Не на Русија, туку на било кој што му е идејата да ја растура Европа, Балканот му е број 1. Ако било кога Европа се распадне, поточно ЕУ, распадот ќе почне од тука. И Русија тоа добро го знае. Да не зборам за историски што ги помагала балканските народи во борбата против османлиите во Прва балканска, па во ослободувањето на Белград, наоружувањето на партизаните...далеку е од ова што го зборуваш. После Тито, 49-та и Хоџа покасно, Русија на Балканот ја има само во окупирана Бугарија и врската со Грција, која е традиционална повеќе поради црквите, но и грчката држава е формирана со руски амин како контратег на Турција.
Јенките ова добро го знаат и затоа има да го ситнат Балканот до бескрај.
Па незнам баш дали е така, нити ние ниту срби или бугари имаат нешо арно од мајка русија.
Ова што го збориш за вооружување не ќе да е баш така ако малку од малку ја познаваш историјата, освен неколку изолирани случаеви нема допринесено баш многу, ако збориш за ослободувањето на белград во 2 светска тоа го имаат направено партизаните, како и на цела територија на тогашна југославија.
Светските и балканските војни овде само буцкале за да им го ситнат фронтот на другите учесници, на нас и на др источно европски земји поише лошо отколку добро ни имаат напраено.
Се додека турците и европјаните овде си имале проблеми нив никој не ги чепкал.
Слаба и трула е русија колку сакаш величај ја, трул народ скапан како и балканскиов, само со една разлика ние култоролошки сме поблиску до западон отколку со истокон, освен можеби заедничко потекло вера и писмо ништо друго не не врзува со таа русија, што во денешно време е ептен малку дури и безначително.
од сите што ги познавам а се имаат иселено од мк или балканов ( многу ги има ) само двајца знам што живеат во русија и тоа едниот е на крим а другиот е во москва.
Епа види сега ти кој ни е поблизок.
А за растурањето на европа од овде да сосема си во право, ако таа курва европа набрзо не ги бутне македонија, србија, босна во унијата ќе наебе како никогаш досега.
Мислам дека веќе многу струи во европа тоа го сфаќаат и веќе се покренуваат чекори кон интеграција.
И европа не е сјајна, ама каде каде е подобра од русија, само што гледам дека на македонецот веќе му е скурчено да чека, еве кога бев последниот пат, правам муабет со другар. Ми вика имам 38 години немам ништо свое цел живот работам за ситниш станот од моите, кола стара 20 години, сакам да бегам од тука.
Замисли фамилијарен човек со три деца. Ќе остави се ( а реално нема ништо ) и ќе оди да започне нов живот, про руски расположен што да ти кажам дома на ѕид слика од путин.
Кога го прашав каде мисли да заминува рече дека сакал на северот од франција да се сели. Таму имал некоја балдска која што со години живеела па да си ја пробал среќата.
Отепано е веќе македончето, кој како дојде само нови даноци и давачки му става и граба се од сиромаштија та вмро та сдсм.