Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Не ја гледав утакмицата, ги ѕирнав само головите ама за ова си скрос во право. Исто каква во македонска фирма, секогаш го јаде најспособниот. Скраја да е нападот да има лош ден во 38 кола зошто одбраната се мисири. Мада тука малку и Клоп е крив, ќе се согласам со погоре што пишале, кога гледаш дека не ги бива штоперите од прв до последен, не можеш да тераш толку офанзивно. Во ред се', убав фудбал, билдаат статистика триото напред ама овој Ливерпул е како Манчестер на Ван Гал првата полусезона и Рома на Земан. Севиља се враќа, Арсенал се враќа.. И Џони е во право дека на Ливерпул му фалат физички поспремни играчи во дефанзивата и поодговорни, подисциплинирани. Емре и Џини повеќе мислат на нападот отколку на дефанзивата, како Бакајоко во Челзи што повеќе мисли на противничкиот него на сопствениот само што овој го има Канте во тандем.Криво ми е кога читам навивачи на Ливерпул како плукаат по нападот и се однесуваат како да мора да дадат гол секој напад, за да имаме 5-6 гола разлика и луфта за да имаме вакви бламажи у одбрана. Одбраната на Ливерпул како колектив е очај, дно, брука, срам, беда, ѓубре, резил, отпад, фекалија, смет и евентуално, евентуално гној.
Арсенал па стандард си страдаат од вакви детски болести. Кутињо пола терен го пројде никој не му текна да го загради па и гол со глава даде уште. Убаво викаш овие натпревари меѓу двеве екипи ги отсликуваат темелно фалинките во играта. Пак ќе напоменам постов ми е сведен на хајлајтс и досега изиграното сезонава.
P. S. Liverpool have lost 43 points from winning positions since Jurgen Klopp was appointed manager. The highest amount from any team in Europe.
Се читаме ноќеска со нов хајлајтс

Последно уредено: