Говорете македонски!

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Не ја гледам потребата за зборот уметница,не може да се користи во множина.
Имаме уметничка а и артистка мислам дека е литературно.
Да,некои го користат и зборот артистка,кој е исто така адаптација од странски јазик.И денес се применува за повеќе професии(за музичари,пејачи,актери,уметници,па дури понекогаш и за спортисти) што е олеснителна околност за секој кој треба да коментира за некоја значајна и позната личност.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Не ја гледам потребата за зборот уметница,не може да се користи во множина.
Имаме уметничка а и артистка мислам дека е литературно.
Правописно и двете со точни и литературни е сега најдобро би било зависно од контекстот да се употребуваат. Пази ситуација: уметничката (име презиме) отвори изложва во уметничката галерија ...

На фб во „пуздер“ групата најдов 14 дискусии на темава, секаде решението за женските професии зависно од ситуација се на -ка или -ица зависно од здравата логика на контекстот.
 
D

deli

Гостин
Незнам али многу чудно и нелогично е користење на -ица на други зборови ако се адаптира.
Професор-ица,наставн-ица.....еве за магар-ица е ок али другиве зборови смешно звучат.
Исто во женски род множина неможе да се користи...или пак може на пр. професор-ици али колку е тоа литературно....
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Професорка и наставничка се смета за правилно.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Сѐ е правилно ако е логично.[DOUBLEPOST=1516734308][/DOUBLEPOST]
архаизам/дијалект

Не е за во службен документ, медиум и слично што потпаѓа под закон за употреба на литературен јазик.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Незнам али многу чудно и нелогично е користење на -ица на други зборови ако се адаптира.
Професор-ица,наставн-ица.....еве за магар-ица е ок али другиве зборови смешно звучат.
Исто во женски род множина неможе да се користи...или пак може на пр. професор-ици али колку е тоа литературно....
Во македонскиот јазик постојат (оправдани) исклучоци во поглед на тоа. На пример, некој збор кој завршува со „а“, односно се пишува и изговара во еднина, а е во женски род, тогаш за тој збор е предвиден исклучок со буквата „и“ за множина (на пример, зборот дигалка се пишува и изговара во еднина со женски род, а постои негов исклучок доколку се пишува и изговара во множина со замена на последната буква со „и“ - дигалки) итн. Секако, постојат и бројни други примери за вакви исклучоци, но во моментов само на ова ми текна.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.708
Дали “ кисела вода“ и “кисело млеко“ формираат акцентски целости и каде точно паѓа акцентот ?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Само што кисела вода и Кисела Вода не е исто :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не можев да го најдам примерот во граматиката.
Дали тогаш и “солена вода“ исто прави акцентска целост ?
Во правописот нема таков пример, но примерот за кисела вода е со објаснување: лексикализирани изрази кои означуваат еден поим. Е сега: Е сега, солена вода може да означува еден поим, но и не мора, па така, не сум сигурен за ова. Но, ете, јас потекнувам од место каде има извор на солена вода, и во тоа место изворот, сосем нормално, го именуваат со акцентска целост: соленá вода.
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
107
ЗБОГУМ???
Старословенски - Со богом идете! Скратено - Сбогом!!
со-работка, со-брание, со-дружение - здружение?????
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Ова можда не е за тука прашање, али ако некој знае, нека каже.
Примеров:
"Ако, пак, реченицата нема некаква врска со сликата..."

(Прашањето ми е, каде треба, а каде не запирка, на почетокот од примерот)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ова можда не е за тука прашање, али ако некој знае, нека каже.
Примеров:
"Ако, пак, реченицата нема некаква врска со сликата..."

(Прашањето ми е, каде треба, а каде не запирка, на почетокот од примерот)
Леле, ова запиркиве и мене ми биле убиствени, од секогаш. Но мислам дека во случајов може да има 3 варијанти и секоја од нив би била правописно точна, само со нијанси во значењето:

1. Ако пак реченицата... - без воопшто да има запирка, за некако најнеутрален исказ
2. Ако пак, реченицата... - значењето би било приближно исто со горното, само ова би го употребил ако е подолга реченицата
3. Ако, пак, реченицата... - тука "пак" е апозиција, и се потенцира нешто што веќе е посочено.

Не знам, може лупам глупости, ако има некој поупатен нека ме исправи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom