@Џони Вајсмилер, пријателе, дали знаеш колку е 90% шанси? Тоа значи дека Јуве треба да го згази Тотенхем со 3-4 гола разлика, за да се остварат твоите 90% кои ги даваш, а да не пројде со судни маки и да ми солиш памет овде како си бил во право.
Друга работа, човек да те чита ќе помисли ни еден тим во Англија нема добри БЕКОЈ. Дејвис и Трипие се повеќе од солидни сезонава, не за џабе се прв избор пред Орие и Роуз. Во одбрана се одлични, штета што им фали Алдервилд, одлични се со Вертонген и Даер (вака ја почнаа сезоната до повредата на Алдервилд, со тројца позади). Средината им е исто одлична, Дембеле, Даер, Ериксен и Али би требало да стартуваат цврста компактна средина и секој еден од нив е одлично технички поткован. Навистина Али е во катастрофа форма сезонава, ама не претерувај оти Тотенхем ќе играл со играч помалце.
Тотенхем е одлична екипа, тактички одлично подготвена (иако ги мразам од дното на душата
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
) и на Јуве нема да му е лесно. И јас типувам Јувентус дека ќе пројде понатаму, ама двомечот ќе биде многу тесен и сигурно дека Јувентус нема 90% шанси за пролаз понатаму.