Тој што бил против тогаш, против е и сега, ама голем дел кои тогаш молчеа, сега скокаат и обратно.
Туку кога помина дебатата со граѓаните пред да се донесе законов? Ветуваа дека ќе го слушаат мислењето на граѓаните.
Типувам дека фрустрациите кај Македонците од донесување на законов ќе поминат за месец-два, како што до сега поминувало сѐ, од рамковен до талат и т.н.
Дека некој ќе одговара, тоа можи во некој друг паралелен универзум. Како прво грујо нема да одговара, а на слепциве цела кампања им беше антигрујо. Никаква програма, планови, мерки за подобрување на животот на граѓаните и решавање на реалните проблеми во државава.
Скоро година помина, а буквално ништо не се подобри. Сѐ е мачкање на очи. Се плашам дека ниту претходниве нема да одговараат за криминалите што ги направија, бидејќи меѓусебно си се имаат испазарено за лични добивки, а од друга страна Албанциве по дифолт си одат кон целта.
И оние СЈО колку се неспособна организација мајко мила! Излегуваат на прес ти се чини којзнај што открија. Тие нашле криминал од 60 000 евра, а овде милијарди евра се искрадени. Море мрш таму!!!
Задолжувањата си продолжуваат, младите се исселуваат и тоа не само Македонци, туку и голем број Албанци си го бараат чарето. Кој би сакал да работи за 200 е, а згора на сѐ да му се трујаат децата од загаден воздух, вода и пред сѐ почва.
Што се однесува до законот за јазиците, прочитав едно мислење за истиот од доктор лингвист и потполно се согласувам дека законот за јазиците е дискриминирачки и во однос на луѓето што ќе се вработуваат како преведувачи, со оглед на фактот што повеќе од една децнија на ФЛФ не пости можност да се студира албански јазик како немајчин, а да не зборуваме дека во државава нема толку албанолози за да ги задоволат потребите што ги наметнува овој закон. Односно, ем е нефункционален, ем е дискриминирачки!
Згора на сѐ, овој закон нема во никој случај да го подобри квалитетот на животот ниту за Македонците, ниту за Албанците, туку истиот е донесен за да се задоволи егото кај една етничка група на сметка на друга.