Јас уште тогаш кажав во фан клубот дека ми е криво само за цената а не и за играчот. Не ми беше криво за играчот не дека е дрво и како такво успеале да го продадат негде, туку затоа што во неколку наврати направи раздор во екипата вклучувајќи го и финалето.
Втора работа е што Милан не ги прееба Јуве, у стил дека им го украле, затоа што Бонучи имаше, ако не се лажам, уште 3-4 години договор, туку Јуве му излезе во пресрет на Бонучи и го продаде во Италија по негова желба. Значи можеле да го остават 4 години на трибини штом виделе дека би го опструирал трансферот во странство за поголеми пари од споменатите 40 милиони. Неговата голема плата немала да биде проблем затоа што и Амаури и Јакинта исто така ги цицаа до крај на договорите со солени плати.
Е сега за неуспесите со Бонучи во екипата, јас нив ги спомнав чисто како паралела на мислењата на миланезите дека ако Јуве сега испадне од Тотенхем, тоа ќе било доказ дека сме изгубиле со заминувањето на Бонучи. Јас само пишав дека со него во тимот сме имале и поголеми катаклизми од испаѓање во 1/8 финале ЛШ и неосвојување на Серија А.