Која поделба умре? Потребен е пробивен играч кој ќе игра по десната страна, кој може да нафрли и да шутира на гол. Дали ќе го викаш десно крило, десен батак или десна патика малку важно.
Јас тврдам дека Алексис мора да игра таму, ќе му текне и на Мурињо дека вака нема да оди. За волја на вистината, на мечот со Хадерсфилд Алексис повеќе играше зад шпицот отколку лево, може полека полека да стигне и до десната страна.
Умре поделбата, лево, десно крило, па дури и класичните центарфори ќе ги снема за некое време!
Ќе ти биде некој како Кики или друга варијанта Варди центарфор.
Играта стана многу поподвижна и бара универзалност,на целиот тим.
Пеп не од каприз го избрка Харт, туку дека беше еднодимензионален!
Ќе потроши милијарда на одбрамбени играчи ама ќе направи флексибилна и одговорна задна линија. Кога ќе се отараси од Агуеро таков ќе му биде и нападот.
Тоа е моделот кон кој ќе се оди, сакале ние или не.
Кај нас , кај ќе игра Санчез мислам дека и Мурџо не знае ама ако се остане со оваа поставеност, ќе оди јабана или Марсијал или Лукаку.
Ако проба да ги игра тројцата, ќе останеме без организатор . Погба е неодговорен за таа улога.
А дека Санчез ќе го отера на десна страна, тешко! Ќе си остане он со фрирол.