Сериозно прашуваш? Пратиш Металург? Што направи со нив? Направи нешто од 2008-9 кога почнаа во ЛШ до 2015 кога настана целиот пуч во тимот и тоа се поради него.
Оттогаш до сега чиката јаде само лајнца низ медиуми и носи треторазредни играчишта од Србија/Кроација и Црна Гора да им го јадат лебот на нашите. Точно дека препознал талент во одредени играчи, ама ако цела заслуга за тој развиток му ја даваш нему, ондак океј. Според мене освен што знае да постави одбрана и препознае некој талент, нема никакви заслуги.
Го форсираше Талески и благодарение на две-три добри партии се продаде во РНЛ, ама затоа таму ладе мадиња, развиток нула. Фитиљо, реално кубури со повреди, ама и кога беше здрав, повеќе грееше клупа за да играат некој си Јагањци/Божовичи отколку дечково. За тоа што од играчиве прави играчи за една употреба и што одредени играчи ги форсира само одбрана, а не ги пушта во напад е сулудо.
Кога ни беше селектор пак, тоа што игравме ракомет од 48-ма и што благодарение на неговите „тактики“ не пердашеа и примавме лесни голови му е посебна заслуга. А орден за чест има и за тоа што ги остави репрезентативците сред квалификациски циклус.
Ете толку знам за укаканиот ни Чика Чевлар.