Друже, вакви зелени од тебе?
Ај да пишал вакво нешто
@vlavot, тој командантот Марк (што не пораснал во животот) или синан-сакичот (не ми текнува на никот, тој што се грее на парно, ама не пропушта да извреѓа се што е од Gree), ама ти?
Gree може да го сакаме или мразиме, ама е најголем производител на резиденцијални клими на оваа наша планета. Други се тие што ставаат свои налепници, како Вивакс до скоро (поминаа на Мидеа), York, Cooper&Hanter и тн.
Погрешно!
Колку е брзината на внатрешниот вентилатор поголема, климата ќе биде поефикасна, ќе троши помалку и следствено на тоа, поретко ќе оди во дифрост.
Ако бараш линеарно зголемување, има: колку зададената температура е повисока, одењето во дифрост е поголемо. Ама ти збориш за нешто друго и си грешка.
Извини што ви се мешам во мирцот што си го терате со Стрелец, ама "морам" да го прокоментирам ова...
Замисли да купуваш обично стерео појачало. Бираш меѓу едно што има класично трафо, еден тенок ладилник за двата канала, и друго со квалитетно, ефикасно тороидално трафо, два масивни ладилници (за секој канал посебно). Двете се 2 x 100 W, првото тежи 6кг, второто 10кг. Кое појачало ќе го одбереш?
Голем двореден изменувач во комбинација со голем вентилатор (445мм) што пумпа 2400 м3/h е добро да го има секоја клима, но тоа чини пари. Надворешната не тежи 43 кг бадијала.
Внатрешниот изменувач е исто така позамашен за "класична" клима од 3.5кв. 662x25.4x305, цилиндарот/вентилаторот е 98x662 и затоа тежи 11кг.
Колку "јапонски" клими може да се пофалат со такво нешто и по можност да чинат 40К?
И ти и јас сме ја одбрале оваа клима како "Best buy", едноставно сме добиле најмногу за вложените пари. Дали може/има подобро? Секако да.
Бидејќи добро ги анализираш работите, ќе постирам еден дијаграм од Хансол -20
Прегледај го приврзокот 182125
и еден од Амбер -30
Прегледај го приврзокот 182126
Има разлики, така? Има разлика и во цената од "смешни" 100 евра. Јас кога го пазарував хансолот знаев кој се разликите исто како и сега. Во мојот случај тие 100 евра ќе беа фрлени во ветер. Во твојот, не знам. Постои можност монтажата да ти била "утка", или пак ти си очекувал чуда. Во секој случај не е во ред состојбата. Примени ги советиве што ги доби до сега: да не ја исклучуваш преку ноќ, батали iFeel, auto fan, бапни ја во 3, 4 брзина во континуитет (неколку дена) и види како ќе оди (топлина и потрошувачка).
Ако и понатаму не си задоволен, јави се во Gree mak, нека пратат екипа и нака испитаат. За тоа служи гаранцијата, побогу. Ако пробаат да те игнорираат, ќе пишеш тука и секаде кај што ќе ти текне. Постојат и инспекции. Не е само да ни ги земат парите, имаат и обврски кон нас потрошувачите.
Да нагласам, ова важи за сите фирми и сервиси, да не им текне на тие од анти Гри лобито да си прават лажни филмови како што само тие знаат.