http://vest.com.mk/?ItemID=E858298473938549A00AB91880E19BCE
СТРУМИЦА ПРЕПЛАВЕНА СО ГРАФИТИ
"Сакаме силна Беласица"
Тоа се графитите напишани по ѕидовите и по асфалтот на улиците во Струмица од страна на голем број љубители на струмичката гордост Беласица, која еве веќе пет фудбалски сезони се мачи во Втората фудбалска лига, а годинава бие битка и за гол второлигашки живот. Навивачката група "ајдуци" со огорченост зборува дека Струмица тоа не го заслужува. Дотолку повеќе, велат тие, што на Струмица од секогаш не им достасувале квалитетни фудбалери.
- Недозволиво е нашиот град, кој се смета за еден од поголемите фудбалски центри во републикава и со непресушен извор на млади фудбалски таленти, исклучиво поради крајно лоша организација, клубот да се најде пред вратата на третата фудбалска лига. Невозможно е се уште да се работи во вакви услови. Веднаш треба да се почне по потрага по трајно решение. Доколку сегашниот спонзор не е во состојба тоа да го направи, нека се обидат други да го стабилизираат и вратат стариот сјај на клубот - се вели во реакцијата на навивачката група "ајдуци".
(Љ.М.)