Темава се напуни бљувотини.
Ја одамна се откажав од некакво разумно дебатирање со јувенташиве тука, затоа не ни очекувам да кажат У НАЈМАЛА РАКА дека судењево било контроверзно, а не па у нивна полза години наназад. Затоа не ни влегов во некоја интензивна дебата, бидејќи едноставно нема поента.
Она што е факт е дека имаше втор жут од Пјанич, и самото недавање на истиот беше огромен ветар у грб на јувентус, сакале вие да признаете или не. Можете да тупите до задутре за сечено-лепено-монтирано муабети на орсато, или како судијата досудувал некои смешни ситуации на средина од терен во полза на Јуве/Интер, кои имаат минорно или никакво значење врз текот на мечот, но факт е дека едноставно мораше да му даде црвен картон на Пјанич. Како ќе се одвиваше мечот доколку јувентус останеше со играч мање? Верувам дека епилогот ќе беше различен на крајот.
Ко што пишав пред дербито, КЛУЧНО беше да се одвива колово во фер и најдобар ред. Но, ете, и тоа се деси. Опет контроверзни одлуки, опет у полза на јувентус. Опет у клучен дел од сезоната.
После некој месец или година ќе зборите "лигата се игра 38 кола, а не 4 или 5", што у суштина е точно, ама фактички и не е баш така. Да, ама и сами сте свесни у каква психолошка предност е Јувентус моментално и у пресрет на наредните кола, и колку ќе беше потензично и покрај поразот на Наполи, доколку завршеше макар и нерешено, иако сум убеден дека немаше да дојде до целосен пресврт при ситуација 10-10 на терен. У најмала рака победија еден нефер натпревар од судиски аспект и добија ЕВИДЕНТЕН и game-changing ветар у грб.
Изјавата на Орсато за наводното компензирање е смешно, да не речам дебилно и додава масло на огнот. Контроверзи на секој чекор братан.
И повторно по којзнае кој пат истата заслепеност на јувенташите, истите "фори" и вадења, иако реално да збориме и од другата страна има апла хардкор муабети, но генерално тоа се форумски испрдоци. Ама во континуитет, на "истакнатите" јувенташи овдека очигледно им фали грам искреност и објективност. А пред само една недела на другите теми (пред се онаа за ЛШ, и тука исто така) пцуеја се и сешто на енглезот, правеа милијарда конструкции и се фаќаа за најмалите сомнежи за евентуални конспирации и фаворизирање на Реал Мадрид. Лицемерно, во најмала рака. Но јас се навикнав на ова, затоа и се дистанцирав од фудбалска дебата со фанови на јувентус, доста од нив почитувам ко ликови и членови овде, но на оваа тема и теми поврзани со фудбал (дури и надвор од форумот луѓе што ги познавам, другари и сл), они се едни од најчудните типови луѓе што постојат на планетата земја и се понашаат ко вмровски административен "сендвич активист" спремни да идат скроз сами против себе и своите убедувања за својот јувентус. Пробав да им го објаснам ова у многу наврати, ама џабе, не прифаќаат.
Да не зборам колку фактот што "нивниот" Јувентус доминира еве веќе 7ма година, им го крена егото до плафон, и често пати суптилно ќе се повикаат на смешен контра-аргумент од типот, парафразирам - "хехехехехехе, ве пецка што 7 години сме шампиони", или "кој си ти бе? мојот клуб е се и сешто у италија, ќути ајде и гледај си го твојот клуб у ЛЕ" и слични глупости.
Нема резон веќе, и не сте ми јасни зашто се замарате да им докажувате, кога нема разбирачка...