Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
И као демек и ние ако сакаме да станеме ЕУ членки треба да играме како што тие ќе ни свират?
Па ние скоро 30 години го играме нивното оро и еве до каде догуравме.
Подобро речи оти ние како држава немаме таква геополитичка тежина како Бугарија и Грција и затоа не сме членки на ЕУ и НАТО. Нашето умилкување нема да не внесе таму со сигурност. Условите за членство се јасни и ни беа потврдени од највисоките инстанци на овие организации милион пати до сега. Без решение на спорот со името ние не стануваме членки на НАТО и ЕУ.

Ако се вратиме назад низ нашата кратка историја на умилкувања на релација со Западот, нив ги има еден куп. 1999 дозволивме прелет на НАТО авиони кога тогаш НАТО ја бомбандираше тогашна СРЈ. Довлечкавме еден куп Косовари, бегалци во услови кога ние немавме леб да јадеме за нас, а ги прибравме нив, како знак на добра воља. Дури бевме обвинети за нехуман третман и нехумани услови за бегалците тогаш од Западот. 2001 ни подвалија конфликт кој де факто не осакати за навек и не претвори во полу држава со тој рамковниот договор. Испраќаме контингенти во НАТО мисиите од војната во Авганистан и сме прва земја по број на испратени војници по глава на жител, после САД и УК. На калето во Скопје дозволивме изградба на амбасада на САД која е најголема на Балканот и тоа на подрачје кое е археолошки локалитет, заштитена зона, за време на бегалската криза пред некоја година потрошивме еден куп пари...и повторно се на крајот се сведува на решение на спорот со името. Каков бенефит ние како држава видовме од овие потези до сега?

Ние што и да направиме, нашата геостратешка важност е таа. Ние не можеме да се споредуваме со Грција и со Бугарија по тој основ. Па Бугарите низ целата нивна историја кокетираат со Западот и Истокот. Дали некој нив може да ги нарече верни сојузници и луѓе од збор?
Црногорците беа до вчера Руско дувло а денес се членки на НАТО, преку ноќ. Имаа добра стратешка позиција. Во интерес на НАТО им беше да го затворат во целост потегот на Јадранското крајбрежје со свои земји членки и го направија тоа. Црна Гора, држава колку Скопје по број на жители, супер сила.

Така ќе биде и со нас. Ние дали сме се умилкувале или не, ако е од интерес на НАТО и ЕУ утре да станеме членки тоа ќе се случи.

А тоа дека наш интерес се НАТО и ЕУ се согласувам. Да се разбереме, јас не сум русофил. Ако треба да се бира меѓу ЕУ и Русија сигурно би ја одбрале ЕУ.
Јас само велам дека ако нема потреба од растурање на односите со Русија, ако е возможно тоа да се избегне, треба да се оди на таа варијанта. А не веднаш со избрзани одлуки, па ембарга како што предлага членот на кој што му реплицирав. Тоа нема логика.

Уште една работа која зборува колку несериозна држава сме ние. Еве сега, оваа власт се декларира како прозападна, океј. Утре доаѓа некој нов Грујо и вели нас од сега па натаму Русија и Кина ќе ни бидат стратешки партнери, што е нонсенс. Муабетот ми е дека ние немаме една универзална надворешна политика која ќе ја следат сите влади кои ќе доаѓаат. Апропо на сето ова, одлуката за протерување на рускиот дипломат и да е добар потег, што фајде од неа ако утре дојде некој и рече: од сега водиме проруска политика.

Многу голем пост си изнапишал, многу точни работи само ќе ти кажам дека во мене си претставил и некој замислен лик кој има спротивно мислење од тебе. Еден е муабетот а ти ко да си створи замислен непријател и ај сеа „ќе си изнакажам 300 работи“, колку да пишам што мислам.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Киро Глигоров каков и да бил беше искусен волк. 98 година буквално плачеше во собрание го караше на Тупурко будалата, млади сте немојте, правите голема грешка што го признавате Тајван. Пред тоа Македонија и Словенија добија зелено светло од ЕУ први да си направат држави. Македонија беше број еден земја во регионот во сите погледи. Тој погрешен чекор во 98 година придонесе да си отиде унпрофор од границите, после следуваше војна, после следуваше рамковен за на крај законот за јазици. Во меѓувреме Македонија економски се девастира и стана вукојебина. Закчлучок: Еден погрешен потег може да те чини 100 години распад систем. Бај д веј Кина како светска сила заедно со Русија не признаа меѓу првите како самостојна држава.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Многу голем пост си изнапишал, многу точни работи само ќе ти кажам дека во мене си претставил и некој замислен лик кој има спротивно мислење од тебе. Еден е муабетот а ти ко да си створи замислен непријател и ај сеа „ќе си изнакажам 300 работи“, колку да пишам што мислам.
Се извинувам ако звучам нападно, не ми беше целата тоа. Не тврдам ни дека сум во право или дека ти грешиш. Правиме муабет едноставно, ги соочуваме ставовите. Предходно се почувствував недоискажан, затоа толку долг пост. Не ме сфаќај погрешно
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.177
Поени од реакции
16.311
пред малку имаше некоја реприза на КОД, за случката СОПОТ... значи невиден дилентантизам на сдсм и сјо, наместо да не чачкаат, само помилувај ги луѓето и спогоди се, сега се извадија сите гомнарии на сдсм, на Хари, на Веруш а и цела нивна гарнитура. Дури се открива дека имало истра га И на военото разузнавање а и на НАТО, со други осомничени :mad:
на 2 осомничени по кој НЕ се поведе истрага дури им е заштитен идентитетот како државна тајна уште од 2003 !!!! АЛО, докога мислите на овој народ да му праите фук ин браин..
Ама се јави и полска амбасада , говната ќе испливаат...
сега и омбдусманот ќе им го плесне, има и тој предмет за Сопот
 
И

Име И Презиме

Гостин

Има некој што ја верува глупевска?
Само билда гледаност....
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Многу голем пост си изнапишал, многу точни работи само ќе ти кажам дека во мене си претставил и некој замислен лик кој има спротивно мислење од тебе. Еден е муабетот а ти ко да си створи замислен непријател и ај сеа „ќе си изнакажам 300 работи“, колку да пишам што мислам.
Не рaзбирaм штo ви е пoентaвa? Тaкa и кoгa се плукa пo Зaев веднaш се префрлa тoпкaтa штo прaвел Груевски.Ни ти,ни јaс нити пaк некoј тукa тoлку рaзбирa или знaе кoј и мисли дoбрo a кoј не нa Мaкедoнијa.Чинoт сo прoтерувaње Руски диплoмaт зa ич ништo е преседaн.Штo е битнo дaли,кoгa и кaкo ни пoмoгнaлa Русијa?
 
JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Македонија е независна колку што се независни невладините организации кај нас.
Уса овде одавно ја контролира државава и преку нашите брача кои им служат како заморчиња ја креираат нашата политика. Не ни треба нас пат кон ЕУ и Нато да идеме, пошо патот веќе е нацртан, а не верувам дека тој пат е Еу или Нато. Кога после долговите кои ги имаше Грчка не ја притиснаа да се реши името, него ја потапшаа по раме неможе да се очекува дека сега тоа ќе го направат.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Штo е битнo дaли,кoгa и кaкo ни пoмoгнaлa Русијa?
Не е баш небитно. Ама глуп е чинот, посебно ако ние први го повлекуваме потегот.

Сте го забораиле потезот со враќањето на акредитивите на нашиот пилиштар од амбасадор што паторот го прати таму. Ама тоа беше, според мене, со најдобра намера, затоа што копукот имаше сиви со кое не би го примиле да растовара пакети на пазар, а не да претставува држава во таква сериозна светска сила. Пак ќе повторам, они имаат многу сериозна дипломатска администрација и ќе не стртат у прва прилика, само чекајте.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Не е баш небитно. Ама глуп е чинот, посебно ако ние први го повлекуваме потегот.

Сте го забораиле потезот со враќањето на акредитивите на нашиот пилиштар од амбасадор што паторот го прати таму. Ама тоа беше, според мене, со најдобра намера, затоа што копукот имаше сиви со кое не би го примиле да растовара пакети на пазар, а не да претставува држава во таква сериозна светска сила. Пак ќе повторам, они имаат многу сериозна дипломатска администрација и ќе не стртат у прва прилика, само чекајте.
Сaкaв дa кaжaм мнoгу држaви не ни пoмoгнaле и рaди тoa сигурнo немa дa ги бркaме диплoмaтите oд тие држaви.Вaљдa
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Сaкaв дa кaжaм мнoгу држaви не ни пoмoгнaле и рaди тoa сигурнo немa дa ги бркaме диплoмaтите oд тие држaви.Вaљдa
Да, ама и многу држави наши сограѓани не ги гледаат како „месијата“ Русија. Не се сеќавам некој дека се крсти во братска Шведска (освен да спичи таму засекогаш и тоа со бугарски пасош као лансот на пример).
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
jok. jas sum od makedonija. roden vo makedonija, drzavjanin na makedonija duri i na glasacki spisok vo makedonija (ova so godini probuvam da go smenam ama botovite u dik gi mrzi)... jas za razlika od tebe mozam kade sakam da ziveam i sum odbral toa da e australia momentalno, utre moze da bide makedonija ili tunguzija toa si e moe pravo. ti kaj zivees si e tvoe pravo isto i dali ke lizes necije dupe.

pozz
Okej znaeme ti duri i na Mesecinata mozes da si kupis parce zemja (imot) da izgradis hacienda i srekno da si zivees :)
A za toa dupelizenje ... jas drugar i za vreme na prethodnata vlast koja traese 11 godini imav pretezno kriticki stav, se sekavam deka imav kriticki stav i protiv onaa vlada na SDSM 2002-2006, da imam pretezno kriticki stav i protiv novava vlada na SDSM sto ne vodi veke cela godina, znaes koe e moeto mislenje za ovaa segasna vlada deka e vlada koja na se lici samo na reformska vlada ic ne lici, no sepak bi bilo ogromen uspeh ako ovoj Zajko ne vnese barem vo NATO !
pozz
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
И као демек и ние ако сакаме да станеме ЕУ членки треба да играме како што тие ќе ни свират?
Па ние скоро 30 години го играме нивното оро и еве до каде догуравме.
Подобро речи оти ние како држава немаме таква геополитичка тежина како Бугарија и Грција и затоа не сме членки на ЕУ и НАТО. Нашето умилкување нема да не внесе таму со сигурност. Условите за членство се јасни и ни беа потврдени од највисоките инстанци на овие организации милион пати до сега. Без решение на спорот со името ние не стануваме членки на НАТО и ЕУ.

Ако се вратиме назад низ нашата кратка историја на умилкувања на релација со Западот, нив ги има еден куп. 1999 дозволивме прелет на НАТО авиони кога тогаш НАТО ја бомбандираше тогашна СРЈ. Довлечкавме еден куп Косовари, бегалци во услови кога ние немавме леб да јадеме за нас, а ги прибравме нив, како знак на добра воља. Дури бевме обвинети за нехуман третман и нехумани услови за бегалците тогаш од Западот. 2001 ни подвалија конфликт кој де факто не осакати за навек и не претвори во полу држава со тој рамковниот договор. Испраќаме контингенти во НАТО мисиите од војната во Авганистан и сме прва земја по број на испратени војници по глава на жител, после САД и УК. На калето во Скопје дозволивме изградба на амбасада на САД која е најголема на Балканот и тоа на подрачје кое е археолошки локалитет, заштитена зона, за време на бегалската криза пред некоја година потрошивме еден куп пари...и повторно се на крајот се сведува на решение на спорот со името. Каков бенефит ние како држава видовме од овие потези до сега?

Ние што и да направиме, нашата геостратешка важност е таа. Ние не можеме да се споредуваме со Грција и со Бугарија по тој основ. Па Бугарите низ целата нивна историја кокетираат со Западот и Истокот. Дали некој нив може да ги нарече верни сојузници и луѓе од збор?
Црногорците беа до вчера Руско дувло а денес се членки на НАТО, преку ноќ. Имаа добра стратешка позиција. Во интерес на НАТО им беше да го затворат во целост потегот на Јадранското крајбрежје со свои земји членки и го направија тоа. Црна Гора, држава колку Скопје по број на жители, супер сила.

Така ќе биде и со нас. Ние дали сме се умилкувале или не, ако е од интерес на НАТО и ЕУ утре да станеме членки тоа ќе се случи.

А тоа дека наш интерес се НАТО и ЕУ се согласувам. Да се разбереме, јас не сум русофил. Ако треба да се бира меѓу ЕУ и Русија сигурно би ја одбрале ЕУ.
Јас само велам дека ако нема потреба од растурање на односите со Русија, ако е возможно тоа да се избегне, треба да се оди на таа варијанта. А не веднаш со избрзани одлуки, па ембарга како што предлага членот на кој што му реплицирав. Тоа нема логика.

Уште една работа која зборува колку несериозна држава сме ние. Еве сега, оваа власт се декларира како прозападна, океј. Утре доаѓа некој нов Грујо и вели нас од сега па натаму Русија и Кина ќе ни бидат стратешки партнери, што е нонсенс. Муабетот ми е дека ние немаме една универзална надворешна политика која ќе ја следат сите влади кои ќе доаѓаат. Апропо на сето ова, одлуката за протерување на рускиот дипломат и да е добар потег, што фајде од неа ако утре дојде некој и рече: од сега водиме проруска политика.
Во главно добри работи пишуваш, ама ова ферманиве верувај никој не ти ги чита.

Скрати малце бе, секој пост ти е како докторска дисертација.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.468
Поени од реакции
24.695
Okej znaeme ti duri i na Mesecinata mozes da si kupis parce zemja (imot) da izgradis hacienda i srekno da si zivees :)
A za toa dupelizenje ... jas drugar i za vreme na prethodnata vlast koja traese 11 godini imav pretezno kriticki stav, se sekavam deka imav kriticki stav i protiv onaa vlada na SDSM 2002-2006, da imam pretezno kriticki stav i protiv novava vlada na SDSM sto ne vodi veke cela godina, znaes koe e moeto mislenje za ovaa segasna vlada deka e vlada koja na se lici samo na reformska vlada ic ne lici, no sepak bi bilo ogromen uspeh ako ovoj Zajko ne vnese barem vo NATO !
pozz

sigurno ke ne vnesi ama ne kako makedonija i makedonci i najerojatno dvojazicni... so takvo vitkanje kicma bilo koj moze da ne vnesi u nato.

nego daj kazi sto potoa?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom