Toр ми беше многу како Гарданс оф д Галакси, али ОК, забавен беше. На Тор му простувам, еден од ретките суперхерои што не ме нервира. Јасно ми стана зашто е таков филмот коа дознав кој е режисер.
Дедис Хоум двојката е очекувано глупичок, али не као Хаус. Чекам Вил Ферел коа пак ќе напраи пак добра комедија. Али изглеа нема да дочекам.
Креш Пад не беше лоша комедија.
[DOUBLEPOST=1518298935][/DOUBLEPOST]Колку што јас добро се сеќавам во Убиство во Ориент Експрес од Агата Кристи имаше
еден убиец, а не 12, и колку што ме држи сеќавањето, тоа беше некоја слугинка, или дадилка, а не 12 луѓе, иако и таму сите имаа свои мотиви.
Е сега не знам, пред сто години беше романот, многу малку се сеќавам, ама знам дека откако го прочитав бев со израз на воодушевување на лицето. По филмов бев со what the fuck was this израз на лицето.
Кенет Брана успеа да му го сруши угледот на еден Херкул Поаро.
Смешки![DOUBLEPOST=1518299520][/DOUBLEPOST]Сепак, изгледа лошо ме држи сеќавањето. Игнорирајте го тоа од погоре.
...ама сепак филмот не ми се допадна.[DOUBLEPOST=1518299630][/DOUBLEPOST]
Да, да, видов сега, го отворив романот пак, прочитај погоре. Не памтам добро, пред 100 години беше тоа.
ја цело време зборам за филмот (стариот)
али и романот е ист
ја не сум го читал, али баш исто ко тебе, друштвово мое и филмот стар и романот го читале, а мислеа дека не е исто
(одамна било, да не се лажеме)
Можам да кажам дека стариот филм (кој беше подолг) повеќе ми се свиѓаше.
Јас го изгледав вечерва се спремав за рецензија али ќе ја затворам со финалната реченица од текстот кои планирав да го пишувам ''Ниту тој лош хипстерски брк не успеа да ја спаси целата ситуација од лоши хичкок-кадри,обид за уп-довн шотс,обид за интрига,изненадувачки елементи,обид за треперење кај гледачот,нервоза(нокти,уфо мисли низ вашата глава) помина времето на вакви twisting movies се што ни остана од тоа е Saw 19дел и Римејкови од 1686 година.''
И да ќе ги заборавев и оние филмови каде што секоје сабајле еден човек се буди во 09:37 и така поминува саат и десет минути од филмот се додека не се опамети дека треба да стане подобар човек wow so original.
На Воли да на мислиш? Шо доби оскар.[DOUBLEPOST=1518338683][/DOUBLEPOST]
Е ова само шо сакав и ја да го кажам.
Изглеа јако им е таму сеа, темата да биде со Денот на Мртвите (или како и да се вика тој морбиден празник).
Не беше само Денот на мртвите туку и таму имаше wanabe уметник, музичар, растргнат помеѓу она што му го вели срцето, и стегите во кои го оковала фамилијата. Ептен се слични, ептен!
Сега го изгледав Murder on the Orient Express. Џабе потрошено време. Уште од старт кога најавија дека ќе се снима, а режисер ќе биде Брана, очекував лајнарија. Со оглед на тоа што романот сум го читал пред 3-4 години, некои детали од приказната може сум ги заборавил, ама плот твистот знам дека беше ко во филмот зашто беше шокинг.
Се сеќавам очекував еден убиец, а испаднаа 12.
Како што кажав му влегов со никакви очекувања, а добив уште полош филинг од тоа што го очекував.
Проблемот не е толку во приказната, колку во лошиот кастинг и лошите карактеристики на ликовите.
Поаро е низок човек, дебелко, подвртени мустаќи нагоре. Ова што Брана го играше беше потполно обратно од она што треба да биде Поаро. Она вискање ко кобила, на Брана, колку што се сеќавам не е карактеристика на Поаро. Може зашто хумор и немаше во романот, а главни карактеристики беа изненадување и мистерија. Она лајно што Брана го носеше на устата нема никаква врска со мустаќи, а исто и лајнцето под устата што не личеше на ништо.
Речет (што го играше Деп), колку што ме држеше меморија беше старец. Го проверив и навистина е старец, а Деп не го ни карактерот на ликот од книгата.
Лоша глума од сите ликови, а за црнците на перон во Југославија, немам збор. Од ваквата адаптација Агата Кристи може само да се превртува во гроб, а следниот филм нема да го добие моето внимание, сигурно.
П.С. David Suchet си беше Поаро на место, а ако сакате да погледнете како треба да изгледа една филмувана верзија од книгите на Кристи, погледнете некоја епизода од серијата Поаро.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.