против Реал гости, другото една голема 0 беа. Со Лацио дома изгубија, гости таму 93мин се спасвеа, од Наполи таму дадоа еден гол првите минути после се бранеа цело време, дома исто го јадеа од нив, со Интер исто дома 0-0 изиграја, 2 полу шанси имаа, на Меаца нормално со судии тепаа и заради грешки на Интер (читај Спалети). Со Беневенто дома губеа на полувреме, таму мораше да им се даде нормално непостоечки пенал за да победет. Спал и Кротоне им "кинеја" бодој,

И какви-такви пак си заслужија да освојат скудето, зато шо другиве екипи беа бетар од лајно. Се сложувам со Syn, другава година да се нападнит титулата, зашто Јуве се ептен далеку од пример Сити, Барса, Реал, Баерн, ПСЖ итн.. Да беа тие во лига, да разберам дека треба 3-4години за да се симнат од тронот, ама овој Јуве буквално се влечкат до скудетото, зошто немат никаква конкуренција.
Нормално, никој не бара од кинезиве да гарантираат титула следната година, ама МОРА Интер следната сезона да брка до крај титула, а не место за во ЛШ.

Е сега за Интер да е конкурентен за титула, најмногу зависит од кинезите и шо ќе превземат. Првиот чекор е бркање на Спалети, (шо најверојатно нема да се десит). Какви играчи и да донесат и шо да направат кинезите, џабе со овај на клупа. Пишав и пред да почнит сезонава, најголемо засилување на Интер е то шо УЕФА им даде 4места на Италија и така испадна, а реално и Де Бур (ако се земеше порано,а не 5 до 12) и Пиоли ќе беа 4место лани, и тоа без тресење(и огромна среќа) во последно коло.
Зошто би го бркале Спалети, лол? Тоа е веројатно најглупата работа која би можеле во моментот да ја направат. Му дадоа тим за 4-то место, му побараа 4-то место, обезбеди 4-то место. Да го бркаш после една сезона единствениот тренер после Мурињо, кој го оствари таргетот поставен од клубот пред почеток на сезона, е прилично глупо по сите стандарди (иако најголем дел од другите тренери добиваа нереален таргет, ама тоа е beside the point). Најмалце примени голови во последните 10ина години, најмногу поени во последните 7 сезони, добра игра, плус успеа да го врати тимот во колосек, после оној пад што редовно им се случува на средина на сезона, нешто што ниеден друг тренер пред него не успеа. Спалети си ја заврши својата работа и си ја заврши прилично добро. На него отпаѓа најмал дел од вината за лошите резултати, а тој дел е неразбирливата заљубеност во Сантон, иако и немаше многу подобри опции на клупа од него. Најголем дел до вината ја имаат катастрофалното потфрлање на некои од играчите, најмногу од нападот, кои беа страшно неефикасни сезонава (во прва рака Кандрева и Едер, а после нив Перишич), а после тоа на тој што го градеше ростерот на тимот за сезоната, ради тоа што остави делови од тимот небалансирани и без соодветни замени, и природно ради тоа што преценил некои играчи. И ако на спортскиот директор може да му се опрости, играчите што потфрлија треба да летаат од тимот, пак тука најмногу мислам на Кандрева и Едер.

Иначе, баш беше поетски на крај да одлучуваат со Лацио во последно коло кој ќе оди во ЛШ. :)
Оваа сезона за многу работи може да биде пресвртница за иднината на клубот, најмногу ради тоа што обезбедија ЛШ, иако немаше да биде трагично и да не успееја во тоа. Меѓутоа ЛШ им обезбедува стабилна основа за да можат како клуб да тргнат во нагорна линија, што мислам дека ќе се случи, затоа што, до сега, ги прават правилните работи. Не памтам кога последен пат Интер како клуб си ги остварил поставените цели во сезона.
Следно што треба добро да го сработат според мене е, да го подобрат тимот, во аспектите што се покажаа како проблем сезонава. Прво да се додаде длабочина, им требаат сериозни опции од клупа, и тоа најмногу за напаѓачките позиции. Детево Карамо е интересен потенцијал, мислам дека Спалети полека може да го направи сериозен играч, младиот Аргентинец ќе го видиме, но покрај нив треба уште еден играч. Второ, треба неколку позиции да се надградат. Десно крило, односно некој што ќе го замени Кандрева, и што ќе биде компатибилен со начин на игра на тимот, нешто што Кандрева не беше. Примарно, тип со добар прием и контрола на топка на мал простор, доволна брзина за да пробива и да завршува напаѓачки акции и што игра со две нозе, за да може да менува позиции. И им треба еден квалитетен мидфилдер, CM со поизразени атлетски способности. Висок, цврст, релативно брз, со долги нозе, некој што ќе може да добива дуели, затоа што според мене најчесто ги губеа битките на средина на терен од физички подоминантни тимови. Нормално, треба да има добра техника, за да не страда build-up-от на играта. Одбраната им е средена со De Vrij и Asamoah. Ова се под претпоставка дека ќе ги задржат Кансело и Рафиња, ако направат глупост и ги испуштат, тогаш ќе треба и тие позиции да се покриваат квалитетно.
За следната сезона, нема потреба да се става притисок со борба за титула. Првата цел, треба да им биде стабилно 3-то или 2-ро место и минимум 3-то место во групата од ЛШ, за да продолжат во Европа во пролет. Во зависност од тоа каква сезона ќе имаат другите тимови, првично Јуве и останатите, од тоа треба да зависи дали и амбициите ќе може да им растат во текот на сезоната Ако Јувентус има сезона како последната, премногу би било да се бара да им бидат во чекор до крајот. Приоритет треба да им биде стабилно место на врвот на табелата и нова сезона во ЛШ, за клубот да има позиција за прогрес во иднина, да дојдат во ситуација во која се Рома и Наполи сега. Тогаш ќе имаат финансиска, организациона и тимска стабилност, што ќе овозможи да го направат следниот чекор нагоре. Нешто што Рома и Наполи не можат да го направат, а што Интер далеку полесно ќе може да го направи. Мислам дека таков и ќе им биде планот, зошто ми делуваат попаметни од порано. Вакви експерименти ко на Милан сезонава, по секоја цена треба да избегнуваат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.005
Поени од реакции
3.057
Икарди или Кансело да ве напуштат, а можно е и двајцата да заминат одма овие планови и математики за во иднина ќе ги смените и ќе ги колнете Кинези Корејци до 3то колено и пак успех ќе гледате во тоа 4-то место и квалификување во ЛШ, а настапот во ЛШ следна сезона од пред време поминување групи ќе го сметате за успех.
Во врска со последниот пост за каква стабилност зборуваш што Рома и Наполи неможат да ја имаат? Дали си сериозен? Па моментално од таа гледна точка Наполи, па и Рома за Интер се ПСЖ, а и политиката и стабилноста што ја имаат моментално изгледа како да ќе си тераат вака и во иднина без проблем и рутински ќе си играат ЛШ барем уште 3-4 сезони. Почекајте малку нека помине лето ќе видиме што ќе испазарите и дали ќе успеете да ги зачувате Икарди и Кансело. Лани Интер потроши +200м па ете им го напредокот за малку не освоија Серија А. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom