FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.752
Поени од реакции
2.564
Сака да каже дека грото жени се курви и парите и материјалното им се поважни од искрената љубов и преданоста кон партнерот.

Е сега, сакав да се надроврзам кон муабетов со друго.
Секоја кариера, ОСОБЕНО актерската бара жртви, најголемите жртви паѓаат на личен план, актерството и сите сродни професии бараат 100%, конкуренцијата е сурова, и сите значајни имиња се значајни зашто кариерата пред се. Самата професија бара промискуитет и физичка и сексуална слобода, тоа го бара природата на кариерата и нема љутиш тука. Или ќе го прифатиш фактот дека нема никогаш да бидеш на прво место, или ќе си бараш партнер со мајндсет поблизок до твојот.

Така што, не... Нема класика женско класика машко во тој свет, и на едните и на другите приоритет им е кариерата и или можеш да се носиш со тоа или не можеш.
Муабетот е за асистентката на режија и за нејзината љубов кон професијата. Трифо тоа сакаше да ни го покаже, дека постојат луѓе меѓу кои се вбројува и самиот тој, дека на филм работат од љубов. Не за пари, не за слава, не за себедокажување, не за интерес, туку од љубов. Таа љубов е поголема и од таа кон евентуалниот партнер, затоа и е таква изјавата. Сите останати си имаа своја причина, поинаква од оваа, зошто се таму.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Day for Night

Ми се погоди пак ко првиот пат. Смешен ми беше од сценариото, до финтите шо се правеа за тоа што треба да биде на филм да изгледа вистински, случкиве на ликовиве во приватниот живот... Али најмногу ради ради работите поврзани со снимање на филмот, проблемите, компромисите, импровизациите и сите други лудории :D .
Плус уште една слаба точка кога се спомнуваат други филмови, поготово сонот на режисерот кога како мал крадел слики од Citizen Kane, и исто кога ја доби пратката со книги од режисерите.. такви мали моменти.
Не знам мене ич не ми беше досаден, беше во исто темпо да, цело време е тоа па тоа, али “тоа“ ми се свиѓаше така да таман ми беше. Преубав омаж и за филмовите и за филмските работници. Е сеа дали е стварно така на сетовите, или не, ко шо вика Годар, не знам.. може негде е негде не е, важно се уживаше
Инаку татко ми кога гледа филмови посебно во вечерен термин скоро секогаш заспива. Првпат кога го глеав знам го пуштив накај 11 навечер, дое татко ми у соба, и го заглеа и доглеа ококорен, дури и бараше да го паузирам да отиде до кујна, шо е чудо:D.

8,5/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Во наредните две недели ќе имате можност да потрошите повеќе од два часа на руската кинематографија и да видите дали Русите напредувале визуелно од времето на СССР или сеуште се заглавени во комунизам. Ви го презентирам филмот за првата нога која "стапнала" во бесконечното пространство, вселената.

Vremya Pervykh a.k.a Spacewalk (2017)

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.135
Поени од реакции
37.672
На кратко само, зашто во следниве 2 недели нема да ме има: филмот на @grande-juve не го гледаа: @Zlatikevichius , @Corvus , @Gazpapir , @whatto , @ManUtdChampions и @Iceboy (на сите прв неизгледан), @wot и @Bojan Van Buuren (трет неизгледан, значи црвен картон).

Го гледаа само четворица и му дадоа средна оценка 6,9.

@wot , насловот - Film Club (Vremya Pervykh / Spacewalk: 30.04 - 13.05)

@Zlatikevichius оди на заслужен одмор, ќе надомести кога ќе се врати! Па па!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Spacewalk, Spacewalker, Vremya Pervykh, The Age of Pioneers

Ми се допадна филмот, браво за Русија.
Имаше одлични камера мувментс, и супер CGI со оглед на тоа што не е Холивуд.
Се протнуваше добар хумор на моменти.
Ми се допадна пожртвуваноста, лојалноста, храброста на космонаутите, pursuing the dream, for mother Russia патриотизмот, оптимизмот.
На моменти (со музиката) пробуваше да биди подраматичен од она што е, но во ред.

јес, јес, јессс ги спасија бе, јессссссссс
за малку ќе ги сахранеше ЖЕНА, ЖЕНА ОТРОВ, ЖЕНА ЗМИЈА
8.25/10

@devilko фала од кај и да го ископа филмов

Mandatory Russian cosmonaut story, somewhat related
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Ало мизерии, гледајте бе.
Ви ебам фејк обврските.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Јас сум удрен на тоа што имам пропуштено, ќе пишам утре/задутре рецензија за тие 3-4 што ги изгледав, можда во меѓувреме и рускиов ќе успеам да го изгледам.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Злате ми имаше пишано интересен факт дека сите филмови што сум ги бирал почнувале со "THE". Па да си го задржам континуитетот, овој ќе биде The Spacewalker.
Од каде го ископа?
Па...
Вршев потрага по филмови на тематика вселена, поконкретно sci-fi, ама и некои овакви драми за освојување на вселената доаѓаа в предвид. Од нигде, никаде, на една од листите беше ставен и рускиов, доста беше фален. Имам гледано американски филмови (Аполо, Гравити), па решив да видам што има другата страна да понуди.
Се сеќавам дека уште тогаш ме воодушеви. Останав залепен пред ТВ, си враќав некои сцени назад од кога заврши . Не верував дека може толку добро да изгледа руски филм. Маестрално е направен за тоа каков буџет има.
Приказната, ми беше непозната, иако имав претходни сознанија за вселенската трка. Има една кратка серија, Space Race, исто така не толку позната, но одлично го прикажува тоа време, трудејќи се да не завземе страна. Топла препорака за сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за Сергеј Корољев и Вернер Фон Браун.
Денес знаејќи ја приказната, очекував дека нема да го постигне истиот ефект репризава. Можеби го немаше шок факторот, но оценката си ја задржа. Ми се виде малку и развлечен целиот филм, може можеле да го скратат малце тука и таму за да добие на динамика. Сепак далеку подинамичен од Гравити и досадната Сандра Булок. Мора и хуморот да се спомне што се провлекуваше низ целиот филм. Му даваше некој посебен шмек. Новиов бран на руски филмови изгледа баш освежено. 8ца.

П.С

Сите оние што го гледаа (љољ :D) и им се допадна, би им предложил да го видат и Саљут - 7. Подеднакво добар како и Spacewalker, направен повторно по вистинска случка, 20тина години покасно, кога советите се решаваат да праќаат астронаути да ја спасат вселенската станица со која изгубиле контакт, која може да падне во американски раце. Со спејшатл можело да им ја соберат бе. Crazy russians :tapp:.
Шансите да ви се измешаат двата филма после тоа, и да не знаете кој е кој, се 100%. :)
 
Последно уредено:

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Final Cut Ladies and Gentleman
Претпоставував дека нема да ми се свиѓа и се оствари тоа. Ја сфаќам цела идеја на филмов и можеби да бев во некое по-artsy расположение ќе ми се свиѓаше (мада чисто сумњам). Имаше мал милион филмови во едно, ама се на се средно жалосно барем за мој вкус. Му ставив поголема оценка поради трудот кој бил огромен за да се направи нешто овакво, идејата е интересна, just not my cup of tea.
4/10

Conan The Barbarian

Еден од ретките филмови на Шварци кој не памтам некогаш да ми е изгледан или барем пола фатен на ТВ. Одамна сакав да го гледам, ова во филм клубов ми легна како кец на десетка. Ама не знам, не ми беше којзнае колку интересен, малку дебилен на моменти, that 80`s style fighting беше забавниот дел, ама ниту се поврзав со некој лик, нараторството мислам дека од такт ме вадеше на моменти. Ме потсети малку на Херкулес серијата што вртеше на Сител пред некои добри 15 години. Дарт Вејдер си растуи as usual, видов дека имало и втор дел, ќе го изгледам некогаш и тој, а може ќе му дадам уште една шанса на овој да ми се свиѓа....ама некогаш тоа.
6/10

The Colonia

Даниел Брул ми е еден од најпотценетите актери на денешницава. Растури како Ники Лауда, исто во германскиот филм кога ја лаже мајка му дека Западна и Источна Германија сеуште постојат, каде и да го гледам човекот си глуми на ниво, одлично, а некако воопшто не е експониран низ Холивуд. Фати мислам номинација за Златен Глобус за во Rush и толку. Дали и он некако смотано си ги бира улогите не знам, ама тука си изглуми супер "хендикеп".
Филмот као плот, имаше по некоја дупка, ама беше интересен, малку можеби ја затупеа на крај, посебно со бегството од амбасадата и од аеродромот, премногу Холивуд беше тоа, ама освен тие последни 5-10 минути се друго беше супер во филмов.
7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Final Cut Ladies and Gentleman
Претпоставував дека нема да ми се свиѓа и се оствари тоа. Ја сфаќам цела идеја на филмов и можеби да бев во некое по-artsy расположение ќе ми се свиѓаше (мада чисто сумњам). Имаше мал милион филмови во едно, ама се на се средно жалосно барем за мој вкус. Му ставив поголема оценка поради трудот кој бил огромен за да се направи нешто овакво, идејата е интересна, just not my cup of tea.
4/10

Conan The Barbarian

Еден од ретките филмови на Шварци кој не памтам некогаш да ми е изгледан или барем пола фатен на ТВ. Одамна сакав да го гледам, ова во филм клубов ми легна како кец на десетка. Ама не знам, не ми беше којзнае колку интересен, малку дебилен на моменти, that 80`s style fighting беше забавниот дел, ама ниту се поврзав со некој лик, нараторството мислам дека од такт ме вадеше на моменти. Ме потсети малку на Херкулес серијата што вртеше на Сител пред некои добри 15 години. Дарт Вејдер си растуи as usual, видов дека имало и втор дел, ќе го изгледам некогаш и тој, а може ќе му дадам уште една шанса на овој да ми се свиѓа....ама некогаш тоа.
6/10

The Colonia

Даниел Брул ми е еден од најпотценетите актери на денешницава. Растури како Ники Лауда, исто во германскиот филм кога ја лаже мајка му дека Западна и Источна Германија сеуште постојат, каде и да го гледам човекот си глуми на ниво, одлично, а некако воопшто не е експониран низ Холивуд. Фати мислам номинација за Златен Глобус за во Rush и толку. Дали и он некако смотано си ги бира улогите не знам, ама тука си изглуми супер "хендикеп".
Филмот као плот, имаше по некоја дупка, ама беше интересен, малку можеби ја затупеа на крај, посебно со бегството од амбасадата и од аеродромот, премногу Холивуд беше тоа, ама освен тие последни 5-10 минути се друго беше супер во филмов.
7/10
Цццц, дојде и дојде.
Океј, ти си следен за предложуење, односно СЕГА.
Ја го заменуем Злате, он има фејк обврски.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.752
Поени од реакции
2.564
Времја первых (2017)

Филмов почнав да го гледам и почна тоа преводот да ми шантра. Те брза, те доцни, те се појавува превод на нешто го нема, те зборуваат а фали текст. А поминаа неколку сцени и филмов ме навлече, добар филм веднаш се познава. Констатирав дека сум симнал блуреј, а преводот е од некоја верзија од вебрип. Неколку минути разлика во времетраењето заради различната должина на сцените. Освен германски и холандски превод за оваа верзија немаше на друг јазик. Ај реков ќе го симнам тој вебрипот. Се симна, кога тоа звукот како од транзистор. А филмот почна со феноменална звучна кулиса со крајно искористени сите канали. Такви задни како од времето кога Гариевците миксаа заедно за Скајволкер саунд. И сега бев во недоумица што да правам, дали да си стојам на зборот и да не гледам лоша снимка од добар филм или да го погазам. Како компромис, ископав некој друг вебрип како демек со сараунд звук и го изгледав. И зажалив. Звукот подобар од тој стереото, ама далеку од блуреј миксот.
Филмот е одличен. Феноменално направена драма за подготовката на руската свемирска програма и двајцата космонаути кои ја остварија првата прошетка во свемирот. Малку по структурата потсетуваше на „Аполо 13“, ама без лигавењата. Приказна за храброста, човечноста, посветеноста. И да, за стравот од режимот кој можеше да ги чини животите на космонаутите. Феноменална камера, одлични глумци, ефекти и музика на место, одлична режија. Ништо претенциозно. Сцената од потрагата мајсторски направена, цело време возеше на самиот раб да стане патетична, но не се лизна. Добро, помагаше и тоа што појма немав каква била судбината на двајцата космонаути и бев во исчекување. И повторно ќе го спомнам звукот. Дизајн, микс, монтажа, страшно нешто, а се во функција на приказната. Најјака страна на филмов би рекол дека беа звучните ефекти. Филмот е за осум, ама заради звукот една плус.
9/10.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Цццц, дојде и дојде.
Океј, ти си следен за предложуење, односно СЕГА.
Ја го заменуем Злате, он има фејк обврски.
Му ветив на Злате дека ќе се вратам, плус имам уште нешто изгледано, само немам ни збор напишано за нив.
Инаку некст тинг фор вочинг, назад во Холивуд, со филм на Спилберг номиниран за Оскар, кој не знам како ама само 4 на летербокс го имате гледано (барем од тие што ги имам јас). Знам дека тогаш кога го гледав ептен многу ми се свиѓаше, ми беше личен frontruнner таа година за освојување, ама таа година цел Холивуд беше расположен на хипстерско давање награди, на неми филмови во 21 век.
Како и да е, следен филм за гледање War Horse!!!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.626
Поени од реакции
9.819
Како е сега правилото за да се вратиш, било кој негледан да изгледаш или мора еден од последните три? Или сите три последни треба... :icon_mrgr:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Како е сега правилото за да се вратиш, било кој негледан да изгледаш или мора еден од последните три? Или сите три последни треба... :icon_mrgr:
За да предлагаш три од последените десет, ама за посигурна информација нека се врати our supreme leader, па ќе ни каже за сигурно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom