Ти текнува ко мали кога не' учеа, во прашање ти е пола одговор. Тебе во прашање ти е цел одговор, ти болдирав за да ти биде полесно.
Во врска со втората и третата реченица, не се слагам, затоа што според мене наш интерес се ЕУ и НАТО и поддржување на нивна политика е она што треба да го правиме доколку сакаме и се стремиме кон влез во Унијата и да станеме рамноправна членка во истите организации.
Доколку сакаме да бидеме Јужна Осетија, ондак може и војна да им објавиме на НАТО.
И као демек и ние ако сакаме да станеме ЕУ членки треба да играме како што тие ќе ни свират?
Па ние скоро 30 години го играме нивното оро и еве до каде догуравме.
Подобро речи оти ние како држава немаме таква геополитичка тежина како Бугарија и Грција и затоа не сме членки на ЕУ и НАТО. Нашето умилкување нема да не внесе таму со сигурност. Условите за членство се јасни и ни беа потврдени од највисоките инстанци на овие организации милион пати до сега. Без решение на спорот со името ние не стануваме членки на НАТО и ЕУ.
Ако се вратиме назад низ нашата кратка историја на умилкувања на релација со Западот, нив ги има еден куп. 1999 дозволивме прелет на НАТО авиони кога тогаш НАТО ја бомбандираше тогашна СРЈ. Довлечкавме еден куп Косовари, бегалци во услови кога ние немавме леб да јадеме за нас, а ги прибравме нив, како знак на добра воља. Дури бевме обвинети за нехуман третман и нехумани услови за бегалците тогаш од Западот. 2001 ни подвалија конфликт кој де факто не осакати за навек и не претвори во полу држава со тој рамковниот договор. Испраќаме контингенти во НАТО мисиите од војната во Авганистан и сме прва земја по број на испратени војници по глава на жител, после САД и УК. На калето во Скопје дозволивме изградба на амбасада на САД која е најголема на Балканот и тоа на подрачје кое е археолошки локалитет, заштитена зона, за време на бегалската криза пред некоја година потрошивме еден куп пари...и повторно се на крајот се сведува на решение на спорот со името. Каков бенефит ние како држава видовме од овие потези до сега?
Ние што и да направиме, нашата геостратешка важност е таа. Ние не можеме да се споредуваме со Грција и со Бугарија по тој основ. Па Бугарите низ целата нивна историја кокетираат со Западот и Истокот. Дали некој нив може да ги нарече верни сојузници и луѓе од збор?
Црногорците беа до вчера Руско дувло а денес се членки на НАТО, преку ноќ. Имаа добра стратешка позиција. Во интерес на НАТО им беше да го затворат во целост потегот на Јадранското крајбрежје со свои земји членки и го направија тоа. Црна Гора, држава колку Скопје по број на жители, супер сила.
Така ќе биде и со нас. Ние дали сме се умилкувале или не, ако е од интерес на НАТО и ЕУ утре да станеме членки тоа ќе се случи.
А тоа дека наш интерес се НАТО и ЕУ се согласувам. Да се разбереме, јас не сум русофил. Ако треба да се бира меѓу ЕУ и Русија сигурно би ја одбрале ЕУ.
Јас само велам дека ако нема потреба од растурање на односите со Русија, ако е возможно тоа да се избегне, треба да се оди на таа варијанта. А не веднаш со избрзани одлуки, па ембарга како што предлага членот на кој што му реплицирав. Тоа нема логика.
Уште една работа која зборува колку несериозна држава сме ние. Еве сега, оваа власт се декларира како прозападна, океј. Утре доаѓа некој нов Грујо и вели нас од сега па натаму Русија и Кина ќе ни бидат стратешки партнери, што е нонсенс. Муабетот ми е дека ние немаме една универзална надворешна политика која ќе ја следат сите влади кои ќе доаѓаат. Апропо на сето ова, одлуката за протерување на рускиот дипломат и да е добар потег, што фајде од неа ако утре дојде некој и рече: од сега водиме проруска политика.