Во принцип не се курчам пред утакмици, уште помалку пред дерби, па и гостинско, па и со Јунајтед АМА, со ваква млитава игра, вашата средина треба да изигра вонсериска утакмица, да би парирала на средината на Ливерпул. Тргни имиња на страна, прајс тегс и очекувања, јас да сум Клоп би излегол со Хендо, Џини и Емре, има да ги натрчаат Матич и Погба, во зуби ќе ги стават, пола топка нема да освојат. Ова дерби, се' е на страна на Ливерпул освен тоа што Јунајтед ќе игра на домашен, па ќе има поддршка од публика. Дерби е, се' може да биде, тоа е факт ама според мене (можеби е субјективно, не велам не) се влече на страна на Ливерпул.
Првата утакмица, кога игравме дома ја глеавме у Сараево со друштво и баш пред утакмица а и по пат, потпишував за нерешено зошто формата на Ливерпул беше очај, срам и беда. Нит игра, апсолутно ништо не се играше. Сега е сосема друга ситуација.
Ќе ми реплицира некој хардокраш со „абе Мурињо е ова, ќе направи тактика“ ама ни Муки не е тоа што беше пред 3-4 години.