Иначе колку е глуп муабетот ако имаат пари што не го земаа...Сигурно си замислуваат дека играчите се само онака изложени во продавница со фиксна цена, па одиш, си плаќаш, си го зимаш. Челзи лани отиде над 60 милиони за факинг Кулибали. Летово исто отиде над 60 за Сандро. И, не ги земаа затоа што немаа пари?
Друго, Мбапе е лош пример затоа што споредуваш веќе докажан, а релативно млад напаѓач кој ти гарантира 30 голови по сезона, и знаеш дека ако остане во ПЛ сигурно ќе стане најдобар стрелец во историјата. Од друга страна имаш 17 годишен тинејџер кој почна да игра лани, и можеше многу лесно да се изгуби одма. Ете и се покажа дека е лудост да направиш толкава инвестиција за 17 годишен играч, штом не се залетаа Барса, Реал, Јунајтед. На страна тоа што пораката од Монако цело лето беше дека нема шанси и него да го пуштат, дека се решени да го задржат бар уште една сезона, дека и он сакал да остане. Па тек на крај некако ПСЖ успеа и нив, а и него да го убеди да направи трансфер. И затоа што одма овде ќе следи е каков ризик, види го и во ПСЖ како продолжи да игра. Не збориме за сега, знаејќи како игра во ПСЖ, туку за летото.
И не знам како во време во кое гледате дека секој нареден трансфер период се повеќе и повеќе се зголемуваат цените, и секој клуб секој трансфер период си ги руши трансфер рекордите, време во кое доаѓаме полека до тоа 100 милиони да се стандард за квалитетен играч, а во исто време и секоја година се повеќе и повеќе вредат спонзорските договори на клубовите и се повеќе и повеќе пари се зимаат во фудбалот, немало никогаш да дадат клубови како Ливерпул, Челзи, Арсенал повеќе од 100 милиони за еден играч. И тоа пак напоменувам, играч како Кејн кој ти гарантира квалитет.
И мене пред неколку години ми беше луда помисла Челзи пак да даде повеќе од 50 милиони за играч после Торес, посебно гледајќи како почнаа да работат со продажбите, ама ете тоа сега се случува и гледаме дека се спремни да одат и многу повисоко од 50. Затоа што пазарот се развива и напредува, а со тоа мора и клубовите. Не можат да останат во место доклку сакаат да се одржуваат на врвот.