Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Борко не ни треба да фаќа, нека си боцка мезенце во некој локал до второ полувреме.
Џабе е,Борко ќе биде прв голман на сите текми...Николче е човек за пресврт

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.663
Не знам зошто не се повикани Кирил Колев и Благојче Трајкоски, сега мора да играме со недокажани млади голмани како Митровски.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ангажирање на селектор од страна , НЕБАЛКАНЕЦ , требаше уште по одамна да се случи, а ќе имавме сигурно и успех (медал).
Испукана пушка се балканскиве тренери, екстремно тешко им оди, џабе се мачевме со Шундовски,Обрван,Лино ... немаат капацитет да водат селекција од овие простори.
Доказ за тоа се Србите кои на толку звучни имиња во ростерот го јадат од кој ќе стигнат, а уште поголем доказ сме ние со само еден супер стар во тимот како се руши бронзената селекција од ланското СП, со СТРАНСКИ ТРЕНЕР.
Имам многу пати пишувано дека лекот е само странски тренер.

Раул е најголемото оружје на оваа селекција, и после победата над Словенија реално е да ги гледаме оптимистички работиве, човекот преку Лазаров на кој му даде менторска улога на средбата ја постигна целта.

Црна Гора дојдоа на ова ЕП само за да не победат нас, шансата ја гледаат стрикно преку нас, ова што го одиграа против Германија не треба да не залажува дека лесно може да ги "начукаме", тоа ти е тој посран менталитет кај овие земји, доаѓаат на ЕП со цел да победат само една селекција бидејќи само таму си ја гледаат "шансата".
"Командата" што ги настројува да се надеваат само на една победа доаѓа само од овие утепани тренери на овие простори.

Ќе видиме какво "оружје" ни имат спремено, како што кажав, не треба воопшто да се залажуваме од претходната средба што ја одиграа, сепак овие од кога ги извлекоа групите се спремат само за нас, очекувам според можностите да удрат "јако".
Овие се тешки за анализа и за Раул, неможе да увиди кои им се слабите точки бидејќи тие на претходниот натпревар воопшто ништо не играа.
Но, имаме многу по искусен и по зрел ростер за разлика од нив, исходот од моја гледна точка го гледам победа за нас со 1-2 гола разлика.
Мора да се одмара Лазаров, тоа е единствена средба кај што може да земе "здив" , понатаму неможеме да се замислиме без него во прва постава ниту 2 минути.
Со оглед на фактот дека Кузмановски не доби ниту минутка против Словенија, сигурно Раул ќе го искористи како "главно оружје" против Црна Гора, а и реално е некој друг бек да има "важечка" улога на некојa средба, ете шанса Фитило да покажe колку вреди.
Очекувам нова победа, среќно.
:oeoeoe:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не смее денес да има никаква шанса за неуспех, ако не ги тепаме џабе е се.
На сите позиции сме посилни, буквално на сите.
Ако не успееме да тепаме со Црна Гора нема шо да бараме во Вараждин, реално.
Јасно е дека ќе фрлат тие се на една карта, ќе прегорат со нас.
Очекувам да ни играат истурена зона, како шо почнаа со Германците, на почеток не делуваа лошо, првите 5 минути:pos:.
Ништо чудно и на центар да ги исфрлат нашите бекови, пред се Киро и Жути, но оваа тактика сака многу трчање, а едни тркачи шо се тие:icon_lol:.
Мораме ние со паметна игра, спуштање топка до пикери, очекувам да се изнаиграат пикерите денес, и пак до крила, ќе има големи дупки.
Треба да се пушти и Фитило денес, баш со овие, знае да игра еден на еден тој.
Не смееме да им дозволиме да земат сила, мора од сам старт да се нагазат, машки, па после сами ќе се распаднат, менталитет на Србите имаат, прв јуриш, ако проџе проџе.
Најопасни играчи се Липовина и Милош Божовиќ, десен и лев бек, и Мијатовиќ не е лош вратар ако го разбранат, се надевам дека нема да е така, дека нема на уште еден голман да му билдаме статистики.
Победуваме, кратко, јасно.:oeoeoe:
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.826
Поени од реакции
5.636
денес треба лабаво да се изигра и со лабава игра да се победи Црна Гора.. реално немаат никакви шанси дечките од Ѓукиќ да пројдат група, така да нивните поени во секој случај ќе ни се поништат..... треба одење all in против Германија... му одат германски екипи на Раул, редовно ги метат со Вардар, па зашо да не го победиме и актуелниот шампион :)

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Што е со муабетиве за Кузмановски дека повреди го спречиле да се развие во играч? Најмал проблем него му се повредите, сеуште ги има најдобрите физички предиспозиции во репрезентацијата. Он си пати од главата и немањето храброст на терен, играта му се базира на залетување во противничка одбрана и обид за невозможни проигрувања до пикер или враќање до другите бекови да се кренат на шут, такви глупости правеше и на пријателската со Србија и го заглавуваше нападот, убаво спомна некој веројатно Раул го приметил добро тоа и затоа не доби прилика со Словенците.
Немал до сега некоја јака повреда он за да му влијае на развојот во голема мера, како на пример кај Нелоски кој измести рамо и скина лигаменти и во двата случаи паузираше по една година и тие му ја уништија кариерата скроз, инаку беше најголем талент од сите во генерацијата.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.341
Поени од реакции
5.370
Прво она шо го изеде Столе од словенците, па јас ќе дојдам Рок Кафана Рустикана во Скопје и ќе му извадам на маса едно прасе на Столе од 15-20кг и 5 кригли пиво и нека крка, не неспортски живот водел, се пијанел, пушел, шетал до 5 сабајле шо сака нека зборат и шо сака нека прај, ама според мене беше играч на натпреварот со Словенија, оние тројца киклопи по 2 метри и над 110кг да те тргаат, шлакаат, удираат не е мала работа, касапи беа назад Словенија, џигер го напраја, секоја чест за Столе!
Второ, Талевски вистина можи беше ужас во напад и нема мадиња да оди на шут, тоа шо го прај Кузмановски, ама во одбрана изигра доста солидно ! Се гледа дека добро го спремаат во РНЛ за одбрана и тоа полека полека МОЖИ ќе излези на виделина, штета шо Фитиљот после повредата е паднат како к*р после е*ање и незнам колку е во можност да поможи на екипата, ама денес мислам треба шанса да добие во напад од Раул.
И трето конечно на некое натпреварување ракомет/кошарка ИЗИГРАВМЕ ПАМЕТНО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА, а не како пред тоа шо ни се случвало последните минути при водство да ги играме како муви без глави, можи и премногу судиите не држеа во напад таа минута, ама паметно се изигра, 3-4 пати Киро одеше на фаул, го добиваше и времето си течеше....
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
На страна вонсерискиве коментари, по која линија би суделе Романците повеќе за нас отколку за Словенија?
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Не те разбирам, во која смисла ти е сарказмов? Зарем не те иритираше 60 минути со рацете за глава се држеше небаре нашиве моторни пили имале в раце па секогаш правеле фаули? Или сакаш да кажиш дека беше во Вардар и не треба вака да пишуваме?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Прво, изјавата на Вујо е дадена во поширок контекст, а не конкретно само за судиите и утакмицата од некни и знам дека не е Ацо Рембрант бладање за алуминиумот. Второ, коментарите покажуваат ужасна спортска неписменост затоа што не ни пробале да ја прочитаат и сфатат изјавата, туку одма проработил фаланга тригерот и почнало да се пцуе(иако Вујо А не кажа настрана за нас), како што и често се прави против сите наши спортски противници. Трето, иако слободно можам да си земам за право да коментирам за судењето, не сакам (а и никогаш не сум сакал) да дробам и анализирам кои одлуки биле грешни, а кои точни, единствено ќе кажам дека има утакмици и утакмици и не може секогаш критериумот за строгост на судиите да е ист. Ми се чини дека ние имавме околу 7 исклучувања, а Словенија десетина, што е еднакво на речиси две третини од утакмицата. Тоа е судиско касапење на играта и еве јас во моментов не можам да се сетам на утакмица со толку исклучувања.

А, дека се маваше, се маваше. Дека Словенците беа погруби, беа.
 
Јас ја прочитав целата изјава, Вујо велеше дека и ние и словенците сме биле оштетени од судиите, што воопшто не го покажуваше на теренот, туку на секоја БУКВАЛНО на секоја одлука против Словенија ги држеше рацете на глава, искрено не знам и како не доби исклучување. Мене сево ова ми гледа како не почитување на противникот, цело време рацете на глава како да сака да кажи "не победија, ама судиите цело време судеа против нас" иако нормално на прес тоа не го кажа. И, не можиш да очекуваш дека сите кои пратат ракомет ќе му ги читаат целосните изјави, ама еве јас како некој кој прати ракомет и чита изјави, стојам зад тоа дека Вујо прописно доби пцовки и критики колку што заслужи.
 
Серко, педерчина итн....окееееј.

Вујо е во прашање, не Доне, а, мислам дека и Раул доби опомена или жолт од судиите за поплаки, што доволно кажува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom