островот Амолиани

Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Минатат година се појавија понуди со смештај и превоз за овој мал остров блиску до Атос, размислував да одам таму, но ме пишмани далечината на плажите од сместувањата што ги нудеа нашите агенции; една од вработените кажа дека газдите имале организирано комбиња за превоз до плажите и биле по 1 еур по лице, но некако ми беше тоа неуверливо... сега најдов на српски веб сајтови дека има превоз, почнувајки од пајтон кој е 2,2 евра , а комбињата биле 1,5 - 2 евра, веројатно зависи и од дестинацијата.
Исто така најдов српски рецензии кој тврдат дека продавниците таму се значително поскапи од континенталните и препорачуваат носење храна ( ова веројатно за тие што со аавтомобил ќе дојдат на островот)??
Ова година повторно ги има понудите, но би било добро ако некој има лично искуство да изнесе ?
Инаку првата понуда за Амолиани се појави мислам уште пред 20-на години и тоа нааем на приколки во кампот Аликес, но од тогаш до 2016 не сум сретнал...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... ај еден ден, ај два дена...ама цел годишен летен одмор да патуваш тамте вамте на плажа со превоз, богами и без пари да е превозот јас не би се нафатила, па не ти треба некое посебно туѓо искуство освен свое лично ако си спремен секој ден „да патуваш“ на плажа и за секоја ситница да си речеш туууу како не сум во хотел сега кој ќе се враќа назад...па макар била плажа на соништата :)
п.с.
да си обезбедиш за тие денови рент_а _кар или некое моторче или чамец, па слободно како сакаш да мрдаш, ај разбирам некако...ама да зависам од некој да ме пренесе неколку километри за да се искапам и пак да се враќам ....ма јок :neetaka:
еве ти линк за 2018- Ammouliani Grcija ...ете што пишува превоз има десет пати во тек на денот и само во еден правец е - 2 Е ! :D
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
мене па воопшто не ми пречи да возам до плажа
као на грб ги носам а и за убавините се исплати

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
Јас обично во Халкидики одам на Неа Фокеа, мало место со грда плажа и евтин смештај. Одам таму бидејки имаме кола и возиме до околните рајски места, со убави плажи и ресторани, како Паралија, Полихроно, Калитеа, Афитос, како и местото со едно според мене најубавите плажи во Грција, Сани Бич, место сo преубав хотел и прескапи, ама стварно прескапи цени, но бесплатни плажи.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Има ли траекти до островов?[DOUBLEPOST=1514940565][/DOUBLEPOST]Има ли траекти до островов?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Мене па ништо не ме привлекува посебно кај островов за да го посетам пред некои други што се исто во близина. Да сум ги прошетал Тасос, Лефкада сите по ред, па овој да останал би одел. Ама мислам се наоѓаат и други фамилијарни острови кои можат повеќе да понудат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Јас обично во Халкидики одам на Неа Фокеа, мало место со грда плажа и евтин смештај. Одам таму бидејки имаме кола и возиме до околните рајски места, со убави плажи и ресторани, како Паралија, Полихроно, Калитеа, Афитос, како и местото со едно според мене најубавите плажи во Грција, Сани Бич, место сo преубав хотел и прескапи, ама стварно прескапи цени, но бесплатни плажи.
Дааааалеку се овие од убави плажи во Грција, а уште подалеку од најубави.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
Дааааалеку се овие од убави плажи во Грција, а уште подалеку од најубави.
Прифатливи се, бар за мене. Инаку обично на тие места идеме повеќе заради ресторанчињата, кои се навистина (за мене), прекрасни. Плажите стварно не се нешто посебни, преполни и во морето има камења. Но, кога веќе сме таму, океј е и да се пробањаме. Си бил на Сани?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Прифатливи се, ама за фамилијарен одмор, на буџет. На Сани бев само еден ден, и нешто не ме маѓепса, мака видовме со паркинг.

Ако сакаш да видиш убавини од плажи, шибај на Јонско море, нема да згрешиш.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
само на паљури имаш топ плажа
вака целокупно опфатено, ситен песок, чиста вода и убави средени плажи
ако сакаш ексклузива од лежалки идеш на кабана ако не на коурсарос ма да лично мене вторава ми е подобра некако
додека молос ја убија од фалење а уствари само добро е средена и ништа више
ама да не го тупиме тука за првиов крак
за островов убаво кажа некој погоре, за да го посетиш најпрво треба другите острови да ги поминеш зашо има далеку поубави места
па така годинава фаќам пат здравје накај лефкада

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Амуљани е за ден два, не е за цел одмор!
Јас на големи острови се чувствувам супер, знаеш дека си оделан од се' и фурај ! На такви како Амуљани, клаустофобија да те фати!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
На лето треба да има од Трипити :)
далечната 2003 бев на одмор во Врасна со кола, па отидовме еден ден до Атос. Бевме кај Трипити, ама бидејќи доцна дојдовме немаше шанси со кола да се качи на Ферито, огромна редица беше, евентуално да се остави колата во Трипити и пешки на Ферито а и поефтино е, а таму да си платиш комбе или пајтон
( пајтонот е поскап, 2,2еур)[DOUBLEPOST=1515329330][/DOUBLEPOST]
... ај еден ден, ај два дена...ама цел годишен летен одмор да патуваш тамте вамте на плажа со превоз, богами и без пари да е превозот јас не би се нафатила, па не ти треба некое посебно туѓо искуство освен свое лично ако си спремен секој ден „да патуваш“ на плажа и за секоја ситница да си речеш туууу како не сум во хотел сега кој ќе се враќа назад...па макар била плажа на соништата :)
п.с.
да си обезбедиш за тие денови рент_а _кар или некое моторче или чамец, па слободно како сакаш да мрдаш, ај разбирам некако...ама да зависам од некој да ме пренесе неколку километри за да се искапам и пак да се враќам ....ма јок :neetaka:
еве ти линк за 2018- Ammouliani Grcija ...ете што пишува превоз има десет пати во тек на денот и само во еден правец е - 2 Е ! :D
не мислам на долг одмор туку 7 дена. А лани бевме во Орпос Панагиас, слична работа ама НЕМАШЕ никаков превоз до убавите плажи, одевме пешке на Трани Амуда по 800 метри во правец. Може имаше да се најми чамец да одиме на Диапоро, ама 60 евра дневно, за 2 лица никако не одговара, ајде 5 души да се. Сакавме од Ормос да одиме на излет Амолиани и Диапоро, ама не уплативме на време , се се продаде.
Б.Т.В., најдобро беше пред 20 години, да се оди со своја кола на Амолиани и да се најми камп приколка на плажата Аликес, ама сега немаат приколки, само места за шатор или да ја влечеш приколката до таму , што е оут оф реасон..
Можно е да се решима за Амолиани, со појадок шведска маса, ќе размислиме, ќе почекаме да видиме каков превоз ќе организират, лани со тоа кумановскиот Неоплан што кружеше низ 4 места околу Ситониа беше жива мизерија, посебно за луѓето што летуваа во Сарти; ги вртеа преку Торонеос, па Неа Мармара, па на крај Ормос Панагиас и за Скопје...[DOUBLEPOST=1515329558][/DOUBLEPOST]
Амуљани е за ден два, не е за цел одмор!
Јас на големи острови се чувствувам супер, знаеш дека си оделан од се' и фурај ! На такви како Амуљани, клаустофобија да те фати!
убаво е на Евиа, Едипсос или сега србите 2 години го открија Неос Полигрос, 1,5км од местото каде доваѓа Ферито од Глифа. нашиве агенции строго само Пефки или некој хотели по 2 км од морето
Уште поубаво е јужна Евиа, Еретиа, ама многу е за возење. Може млади луѓе, во Солун качување на воз до Халкида, после не е далеку до местенцата...
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
@Ireal Кога реков голем остров, мислев од Закинтос па до Крит, остров кој што има избор!
Додуша Закинтос и не е некој пример за поголем остров оти освен Лаганас има уште 2-3 места (Закинтос, Циливи и Аликанас) ама има организиран превоз низ него и една недела може квалитетно да се помине.
Крит е приказна за себе ама македонците го есапат далеку и не е често во понуди а штета е:)! Таму батка имаш све и свашта, зависно колку ти е длабок џебот и какви ти се афинитетите.
Апропо Ормос Панагиас што го спомна, без кола таму е тешко. Сите плажи се понастрана од него и за квалитетен одмор ти треба сопствен превоз. Плус таму е што има рибен пазар, со навистина свежа риба и екскурзии до Атос.
Македонските превозници избегнувај ги како знаеш, све е тоа вози мишко принцип, ќе ти се одмили и патување и одмор!
 
најголем остров во Грција е Крит, втор е Евиа, после се Закинтос и Крф...Порано, пред 30-на години имаше добра шема, млади одеа на Крит со брод од Солун, најмува најефтина кабина и утредента е на Крит. Сега бродови за Крит има само од Атина, од Солун само авиони одат, ( синот беше службено 21 ден) во октомври, мислам авионот повратно чини околу 160 евра ?
Јасно дека за млади е најважно да има ноќна забава, но има и млади луѓе кој претпочитаат спорт и авантура во дивина; уште 90-тите кога одев во Вурвуру со кола, одевме на Диапоро со гумењакот, имаше млади луѓе и со кајаци и со катамарани... а убаво беше, но уште тогаш, бргу почна комерцијализација, почнаа бродски тури од Сарти да доваѓаат на Диапоро, ем гужва ем ги валкаат плажите, а бродот некогаш ги празни таолетите недоволно далеку од брегот ... поради тоа јас а и други почнавме да ги одбегнуваме најголемите плажи на Диапоро, па одевме на помалите карпести островчиња каде поради опасни карпи во водата бродчињата и брзите глисери не можеа да пријдат. Задниве 15-на години малку ги пристегнаа грците, посебно дивеењето со џет ски, а почнаа и дозволи за чамци да бараат.
Арно ама лани лично гледам во Ормос и Вурвуру изнајмува чамци од 4 -5 метра со 25 коња мотор без никаква дозвола да имааш, па кажуваше еден наш што довлечка таму голем глисер од 140коња мотор, дека доста инциденти прават необучените туристи кој ги рентаат малите чамци...
Денес гледав нешто, има и друга шема за Амолиани, може да се земе сместување на брегот ( Атос) и од таму има фериботи, но и мали бротчиња што возат за најубавите плажи на Амолиани. А и на Амолиани да си сместен, за да одиш на најкул плажатаа на островчето Дрениа, пак треба да платиш превоз со бротче, епи сибир 15 евра. А послабо е снабдувањето на островот, цените се поголеми, како на смештајот така и во маркетите...
Значи за Амолиани единствено вреди да дојдеш со своја кола или моторче, во спротивно ќе го одрешиш кесето...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom