Краток review 2017/2018 и општо околу наредната сезона,
Ваков старт на сезона не сме имале од време на мурињо , играчите беа мотивирани до макс и се беше горе - доле под контрола се додека не не се деси стамотилукот против подреноне , после тоа се отиде обратно пропорционално за разлика од почетокот, за на крај да едвај се избориме за лига шампиони што имавме и срека. Како и да ја вртиш оваа сезона е подобра од предходните бар од играчки карактер, иако на моменти многу провидна (дека спалети нејкеше да ротира) сепак сума сумарум имаме подобрување во играта земајки во предвид предходните сезони,едвај доволно за да избориме пласман во лига шампиони.
Спалети на крај испадна херој келавиот, и покрај милионите пропусти особено во вториот дел од сезоната после Мурињо (па и Леонардо не беше лош) е едниствен тренер кој всушност покажа бар способност да го изгура тимов каде што и беше целта за оваа сезона. Дефинитивно многу работи треба да се корегираат , како што се мотивирање на играчите после пораз да се реанимираат и да продолжат со игра , правење на самоубиствени измени што те доведува до ги ставиш во прашање сите негови години искуство во фудбалот , до фаворизиањето на играчи кој очигледно не се у форма ама пак ги наогаш во прв тим. Сепак се надевам дека ке научи од грешките за наредна сезона и достојно ке не представи во ЛШ , иако да бидеме малце реални ке ни треба некој со поголемо искуство и поголема инвестиција ако сакаме Интер да атакува за повисоки дострели како што се Скудето и ЛШ но затоа ке почекаме .
Сунинг имаше голем удел во генерално подобрување на Интер како бренд но мислам дека многу се разликуваат од оние кинези на Милан што си пукаа во колено прва сезона, овие нашиве ми делуваат дека имаат план за наредните неколку сезони но сепак бараат трпение од навивачите. ФФП ке не кочи уште бар една сезона и не очекувам големи имиња наредната сезона, но мора да се подобрат на неколку позиции во прв тим и тотален ремонт на клупа.
Кога сме кај играчи : Икарди ние е голден бој и тука нема ништо спорно, дечкото игра за Интер со срце и покрај сите глупости со автобиографии и таа фабриката за деца.Сигурно некој од големиве ке се пушти летово со 100 + за него , не веруем дека ке го дадеме . Скриниар откритие на сезоната, Кансело и Рафиња да се задржат како знаат и умеат .
Играчи кој треба да го напуштат Интер : Едер , Кандрева, Сантон, Валеро , Далберт и останат шут што дадовме по позајмици.
Браво за 3цата играчи што успеавме да ги земеме за безпари пред почеток на сезона, поготово Асамоа и Де Вриј . За Мартинез немам големи очекувања после Габигол , нека дојде нека се проба и ке видиме што ке биде од него во Европа. А дефинитивно ке ни требаат играчи од среден ред и десно крило.
Пропуштив уште многу работи да напоменам но горе доле тоа е ....
Не чека најголем предизвик во наредната сезона , шанса да се врати Интер кај што припага, и за крај...