Ангажирање на селектор од страна , НЕБАЛКАНЕЦ , требаше уште по одамна да се случи, а ќе имавме сигурно и успех (медал).
Испукана пушка се балканскиве тренери, екстремно тешко им оди, џабе се мачевме со Шундовски,Обрван,Лино ... немаат капацитет да водат селекција од овие простори.
Доказ за тоа се Србите кои на толку звучни имиња во ростерот го јадат од кој ќе стигнат, а уште поголем доказ сме ние со само еден супер стар во тимот како се руши бронзената селекција од ланското СП, со СТРАНСКИ ТРЕНЕР.
Имам многу пати пишувано дека лекот е само странски тренер.
Раул е најголемото оружје на оваа селекција, и после победата над Словенија реално е да ги гледаме оптимистички работиве, човекот преку Лазаров на кој му даде менторска улога на средбата ја постигна целта.
Црна Гора дојдоа на ова ЕП само за да не победат нас, шансата ја гледаат стрикно преку нас, ова што го одиграа против Германија не треба да не залажува дека лесно може да ги "начукаме", тоа ти е тој посран менталитет кај овие земји, доаѓаат на ЕП со цел да победат само една селекција бидејќи само таму си ја гледаат "шансата".
"Командата" што ги настројува да се надеваат само на една победа доаѓа само од овие утепани тренери на овие простори.
Ќе видиме какво "оружје" ни имат спремено, како што кажав, не треба воопшто да се залажуваме од претходната средба што ја одиграа, сепак овие од кога ги извлекоа групите се спремат само за нас, очекувам според можностите да удрат "јако".
Овие се тешки за анализа и за Раул, неможе да увиди кои им се слабите точки бидејќи тие на претходниот натпревар воопшто ништо не играа.
Но, имаме многу по искусен и по зрел ростер за разлика од нив, исходот од моја гледна точка го гледам победа за нас со 1-2 гола разлика.
Мора да се одмара Лазаров, тоа е единствена средба кај што може да земе "здив" , понатаму неможеме да се замислиме без него во прва постава ниту 2 минути.
Со оглед на фактот дека Кузмановски не доби ниту минутка против Словенија, сигурно Раул ќе го искористи како "главно оружје" против Црна Гора, а и реално е некој друг бек да има "важечка" улога на некојa средба, ете шанса Фитило да покажe колку вреди.
Очекувам нова победа, среќно.