Јувентус беше шит сезонава, едина утакмица каде шо изиграја нешто беше против Реал гости, другото една голема 0 беа. Со Лацио дома изгубија, гости таму 93мин се спасвеа, од Наполи таму дадоа еден гол првите минути после се бранеа цело време, дома исто го јадеа од нив, со Интер исто дома 0-0 изиграја, 2 полу шанси имаа, на Меаца нормално со судии тепаа и заради грешки на Интер (читај Спалети). Со Беневенто дома губеа на полувреме, таму мораше да им се даде нормално непостоечки пенал за да победет. Спал и Кротоне им "кинеја" бодој,
И какви-такви пак си заслужија да освојат скудето, зато шо другиве екипи беа бетар од лајно. Се сложувам со Syn, другава година да се нападнит титулата, зашто Јуве се ептен далеку од пример Сити, Барса, Реал, Баерн, ПСЖ итн.. Да беа тие во лига, да разберам дека треба 3-4години за да се симнат од тронот, ама овој Јуве буквално се влечкат до скудетото, зошто немат никаква конкуренција.
Нормално, никој не бара од кинезиве да гарантираат титула следната година, ама МОРА Интер следната сезона да брка до крај титула, а не место за во ЛШ.
Е сега за Интер да е конкурентен за титула, најмногу зависит од кинезите и шо ќе превземат. Првиот чекор е бркање на Спалети, (шо најверојатно нема да се десит). Какви играчи и да донесат и шо да направат кинезите, џабе со овај на клупа. Пишав и пред да почнит сезонава, најголемо засилување на Интер е то шо УЕФА им даде 4места на Италија и така испадна, а реално и Де Бур (ако се земеше порано,а не 5 до 12) и Пиоли ќе беа 4место лани, и тоа без тресење(и огромна среќа) во последно коло.
Зошто би го бркале Спалети, лол? Тоа е веројатно најглупата работа која би можеле во моментот да ја направат. Му дадоа тим за 4-то место, му побараа 4-то место, обезбеди 4-то место. Да го бркаш после една сезона единствениот тренер после Мурињо, кој го оствари таргетот поставен од клубот пред почеток на сезона, е прилично глупо по сите стандарди (иако најголем дел од другите тренери добиваа нереален таргет, ама тоа е beside the point). Најмалце примени голови во последните 10ина години, најмногу поени во последните 7 сезони, добра игра, плус успеа да го врати тимот во колосек, после оној пад што редовно им се случува на средина на сезона, нешто што ниеден друг тренер пред него не успеа. Спалети си ја заврши својата работа и си ја заврши прилично добро. На него отпаѓа најмал дел од вината за лошите резултати, а тој дел е неразбирливата заљубеност во Сантон, иако и немаше многу подобри опции на клупа од него. Најголем дел до вината ја имаат катастрофалното потфрлање на некои од играчите, најмногу од нападот, кои беа страшно неефикасни сезонава (во прва рака Кандрева и Едер, а после нив Перишич), а после тоа на тој што го градеше ростерот на тимот за сезоната, ради тоа што остави делови од тимот небалансирани и без соодветни замени, и природно ради тоа што преценил некои играчи. И ако на спортскиот директор може да му се опрости, играчите што потфрлија треба да летаат од тимот, пак тука најмногу мислам на Кандрева и Едер.
Иначе, баш беше поетски на крај да одлучуваат со Лацио во последно коло кој ќе оди во ЛШ.

Оваа сезона за многу работи може да биде пресвртница за иднината на клубот, најмногу ради тоа што обезбедија ЛШ, иако немаше да биде трагично и да не успееја во тоа. Меѓутоа ЛШ им обезбедува стабилна основа за да можат како клуб да тргнат во нагорна линија, што мислам дека ќе се случи, затоа што, до сега, ги прават правилните работи. Не памтам кога последен пат Интер како клуб си ги остварил поставените цели во сезона.
Следно што треба добро да го сработат според мене е, да го подобрат тимот, во аспектите што се покажаа како проблем сезонава. Прво да се додаде длабочина, им требаат сериозни опции од клупа, и тоа најмногу за напаѓачките позиции. Детево Карамо е интересен потенцијал, мислам дека Спалети полека може да го направи сериозен играч, младиот Аргентинец ќе го видиме, но покрај нив треба уште еден играч. Второ, треба неколку позиции да се надградат. Десно крило, односно некој што ќе го замени Кандрева, и што ќе биде компатибилен со начин на игра на тимот, нешто што Кандрева не беше. Примарно, тип со добар прием и контрола на топка на мал простор, доволна брзина за да пробива и да завршува напаѓачки акции и што игра со две нозе, за да може да менува позиции. И им треба еден квалитетен мидфилдер, CM со поизразени атлетски способности. Висок, цврст, релативно брз, со долги нозе, некој што ќе може да добива дуели, затоа што според мене најчесто ги губеа битките на средина на терен од физички подоминантни тимови. Нормално, треба да има добра техника, за да не страда build-up-от на играта. Одбраната им е средена со De Vrij и Asamoah. Ова се под претпоставка дека ќе ги задржат Кансело и Рафиња, ако направат глупост и ги испуштат, тогаш ќе треба и тие позиции да се покриваат квалитетно.
За следната сезона, нема потреба да се става притисок со борба за титула. Првата цел, треба да им биде стабилно 3-то или 2-ро место и минимум 3-то место во групата од ЛШ, за да продолжат во Европа во пролет. Во зависност од тоа каква сезона ќе имаат другите тимови, првично Јуве и останатите, од тоа треба да зависи дали и амбициите ќе може да им растат во текот на сезоната Ако Јувентус има сезона како последната, премногу би било да се бара да им бидат во чекор до крајот. Приоритет треба да им биде стабилно место на врвот на табелата и нова сезона во ЛШ, за клубот да има позиција за прогрес во иднина, да дојдат во ситуација во која се Рома и Наполи сега. Тогаш ќе имаат финансиска, организациона и тимска стабилност, што ќе овозможи да го направат следниот чекор нагоре. Нешто што Рома и Наполи не можат да го направат, а што Интер далеку полесно ќе може да го направи. Мислам дека таков и ќе им биде планот, зошто ми делуваат попаметни од порано. Вакви експерименти ко на Милан сезонава, по секоја цена треба да избегнуваат.