Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Голем број награди на Глобусите за Big Little Lies. Мора да се каже дека серијата беше многу добра и специфична поради доминацијата на женските ликови.

Сега планирам да ја пробам The Handmaid’s Tale
 
Голем број награди на Глобусите за Big Little Lies. Мора да се каже дека серијата беше многу добра и специфична поради доминацијата на женските ликови.

Сега планирам да ја пробам The Handmaid’s Tale
Според мене, заслужени сите награди и на Big Little Lies и на The Handmaid's Tale.
 
Новата српска серија чија прва епизода се емитуваше вчера “Немањичи“ предобро изработена, сценографија, локација, ефекти, глума, директор на фотографија, дејство апсолутно може да му парира на сите светски серијали со историска тематика. Нашиот долго најавуван “Цар Самоил“ треба вака да изгледа, ако некогаш се реализира филмот. Србите се дефинитивно #1 во регионот и овој дел на Европа за серии баш како и Сенке над Балканом одлични серии

http://www.pregledaj.net/nemanjici-–-radanje-kraljevine-2017-epizoda-01_8e2c4ea90.html

П.С. Нашиот Мето(ди) Јовановски го игра кралот Манојло Комнен
Колку само не. И покрај сите лоши критики за серијава, ја симнав првата епизода и можам да кажам дека секоја критика е на место.

Лоша режија, без визија, без замисла.
Уште кога го прочитав Гордан Михиќ како сценарист знаев колку е часот. Скоро секој проект во последниве десет-дваесет години му е потпросечен, недоработен, исфорсиран. Сценографија лоша. Катастрофален кастинг, ако е правена аудиција за улогиве, пошто изгледа како од улица да ги собрале „глумциве“. И Мето Јовановски ич не ми е за улогата. Фотографијата не е ништо посебно. Единствено костимите може да имаат пролазна оценка.

Џабе фрлени пари на РТС и веројатно еден од најлошите серијали што некогаш ги снимиле. Тешко би дал шанса на втора епизода. Све у свему катастрофа тешка.

А тоа дека серијалот може да му парира на некој светски серијал од типот на Викинзи е тешка глупост. ;)
 
Што мислите за Master of None?
 
Очекував повеќе од The Handmaid’s Tale, оваа прва сезона ми се чинеше како вовед.
 
Derry Girls нова хумористична серија на Британскиот Чанел 4. Се работи за средношколки во вториот по големина град во С.Ирска - Дери. Дејството е сместено на почетокот на 90тите, во времето на т.н The Troubles (ваљда Невољи ќе се преведе ова) во екот на борбата на ИРА против фашистичкиот протестантски окупоатор, и како сето тоа влијае на обичните луѓе и нивните секојдневни обврски. Серијата е доста добро примена и од Британската и од Ирската публика, доста ми е симпатичен Ирскиот акцент.
 
Прочитав дека ќе се снима Prison Break Season 6. Верно е воа? Знае некој нешто повише? :rolleyes:
 
Предложете некоја заразна серија што ќе те тера да ја гледаш секоја наредна епизода.

Ви благодарам,
 
Прочитав дека ќе се снима Prison Break Season 6. Верно е воа? Знае некој нешто повише? :rolleyes:

Не гледам што повеќе би снимале за таа серија,го достигнаа врвот што го можеа до 4 сезона,5 сезона бар за мене беше таков очобол што не верувам да би помислувале за уште една сезона.
 
Предложете некоја заразна серија што ќе те тера да ја гледаш секоја наредна епизода.

Ви благодарам,
Breaking Bad, Black Mirror, Fringe.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom