Џаро: Таковски намести натпревар од евро-куповите
Легендарниот македонски менаџер Велибор Џаровски - Џаро сензационално го обвини поранешниот сопственик на Беласица, Ванчо Таковски дека пред шест години го наместил натпреварот против Публикум од Целје во Купот на УЕФА. Во интервју за OCCSR тој открива дека македонски клуб пред неколку години лажирал меч и иако во интервјуто не се спомнуваат имиња, јасно е дека станува збор за Беласица и Таковски.
"Постои местење во македонскиот фудбал. Доколку тимот се бори за поцизија која води во европските купови или е во опасност да ја испушти позицијата за Лигата на шампионите, тогаш натпреварите се вообичаено 'наместени'. Од друга страна, пак, ниту еден македонски клуб не игра во Лигата на шампионите, ние играме за обложувалниците. Се прави се за да се намести натпреварот, се разбира со претходно устен договор со некоја обложувалница. Првиот човек на кој тоа му успеа е роднина на Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Македонија. Тоа беше пред десет години (?), кога македонскиот тим играше против тим од Словенија. Договорот падна во Охрид меѓу сопственикот на една словенска обложувалница и лидерите на двете екипи. Договорено е македонскиот тим да го загуби натпреварот", вели Џаровски меѓу другото.
Во тоа време во Купот на УЕФА во Струмица се сретнаа Беласица и Публикум од Словенија. Сопственикот на струмичкиот тим е Ванчо Таковски, баџанак со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски што значи дека тој го наместил натпреварот заедно со колегите од Публикум.
Дуелот меѓу Беласица и Публикум се одигра во август 2003 година. Првиот меч во Словенија заврши со победа на домаќините од 7:2, додека реваншот одигран две недели подоцна во Струмица го доби Публикум од 5:0.
Не уништи маме му е**м !!!