За утре Лацио-Јувентус 2 @2.28 коефициент.
Лацио сврза некоја победа после кризата но против особено слаби противници. Сасуоло и Верона кои што се печени за Серија Б и оние во Лига Европа кои што се на ниво дури и под Серија Б. Имаа исцрпувачки меч во средата, 120 минути+пенали против Милан во купот, згора на се и испаднаа. Вистина е дека два пати ги добија Јувентус во меѓусебните дуели сезонава, ама утре очекувам да не се повтори тоа. Јувентус од друга страна секако не е сјаен, ама една работа што Наполи игра после нив против Рома утре, па мора да извршат притисок и секако друга работа што било каков кикс едно 90% му ја дава титулата на Наполи, нешто што не верувам дека ќе се случи барем не во наредните 3-4 кола.