Па што знам еве прошлото лето на ЕУРО У21 играа: Донарума, Калабрија, Ругани, Бернардески, Конти, Гаљардини, Калдара, Киеза, Локатели. Стигнаа до полуфинале од кадешто испаднаа од Шпанија, јебига прејаки беа шпанциве.
Сеа ќе речите дека еве еден Ругани и Бернардески немаат фатено прв тим во Јуве, али конкуренцијата таму е преголема, едноставно пре-го-ле-ма. Инаку сите останати играчи играат редовно во нивните тимови.
Јас ќе повторам, талентите им се тука, али ептен битен фактор е тоа со какви луѓе работат во клубовите и репрезентацијата. За Италија се објаснив со Сенилниот и Манчини на чело.
Ај еве да се свртам на Милан, во брзо време ако не се крене клубот како во старите денови, талентите како Донарума, Локатели, Кутроне никогаш АМА НИКОГАШ нема да го достигнат својот зенит, дека пред се тие треба да учат и од поискусните играчи, а во случај ако продолжи да стагнира клубот децава ќе треба да бараат нова средина каде ќе треба пак да почнуваат од 0 со прилагодување на нова средина, и фаќање место у прв тим. Или пак Интер ќе го спомнам, 1000 години немаат извадено талент, а децана нивни им освоија младинска ЛШ... поим за мртов клуб.
Позитивен пример е Фиорентина... еве ќе речите дека едвај припарува клубот за место во ЛЕ, али Бернардески убаво го разви, а на добар пат е тоа да го стори и со Киеза, еве дури и Симеоне кој не е жабар убаво се прилагоди и растура во нападот. Проблемот кај нив е само што неможат да ги задржат играчите.
За Шпанија пример е сувишно да се збори, тие си имаат втори клубови кои играат во втората лига, и нормално е дека ќе се развиваат подобро децата.