Чудна ситуација, некој ќе се обиде да те нарече албанофоб, националист а имаш лидер на политичка партија која потекнува од милитантнта организција која и официјално беше класифицирана како терористичка.
Истиот одбива да зборува македонски во држава каде тој јазик е државен, официјален јазик и нема никакви реперкусии за тоа.
Човек со индиции за учество во воени злосторства од Министер за Одбрана оди во Претседател на Собрание, инаку дезертирал од полнокрвна воена формација во борбени услови да се бори против истата, без никакви реперксуии, тој е gragxanin тие на кои им смета тоа се националисти и шовинисти. Албанофоби.
Од друга страна пак, после 2001година има егзодус на етнички македонци од Западна Македонија, нормално поради својата албанофобија, бегаат од своите родни огништа, албанските македонофили сигурно се прашуваат зошто?
Секое едно барање им е строго на национална основа, ама ете тие не се националисти.
Чудни се овие gragxanski принципи.
Човек да помисли дека се партиски полтрони.