Наби Кеита, Ван Дајк па и со Лемар си имаат веќе играч за замена на Кутињо доколку си иде наредното лето, а со тоа и пари за некој прав шпиц што ќе се вклопи добро со таа офанзива на Ливерпул. Тука е и Окслејд кој иако беше исмејуван може да се стабилизира и да си најде важна позиција во тимот. Ми има дадено впечаток на упорен човек кој дава се од себе така да мислам дека ќе успее да се вклопи во Ливерпул и да стане првотимец. Тука е и довербата од Клоп кој видел нешо во него што е битна и за играчот. Со Наби Кеита добро дуо може да бидат, играчи кои се борбени и што ќе трчаат многу, а и што знаат да дадат гол.
Имаше и смешно видео од него од натпреварот на Арсенал со Баерн ако се сеќавате кога само тој гони топка, другите стојат. Баш и тоа видео кажува за него иако тогаш тој лично беше исмејуван за таа ситуација од тој натпревар.
Уште еден централен дефанзивец ќе им треба, пишуваат за еден од Базел, нормално и Дортмунд го сакаат

, а и лев бек обавезно ќе им треба.