Кај Арсенал само одбраната да беше проблем добро ќе беше, тимот нема никаква константност, 70% од натпреварите е очобол да го гледаш. Средината си губи топки каде стигне, од рендом ќе му текне на некој кога двајца играчи се оставени позади, да рогне некоја непрецизна долга топка на другата страна за да ја пресечат и да се направи контра. Противнички играчи на тацна се оставаат слободни, позиција држење ни за лек, кој како сака си иде во напад и не се враќа. Нападот како да земеш
некој кошаркар да игра фудбал па му се плетка топката во нозе му се одбива, дур чека да ја врати назад на некој или да ја изгуби. Тука ништо не функционира сезонава, и ова 5то место што сме ни е многу и сме на него само поради тоа што голем дел од тимовите во лигата не знаат да ги искористат нашите грешки.