Тетекс фан ^
100% МАКЕДОНЕЦ
- Член од
- 24 јануари 2009
- Мислења
- 2.394
- Поени од реакции
- 881
Мислим се судевте нешто со тој Перо,го добивте спорот или??
Се одложи судењето ... Сигурно бутнал некоја „ситна“ пара во судот за да го одложат...Мислим се судевте нешто со тој Перо,го добивте спорот или??
Добро е... голем срам ќе биде ако се бориме за опстанок во 2 лига :wink:Две победи под ред на ФК Беласица..Последно коло игравме на домашен терен со Дрита и победивме 3-1 ( Стрелци:Лиманов,Тимов,Марков )..Следно коло со Охрид во гости..Екипата е на претпоследно место па да се надеваме на победа..Иначе нии моментално сме на 7 место..:helou:
НА НАТПРЕВАРОТ БЕЛАСИЦА - ВЛАЗРИМИ
Продадени само 7 влезници
Струмица.- Во неговата 88-годишна богата фудбалска историја (Беласица е формирана во 1922 година), очигледно е дека струмичкиот фудбал ги доживува најцрните фудбалски денови. А 30 април 2010 година ќе се памети како најпоразителен ден. За натпреварот меѓу Беласица и Влазрими, во рамките на втората фудбалска лига, беа продадени само 7 влезници. Дали градот под Царевите кули, за кој многупати е кажано дека е непресушен извор на млади фудбалски таленти и од каде што се произлезени мал милион фудбалери кои и во моментот играат надвор од Струмица и од Републиката, го заслужува тоа.
"Како што засега е организирана гордоста на Струмица - екипата на Беласица, најверојатно, ќе ги нема ни тие 7 најупорни", велат најстарите симпатизери на "кенгурите". Зачудува фактот што познатата навивачка група "Ајдуци", кои пишуваа по струмичките улици дека Струмица заслужува силна Беласица, пред 2-3 натпревари ги избркаа, и тие веќе не се присутни на стадионот Младост. На крајот да се вратиме малку и во историјата. Кога струмичките "сино-бели" во своите најдобри денови, кога со златни букви ја пишуваа својата историја, на натпреварите во некогашната единствена втора фудбалска лига на Југославија и кога се бореа за шампионската титула на Македонија ги бодреа 4-5.000 нивни приврзаници, а рекордот на стадионот Младост од 11.650 продадени влезници е поставен во 1986 година на натпреварот во рамките на 16-финалето на југословенскиот фудбалски клуб против загрепски Динамо.
Љ.М.
http://vest.com.mk/?ItemID=091EDCC1BA96D643B759A72D01BDF791
А у Македонски Спорт пишаше оти имало 200 гледачи... можда и имало.11 Струмички фудбалери на терен....7 влезници продадени.....КАТАСТРОФА е преблаг збор.
ah vie jakite so znaete samo kamenja da frlateВо недела се игра последното коло од Втората Фудбалска лига на Македонија. ФК Беласица на домашен терен игра со ФК Шкендија. Повик до сите навивачи и симпатизери на Беласица да дојдат во што поголем број и да покажеме дека Струмица живее за Беласица и да го поздравиме претседателот на клубот за се што „НАПРАВИ“ за гордоста на СТРУМИЦА. Исто така да ги поздравиме и фудбалерите кои и покрај крајно лошите услови останаа да помогнат на клубот да не одпадне од втората лига и да им ја упатиме следнава порака на сегашната управа на клубот : ОВА Е ПОЧЕТОК НА ВАШИОТ КРАЈ ! УПРАВА ОДИ СИ СТРУМИЦА САКА СИЛНА БЕЛАСИЦА !
Навивачки собир :
Локација: Пред штабот на навивачката група „АЈДУЦИ“
Време: 15:30ч
Прегледај го приврзокот 28498