Ја најискрено немам коментар за ова теле. Имаше катастрофален АО, дно допре, па во Дејвис купот ги тепаше Де Минаур (едвај 3-2) и Киргиос кого го прегази со 3-0. Под итно му беше потребен добар резултат на некој турнир. Епа ако не го тепаш Сепи кого ќе тепаш, Федерер? Надал? Да ти ебам тоа тенџерето од играч, 5-6 гемови погледав вчера и мислам дека подобро ќе беше да блеам во бел ѕид отколку да ја гледам таа срамота. Не може два удари да врзе, мизерија.
За денес Кербер, Халеп, Возниацки и Рублев.
Кербер игра со Конта која е во многу лоша форма. Вчера имаше среќа што беше повредена Суарез Наваро и не можеше да се движи убаво. Многу греши Јохана, по 5-6 дупли во просек прави, а Кербер е можеби најдобриот дефанзивец во светот така да не гледам како ќе победи денес, едино Кербер да искочи во некое ланско издание што не ми се верува со оглед на тоа дека прејако игра сезонава. Башка спора е подлогата чисто да напоменам.
Халеп има 3424234234234234234-1 со Севастова, и тоа тој пораз пред 7 години се случил, кога Халеп не беше ова што е денес. Лани 3 пати ја доби, 3 пати со 2-0. Нема Севастова решение за неа, ова е можеби најдобриот меч ап за Халеп на турот.
Возниацки со Никулеску, мислам дека не треба да трошам зборови за мечов.
Рублев е многу лош меч ап за Дамир, им ги гледав сите три меѓусебни дуели, едноставно на Дамир не му лежат играчи со разорен форхенд, односно играчи кои не може да ги смара со неговиот атипичен стил на игра. Башка вреди да се напомене дека Дамир не е баш во форма, плус раскина со девојка му и малце ко да е залутан во последно време.
Среќно ако прати некој, ако не среќно само на мене.