За форумџиите кои беа на собиранката! И останатите кои некогаш биле на собиранка !

Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Acid - Го мислев за намќор, непријателски настроен и лош. Мислев дека ќе ми врзе една заушка при првата средба, ама тој дури од спиење стана за да се види со мене, и јас добро си поминав со него. ;)

Дивајн - Ја сметав за помлада верзија на мајка ми - ќе почне одма да ми коментира за косата, музиката што ја слушам и слично. Сепак не испадна така, за среќа.

Fortune - Ах златна златна... Прво ја сметав за лошотија, другарка на џаолот, ама кога почнавме почесто да контактираме увидов дека е многу пријатна особа, супер женска со која многу сакам да си муабетам. Дури ја доби таа чест да стои на мојот аватар.

Yugo - Го мислев за здрвен и totaly uncool. Коа се видовме накратко баш обратно испадна, кул типче, и опуштен.

Била Бонг - Истиот откачен е и на мсн и во живо, како шо мислев така испадна.

mRnO - За разлика од форум, многу малце дудлат во живо, супер е за муабет, пријателски расположен и то. На мсн не ми делуваше така.

vodkamixx - Водка педерот малце ко да имаше страв од мене, не ме заебаваше многу во живо како на форум шо беше порано. :pos:

Necrophilia - Истата вљубена будала што ја знаев виртуелно, и во живо ја запознав. Тогаш беше во замарање-за-бившата филм, шо мене не ми сметаше, и фала курцу шо во живо не давеше за тоа. :)

BusHav - Ист како на мсн и форум. За секоја ситуација има виц како одговор, се шегува нон стоп, дури и на своја сметка. Ист ко шо го замислував.

G e G o - Поприбран испадна него шо го знаев, иако си ја покажа лудата страна накратко. :)

Димитар - Ист како на мсн. Пријатен за разговор, посебно што имавме и тема заедничка, се растуривме за фудбал муабетење и така. Не се ни сомневав дека е толку пријателски расположен кон сите и добар човек.

deXterche - Поприбран го сметав, од мсн и слично, а на првата средба одма почна да ме заебават. :) Исто и малце повисок мислев дека е.

Macedonian - Клабер-дудлач-мрфут прва категорија, истата појава е и на форум и во живо. За подебел го мислев пред да го сретнам. :)

Serpico - Подебел и побрадест од шо го мислев. Карактерно испадна ко шо го знаев од мсн - Сакат да се заебават, да се дружит, уживат во животот и така...

Ѕвер - Позатворен испадна и тоа многу. Коа се сретнавме мислев одма ќе ме испука пошто навивам за Црвена Звезда. :pos:

Princ - Доста понизок и со подруг стајлинг на коса од шо го мислев. Кул чоече, иако на мсн не ми враќаше толку претходно, пред да се сретниме. После си се опушти. ;)

Nina - Убава и комуникативна како што ја замислував. Малце пониска испадна во живо, ама супер е. :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не можам сега за сите да пишувам, еве некои што испаднале поинаку од што ги замислував...

-Саладин- првиот човек што не успеав да го размуабетам. :pos: Го замислував физички црн и низок, испадна сосема поинаков, му треба само малку да се опушти во комуникација во живо, инаку е супер. :wink:
-Burn- Не знам зошто, пред да дојде во кафич мислев дека е од оние луѓе со кои редовно ќе се спукувам и ќе се доведувам во вербални конфликти. :icon_lol: А баш напротив, мирољубив е и се слага(в)ме. :)
-Гижо- го замислував како емо пред да го запознаам :pos: (ќе ме убие). Не, во комуникација во живо е многу помалку разговорлив отколку на мсн, иако не во толкави размери како Саладин на пример. :icon_lol: Moра со клешти да му ги вадиш зборовите, ама кога ќе каже нешто, кажано е. :)
-Ацид- убедливо човек што највеќе ме изненади со својата појава. :icon_lol: Он во живо е се што не е на форум. :pos: Си замислуваш некој препотентен типац со саркастична смисла за хумор, а всушност е баш приземјена личност пријатна за муабет. :wink:
-Разиел- зошто толку страшен се претставуваш на форум? :pos: Баш е питомо човече, фино и пријатно, а колку само не го замислував таков. :)
-Сусаро- строг израз на лицето, нервозно пушење на цигарата, на прв изглед личи на некој дилер што ја држи областа меѓу “Дижонска“ и „Џон Кенеди“, а баш е пријатен во друштво, само така на почеток некако дистанцирано и строго се прикажува. :)
-Земзела- ми личеше на некој изгубен сентименталец пред да те запознаам, а испадна кул клаберче со добра смисла за хумор. :)
-Бада Бинг- тивок, смирен, восочен, долго смислува пред да проговори, прави строга селекција на зборовите, смета дека не секој збор вреди да се изгуби време за да биде кажан. Го замислував како некој иронично-саркастичен мрчатор, всушност баш е нежен и сwадок и мирен. :back:
-Прл- дефинитвно не ја замислував толку насмеана, позитивна и дружељубива. Тоа е и повеќе отколку што очекував. :)

И зошто сите викате бе дека Мрно у живо не бил дудлач? Не ве начекал на само у некое ќоше изгледа... :pos:
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Zemzela го замислував као некое типче шо се праи клабер од фејкерската багра на клабери, и мислев дека иде дечково по журки само да позира, а уствари приказната била друга, дечкото стварно да ти бил клабер од учените и навлезените клабери и иде на журка ради музиката.

Фантом на почеток го замислував као некое детенце мало ниско и едвај чека друштво (според онаа темата „Од ко ќе дојте Охрид“ :pos: ). Но детево да ти било глава над мене, муабетливо, забегано....

Sussaro го замислував као некој тип од стилот на Гижо, долга коса, слабичок така, висок, и кисне само у Кастро. А дечково да ти бил со кратка коса, сериозен тип, и со широки познанства од рок и електронската музика.

PSYtisfaction ja замислував метро 69 висока, некоја озбилна типка у стилом на “нечу се зјезати“ :pos: , а знаев дека е трансерка по самиот ник (псај-транс компилациите Psytisfaction), а девојкава да ти била метро и 80, забегано девојче кое се бори со животот... :pos2:

Burn84, е дечково го замислував исто као шо е од психичка страна, а од физичка страна го замислував некој долгокосец висок рокер, кисне по паркови и забавља луѓе со гитарата што уствари е и така, само за косата сум утнал и висината. :pos:

Некрофилија го замислував као некој тип со озбилна фаца (од стилот на политичарските фаци) кој незнае за шега и само поправа мобилни во неговата мобилара. А уствари у живо испадна друг.....

Друг пут ќе објаснувам други.... :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Форчун - нешто многу тивка ми беше и мирна седеше... Зашто судбино зашто? :( Не ја замислував така.
1. Специјално бев таква за да те збунам тебе.
2. За да го пишеш постот вака како што го пиша и да мораш да едитираш:icon_lol:
Сега сериозно. Бев изморена и немав сила за ништо. Ама желбата да присуствувам на собиранката преовлада.
Абе па ти, еве кај е сабота:jeee:Ќе добиеш вистински впечаток:wink1:
Fortune - Ах златна златна... Прво ја сметав за лошотија, другарка на џаолот, ама кога почнавме почесто да контактираме увидов дека е многу пријатна особа, супер женска со која многу сакам да си муабетам. Дури ја доби таа чест да стои на мојот аватар.
Па да, другарка сум на џаол (Девилиш), на нинџи и да не набројувам уште :icon_lol: Убаво си мислел. Плашете се сите.
А за честа.. Поправилно е дека ти си имал чест:icon_lol: Ти дозволив да се накитиш :pos:

Ај пријатно.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Брн84 Човек кој не се сменил од кога последен пат го видов,одсекогаш бил бунтовник во семејството таков и останал. Онака кул тип кој сака некад да ме изнервира,но за кратко време одма да ме смири. Голем љубител на фармакогнозијата станал.


Некрофилија Дечко кој од мсн и од реалноста не се разликува премногу само што малце во нијансата на кожата:) Многу сличности најдов со него што и не го очекував тоа од него. Премногу се зближивме за време од 2-3 часа. Изгледаме како да се познаваме цел живот. Јбг панкер си е панкер.

Гижо кога го видов на собиранката едноставно секое чудно мислење за него ми исчезна типац со кој сакаме д апатуваме накај Велес и да си кулираме по стадионите... едноставно тип со кој можам апсолутно се да зборам и да направам. Дете:) кое знае да ме разбере.

Лејди Сатори истата будала од мсн:) За кратко време станавме сестра и батуле,што е прекрасно:) Барем сеа ќе има кој да ја брани од лошите момци:smir: :vozbud:


Водкамикс Да не те познавав и да ти ги видев сликите ќе помислев дека си Геј:) Луд,абе како некој живец се само нешто му текнува се само нешто да збори,само да удира ремет:) Човек кој знае како да се забавува и да си го троши драгоценото време на скапиот ноќен живот:):)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Дивајн...Искрено ја замислував во понашање како црнецот од Јамајкански боб след тим (оној ќељавиот Bad ass motherfucker who cant take no shit from no body:)) ама испадна дека сум згрешил, фина насмеана енд ши лајкс хипхоп:)

Форчнка...мислев дека си плавуша:)

Псајтикакоидабеше...мислев дека имаш некои 21-22 години и дека си тежок џанак(ко да не си) шо иде само по журки и мава табли:) испадна опасна кафанџика шо си го утналајузернејмот:pos:шала

Кенгур...мислев дека ќе видам уште едно кантерфрикче со многу мрсна коса и доооолга брада-испадна фаца човек

Скулгрл...Нафурана шмизла, лошотилок-испадна срце човек:)и бест френд бај д фрикинг веј:)

и веќе ме смрзе да пишувам
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Од кај па сеа гевгеличани ги најде. Се знае како одат работите први се велешани-најубави и најпаметни, втори се охриѓани-втори се у убавина а у памет не, трети се скопјани ама тоа е затоа шо пола од нив се измешани-пола велешани пола останатиот дел од Македонија. Значи сума сумарум Велес е центарот на Македонија. :bip:

Велешанец еј :pos2:

Meне сите ми се исти ко шо претпоставував дека се, БУКВАЛНО ИСТИ.
А многумина ми кажаа дека јас сум ги изненадила :vozbud:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Зошто мојот изглед најмногу вара?:pos2:

Туку еве и јас нешто набрзина да поднапишам, а ќе завршам друг пат дека многу ве има ...
Скул ја замислував како препотентна шмизла ... испадна баш обратно од тоа плус многу поубава од сликите!
Ацид нејзин ... се разочарав од тоа колку беше повлечен на прво запознавање ... добро што се отвори после тоа, па го поправи впечатокот и си дојде на своето.
Псај - мислев дека е некое невино девојче кое ќе стои во некој ќош, а тоа ти била прекрасна згодна и фина девојка накај девојка и пол.:shame:
Точкест мислев дека е бесно, некултурно и даркерско детиште, а тој ти бил фин и ведар дечко кој многу убаво игра.:vozbud:
Бада - сонце тоа ... сто собиранки само се гледавме без да се запознаеме (срамот ќе те убие!), а кога се запознавме веќе сфатив дека не е каков што е на форум - дрзок, непријатен и строг. Сонце бе!:kiss:
Ада ... испадна 100% контра од мојата замислена слика ... иако грешев и за неа, мило ми е ... ептен убава, интересна, комуникативна и весела појава ... златната таа.:smir:

to be continued ...:umorno:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Јас не можам да пишам за сите што ги запознав туку само за тие што по малку се здруживме:
1.Точкест-за него имав комплетно извртена слика, мислев дека е некој исфрустриран типац што сака само да се прави фраер-но испадна дека е дечко што е ептен кул и ми остави можеби најдобар впечаток, со него би можел и најдобар другар да станам.
2.Водкамикс(Фас 11 октомври)-ја за него мислев дека е некој тежок реметџија што никад не е озбилен и само сака да се смее и зеза, ама сум се зезнал чоеков испадна дете на место, присотен кулутурен секогаш одморене во зборивите секогаш сериозен. Со него може да се разгвара за англиска книжневност или за како барокот влијаел врз робовите во африка:pos2:(ова за водка е шала ако некој не капира)
3. Гижо(Хипопатамус)-а бе он уствари како што го замислував таков и беше само што многу пофлегматичен ми е некако во реалност(ја мислев со него ко ќе се зазбориме за музика крај ќе ни нема-уствари не дај боже сега да види некој за шо ја водка и гижо збориме:pos:).
4. Бушав-знаев дека кажуе вицеви ама не дека знае преку 3000 вица, ја нареден пат не седам до него зашо од последното седење добив запалење на стомачни мускули
5.Некрофилија-најголемо изненаџење ја си викав типацов е некој 26-7 годишен емовец кој шо не може да ја преболи бившата. Он да ти бил млад наци нео панко метало скинер со коса кој што не може да ја преболи бившата.
6.Тончи е баш како што го замислував. пријатен весел добро друштво.

Сеа ме мрзи за другите друг пат.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
1
5.Некрофилија-најголемо изненаџење ја си викав типацов е некој 26-7 годишен емовец кој шо не може да ја преболи бившата. Он да ти бил млад наци нео панко метало скинер со коса кој што не може да ја преболи бившата.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Невиден си бре,стомак сеа ме боли од смеење.Метало панкер скинер,:pos2:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Бушав-од старт знаев дека е таков бушав,полн смеа,полничок :kesa: едноставно неодолив :pos:
Гижо-нема утка и него го погодив само мислев дека има долга виткана коса и само за рок прави муабет,но не било така има и скриен клабинг во него :)
Псај-Мислев дека е тешка шмизла што не прави муабет со секого,пицната во фард и ред други работи,а ова синдикат само маска и е,но сосема е друга приказната кога ја запознав :)
Вотка-Клабериште без граници :) и тоа од оние најдлабоките,вака така ние не позираме нели :)
Мацедониан-леле викам сега овој некое бубаторче со наочарчиња иде по журки и пие само сок од праска,но излезе добро другарче со познавања од ноќниот живот и клаберство :)
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Necrofilia - Типчево многу ме потсеќа на најдобриот другар од средно. Работлив е тоа што го работи го сака - посветен е на својата работа - ова многу го поштувам.
Темава не е психоанализи нели? :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Acid - прво имав претстава дека е некој дигнат тип (не сакаше мсн да ми даде бе:pos: ), па кога ми кажаа дека е срамежлив делумно ми се смена сликата. Арно ама, кога се запознавме на една неофицијална собиранка уште веднаш се уверив дека воопшто не е ни тоа ни тоа.

G e G o - читајќи го на форум мислев дека доколку седнам на маса со него дека ќе ми е досадно. Кога го запознав сфатив дека сум имала сосема погрешен впечаток. Нормален тип кој знае интересно да откачи и многу е интересен. Уживав кога ќе се погодеше да сме иста смена, кафето навистина ми беше слатко секогаш.

Скулгрл - на почеток мислев дека е шмизла:pos: Откако почнавме да комуницираме сфатив дека е нормална девојка која е многу пријатна за муабет и многу дружељубива, мила и добра.

ада - баш ја замислував ведра, мила, слатка, ама не толку црвена:icon_lol:

Бада - ах, Баде, Баде:cry1: Имав сосема поинаква претстава. Мислев дека би било живо измачување човек да е во негова близина. Арно ама, едвај чекам да го видам:heart1:

Викторгг - сеуште сум сигурна дека добив погрешен впечаток, сигурна сум дека не е недружељубив.

мРнО - кажувајќи се и самиот како голем дудлач, мислев дека навистина е таков. Мислев дека ќе се зафати цела вечер (кога се собравме) да дудла, ама се уверив дека е човек кој сака дружење и е доста пристоен.

Фантом - со оглед на тоа што многу досадуваше, мислев дека е на господ-бељата. Сега имам поинаков впечаток. Ако сака знае да е добар:wink:

ramada - прво не верував дека е женско:icon_lol: Потоа мислев дека некој се крие зад нејзиниот јузер. Се уверив во спротивното, се работи за прекрасна личност.

Има и други, ама толку ми текнува сега.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
mnogu mi dojde interesno toa sto za mnogumina sto mislev deka se znaete i deka se gledate sekoj vtor den.....ustvari vistinata bila deka tek do pred nekoja nedela ste imale samo virtuelna slika za niv....

fino forumov me neazi ebago :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom