Marshland
Потсетуваше на првата сезона на True Detective и тоа страшно многу. Од кадри, дијалози, музика, атмосфера... Не дека не потсеќа и на други детективски филмови кога е во прашање приказната. Беше како склоп од повеќе холивудски па и европски филмови. Иако нималку не се слични, ме потсети на
De behandeling, предлог во клубов.
Не понуди ништо ново и невидено за мене, можеби и поради фактот дека имам изгледано доста детективски филмови па можев да заприметам на кај ќе тера иако имаше некои интересни твистови кои ме замислија и ми ја зголемија љубопитноста. Баш поради тоа и кинематографијата можам да кажам дека уживав во него. После ова, следна етапа ќе ми биде гледање на латино трилери од оние многуте што ги имате предложено.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
А, да, ќе заборавев. Треба и да се читне малку за бурната историја на Шпанија, граѓанската војна, нацистите и white terror за да се пополнат оние делови на слагалицата кои фалат. Обично Шпанија малку се спомнува кога е во прашање WW2, па знаењето за нивната историја ми е оскудно и избледено. Но, тоа е друга тема.
Поради тоа што имаше одлични кадри, атмосфера и прилично добра приказна, а од друга страна му фалеа инвентивност, динамика и уникатност, добива една добра
7 од мене.
Збор, два за минатите предлози.
Love in the afternoon
Океј филмче кое ќе успее да те релаксира, поготово кога ќе го гледаш после шпанскиов. Ќе ти го прикаже одлично начинот на машко-женските односи некогаш, за да можеш да направиш компарација со денешниве. Но, му фалеше некоја длабочина за да биде нешто повеќе. Мислам дека ова е прв пат да ја гледам Audrey Hepburn (срам да ми е). Пладневно расположение и црно бел филм, па нема да бидам строг и ќе му дадам
7.
Detour
Го гледав уште кога беше предложен, но не најдов време да седнам и да напишам нешто за него. Можеби затоа што не ме импресионираше никако. А сум знаел да бендисам ноари, но ете, овој не ми легна. Можеби поради прекраткото траење па некако ми беше како на претрчување, можеби поради линеарната структура.. Мунгусот има една добра реченица напишано: "За мене ноар треба да има гангстери и приватни детективи, се останато ми е драма/мелодрама."
Дефинитивно го нема поминато тестот на времето, па ни од мене нема да добие пролазна оцена,
5