Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас мислам дека нашите ракометари се со највеќе настапи на ракометниве првенства. Ојлески само го возат го мкнат низ европа, Даскаловски, Велко и Ацо се од коа е формирана ЕХФ. До толку ли неаме играчи нови, макар и завршиле последни на првенство?
 
Јас мислам дека нашите ракометари се со највеќе настапи на ракометниве првенства. Ојлески само го возат го мкнат низ европа, Даскаловски, Велко и Ацо се од коа е формирана ЕХФ. До толку ли неаме играчи нови, макар и завршиле последни на првенство?

До толку.
 
а зошто Мајнов и Кузмановски ги нема во составот?
 
Само да се пријавам на темава за да ги читам „стручните“ анализи и „експертизи“ на дел од фелата овде. :D
 
Да де. Како би ја искоментирал играта на Недановски во 2016-та година?
И што мислиш за заминувањето на Раул во ПСЖ?
Не сакам да поверувам дека не си трол. Ако навистина го мислиш ова што го пишуваш низ сите теми....:popce:
 
Дисинџер пак му е повреден бе на Њемачка ?
Овај толку е малер со повредите, македонска верзија од Дејан Пецаковски :)
 
Не сакам да поверувам дека не си трол. Ако навистина го мислиш ова што го пишуваш низ сите теми....:popce:

Зошто би ме помислил за трол?
Не те прашав нешто навредливо. Те прашав за мислење.
 
Зошто би ме помислил за трол?
Не те прашав нешто навредливо. Те прашав за мислење.
Пошто не може бе да пишуваш дека Дарт Вејдер бил во најновиот Стар Ворс филм и дека Бутин и Чупиќ доста напреднале и допрва ќе се развиваат во иднина, дека судиите стално не ебавале и дека сме топ 4 репрезентација. Едноставно н е м о ж е.
 
За некои "меѓу потешките" за други "најслаба", групата Ц е група во која теоретски излгеда дека се се знае но во пракса е многу непредвидлива.

Маглата малку се расчисти по повредата на Борозан. Црна Гора не е воопшто наивна репрезентација и реално не се далеку од чекорот напред кој го посакуваат но сеуште не го направиле, но без Борозан (а има написи дека и Симиќ се повредил) реално тешко ќе можат да направат нешто повеќе. И без Борозан бековската линија не смее да им се потцени - Чавор и Липовина на десен бек, младиот Божовиќ и Шеваљевиќ на лев, како и неколку просечни средни бека - Вујовиќ, Пејовиќ и Анѓелич од Металург. Не смеат да се потценат, но не би требало да направат поголем резултат.

Словенија е голема непознаница. Од екипа која од втор план може да се вмеша во битката за медали, ми се чини дека може да завршат и многу пониско од планираното. Иако реално словенците имаат голема длабочина, и немаат незаменливи играчи (како нас на пример), сепак мислам дека повредите на Габер и Доленец, па до некаде и Кавтичник, ги удираат на најнезгодните позиции. Кога на тоа ќе се додаде дека Бомбач не е повикан, а во принудна пензија се веќе и Зорман и Гајиќ веќе тоа е веќе долга листа на проблематични отсуства. Особено е клучен Габер кој е срцето на одбраната, а одбраната е таа која им ја донесе светската бронза лани. Ќе ја минат групата, но мислам дека нема да имаат некое којзнае какво првенство.

Германија е во позиција кога е најопасна. Иако се бранители на титулата, пак се во некоја подзаборавена таинствена положба. Имаат огромна ротација, немаат особени здравствени проблеми и играчите им се во добра форма. Рецепт за голем резултати. Ц и Д групите се такви што бараат континуитет на добри игри (навистина е тешко да се стигне до потребните 4-5 победи против Словенија, Македонија, Шпанија, Данска и Унгарија) и заради тоа е тешко да се прогнозира но на ден пред првенството Германија делува доста моќно и во добра позиција.

И за крај нашите. Што очекувам од нашите? Искрено релативен оптимист сум. Мислам дека ќе одиграат добро првенство. Имаме каква таква ротација, имаме паметна игра. Во принцип целта како и на секое ЕП е барем 2 победи. Во случајот една против Црна Гора, и уште една против репрезентација која е подобро рангирана од нас (а сите 5 кои би биле во таа споена Ц и Д група) се подокажани екипи). Солидни сме на крило и пикер. Прашањето како и секогаш е што ќе придонесат голманите (најслаб дел од репрезентацијата уште од 2012та), како и каков придонес ќе добиеме на лев бек откако бевме на нула последните 3-4 години по повредата/пензијата на Наумче. А зошто "релативен оптимист"? Затоа што според мене 2 победи и пристоен отпор во останатите натпревари во оваа конкуренција се чини ќе биде успешен настап. Но за оние кои ирационално бараат медал ќе биде неизбежно разочарување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom