Економска политика на Македонија

Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
Предлог до модераторите темава да се преименува во економски политики на владата или нешто слично на тоа.

Инаку Анѓушев најавува дека во март во собрание ќе помине законот за либерализација на пазарот на струја.
Либерализацијата од аспект на бизнисите (поголемите потрошувачи на струја) е ептен позитивен чекор. Не знам колкава ќе биде таксата за одржување на мрежата ама не верувам да ја надминува сумата која ќе се заштеди. Конкретно имам фамилијарен бизнис кои троши во просек 2000 евра месечно за струја, со либерализацијата се заштедуваат 30% или во денари околу 35-40 000 што не е мала сума за бизнис со 17 вработени. Годишно му доаѓа околу 7000 евра плус.
Дали има најави колку би се движела редовната такса за оддржување на мрежата?
Дали знаете како ќе се одрази ова на сметките на малите потрошувачи т.е. на домаќинствата?

https://sdk.mk/index.php/makedonija/strujata-nema-da-poskapi-tvrdi-vitsepremierot-kocho-angushev/
Занимливо, со 2.000 евра се рачунаш за голем потрошувач?? Не гледам зошто тогаш по три-четири згради не се договорат за заедничка набавка па да бидат ист дури и поголем потрошувач. 120.000 денари е таман сметка на околу 50 фамилии, па да не им се одрази на цената со законот за либерализација,а можат дури и да заштедат како викаш. Се си е работа на бизнис , треба само да се смисли форма која чини најмалку. Енергетско задругарство баш модерно звучи.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.262

Кој рече дека се сметам за голем потрошувач? Мислев на поголем во однос на едно домаќинство, иначе 2000 евра се смешна сума за големите фирми.
Цената што е неформално договорена е таа, не им ја смислувам јас продажната стратегија на произведувачите.

Идејата за задругарство е неизводлива. Што ќе се случи кога да речеме 30% од членовите на т.н. задруга ќе почнат да избегнуваат плаќање? Плус ако треба да преговараш со 100тина семејства тури му пепел. У влез од десет стана не можеш да се договориш за мењање сијалица, не па за вакво битно прашање.

Едит: сега гледам во заграда сум пишал поголемите потрошувачи. Мислев на поголеми од домаќинствата.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не го чепкајте персоналецот или зголемете го прагот, бара Асоцијацијата на менаџери[DOUBLEPOST=1513084097][/DOUBLEPOST]Народски кажано, за нашиот буџет годинава да биде балансиран, треба за трошиме 12 месеци, а да плаќаме даноци 13 месеци.

Од расположливите податоци се гледа дека најмогу приходи во буџетот се собрале во март годинава и тие изнесуваат 16,8 милијарди денари. На второ место на листата се наоѓаат октомври и мај со по 15,4 милијарди денари. Наспроти нив на расходната страна најмногу одливи имало во мај и тие изнесуваат 17,1 милијарди денари, втор е март со 16,7 милијарди денари, а трет е јуни со 16,2 милијарди денари.

Во структурата на приходите апсолутно доминираат даноците (ДДВ, персоналец и добивка), придонесите и акцизата. Во структурата на расходите најголема ставка се социјалните трансфери кои се околу 60 отсто од сите расходи.

http://faktor.mk/zoshto-makedonskiot-budzet-e-hronichno-vo-crveno
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Зголемување на пензии нема да има, а зголемување на даноци, струја и вода ќе има.

Во буџетот на МТСП нема пари за зголемување на пензиите

Министерството за труд и во 2018 добива најголем дел од државниот буџет.

Со вкупно над 700 милиони евра ќе ги подобрува состојбите во областа на трудот и социјалната заштита, заштитата на децата и ранливите категории граѓани ќе овозможи законско усогласување на пензиите и нивна редовна и навремена исплата и ќе работи на намалување на невработеноста.

- Предлог-буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година е највисок во износ, во споредба со сите ресори затоа што најголем дел од средствата одат директно кај граѓаните - рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Најголем дел од парите од буџетот на ова Министерство, 474 милиони евра ќе одат за редовна исплата на пензиите и нивното редовното законско усогласување. Покачување и оваа година нема да има.

Не се предивдени ниту пари за зголемување на социјалната помош. Од друга страна експертите констатираат дека заради реалниот годишен раст на цените на годишно ниво и проектираната инфлација мора да има покачување на пензиите и социјалните трансфери во спротивно ке дојде до осиромашување на овие ранливи категории.

http://www.skopjeinfo.mk/vo-budzhetot-na-mtsp-nema-pari-za-zgolemuvanje-na-penziite
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Се додека не дојде четворица во приватен сектор да работат за еден пензионер и пола државен службеник ќе си тапкаме во место и на назад можно е.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Една комшивка моја работи со костуми, кошули, свечена гардероба, вика во 25 години работа вакам никогаш не било. Два дуќани има само што ги отвара трошок има, а луѓето не купуваат, немаат пари. Не е во загуба, ама нема ни добивка, работеле колку за сметките и да се оддржат во живот. Се мислеле да затворат, а што ќе прават после.

А Заев вика третина од данокот не можеле да соберат, се богати некој :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1513171059][/DOUBLEPOST]Ова ќе следува и кај нас за 500 евра долг можи да ти ја земат куќата станот, имотот:

Милион Грци станле даночни обврзници
Владата во Атина се обврза пред кредиторите да го реши прашањето со „лошите кредити“, што е услов за отпуштање на дополнителни транши кредити.

МИА ● 09:06 13 декември 2017 ● Прочитано 590

Над еден милион веќе станале даночни обврзници во Грција чиишто имоти се веќе конфискувани поради задоцнети обврски кон банките, соопшти „Катимерини“.

Весникот алармира дека на ден властите конфискувале по илјадници имоти на лоши должници. Тие се на аукција.„Прото тема“ предупредува дека е можно секој со неподмирен долг, дури и за 500 евра, да ја загуби куќата преку интернет т.е. во рамките на онлајн наддавања.

Владата во Атина се обврза пред кредиторите да го реши прашањето со „лошите кредити“, што е услов за отпуштање на дополнителни транши кредити на државата.

http://www.plusinfo.mk/vest/137043/milion-grci-stanle-danocni-obvrznici[DOUBLEPOST=1513198065][/DOUBLEPOST]Држ те се в година има да биде бум од економија.

– Најважно за една земја да биде богата е да биде стабилна, сигурна со владеење на правото. Еве ви еден реален пример за кој лично можам да посведочам. Еден ден по настаните од 27-ми април главниот дистрибутер на камионите кои ги произведува БРАКО ми се јави целиот уплашен со намера да го раскине договорот. Ми вика, абе Анѓушев, ако овие можат вака со мотки да влезат у собрание и да тепаат пратеници со смрт, па кој може овие да ги спречи да влетаат кај тебе у фабрика?!?! Едвај го убедив да не го раскине договорот…

Вице премиерот Анѓушев на конференција од УСАД за интернационализација на македонската економија.

АНЃУШЕВ: Точно е дека имаме пад од 30 посто во градежништвото годинава, но догодина ќе имаме бум, ќе се почне со работа на автопатите, пругите, ќе се рестартираат ФЕНИ, ЈУГОХРОМ…

– Поради тоа што го стопиравме Скопје 2014-та и поради локалните избори привремено беше стопирано давањето градежни дозволи и затоа има пад од 30 посто во градежништвото, но догодина ќе имаме бум во сите сектори, ќе се рестартира работата на автопатите и пругите дури ќе почнеме пруга и за Албанија покрај онаа за Бугарија, ќе се рестартираат ФЕНИ и Југохром, ќе почнат домашните фирми да ги користат бенефитите кои досега важеа само за странските инвеститори, ќе имаме вистински економски бум!

Вице премиерот Кочо Анѓушев на конференција во организација на УСАИД на тема интернационализација на македонската економија.

(ВИДЕО) КОЧО УБАЦИ У ПЕТТА БРЗИНА: Дневно учествува на 2-3 конференции, држи 2-3 прес конференции, учествува на тв емисии во живо, брифинзи, состаноци, сече ленти, фрла лопати…

http://dokazmk.info/kocho-angushev-ubatsi-u-peta-brzina-sekade-go-ima-a-bogami-i-novinarski-velichini-uporno-mu-sluzhat-se-sprema-za-pretsedatel-na-drzhava-da-bide-nema-labavo/
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
" Сите земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен, соопшти министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Со тоа, додаде тој, досегашното ослободување до 300 илјади денари приход ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност што имаат приход до милион денари.

„Тоа значи дека околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Од државата се пренасочуваат кон граѓаните-земјоделци. Повратот значи ослободување, оти на крај на година земјоделците ќе добијат пари што ќе се вратат кај нив“, рече министерот.

:lolzz::lolzz: :zver::zver:

Абе да не знаеш кој од кој поголем професионалец од министриве :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
" Сите земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен, соопшти министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Со тоа, додаде тој, досегашното ослободување до 300 илјади денари приход ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност што имаат приход до милион денари.
Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Им ги зема парите за да им ги врати. Јас не знам која шизофренија е ова министер за финансии вика едно, министер за земјоделие вика друго, и министер за здравство нема.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Им ги зема парите за да им ги врати. Јас не знам која шизофренија е ова министер за финансии вика едно, министер за земјоделие вика друго, и министер за здравство нема.
...прометот го забораваш. Се вртат статистики ..
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.534
Поени од реакции
9.416
Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Им ги зема парите за да им ги врати. Јас не знам која шизофренија е ова министер за финансии вика едно, министер за земјоделие вика друго, и министер за здравство нема.
Ne znam sto im trebase vlast na ovie, podobro se snaogaa vo opozicija, si imaa insajderi za da plukaat po vlasta super Im bese, sto im trebase vlast da se brukaat ko prvoodelenci.
 
B

Bafra

Гостин
...прометот го забораваш. Се вртат статистики ..
Тоа се вика кредитирање на сметка на народот, без да има трошок државата за тоа.
Ти зема твои пари, си работи со нив, после 14 месеци ќе почне да ти ги враќа БЕЗ да добиеш камата, а ќе изгубиш од вредноста поради инфлација, плус божем добри биле што ти ги вратиле :pos:

Ама економски сме необразовани, плус кротки јагниња, па 180.000 паразити нека живеат, има народ пари, знаат политичарите ;)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.753
Поени од реакции
16.974
Брзиот трансфер на пари ќе мора да се пријавува во УЈП

ок е да се оданочува приход, но ако лицето А му пратило на лицето Б во друго место пари износ Ц, ама ако тие пари му се ставаат на лицето Б како приход тогаш треба да му се прикажат на лицето А како трошок и да му се одбијат од даночна основица...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Колкава е дупката во државниот Фонд за ПИОМ ?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2017

inShare

Пензиите ги јадат сите приходи од акциза што ги собира државата. За првите десет месеци годинава од државниот буџет е покриена дупка од 315 милиони евра за пензиите на пензионерите. Податоците покажуваат дека просечно месечно буџетот на ПИОМ е краток за 2 милијарди денари околу 32,4 милиони евра

Сите приходи што државата ги инкасирала од акцизи завршиле во полнење на дупката што ја генерира државниот Фонд за пензиско осугурвање на Македонија (ПИОМ), покажуваат официјалните податоци што ги објавува Министерстовото за финансии на својата интернет страница. Со објавувањето на овие податоци за прв пат јавноста има можност да види колкава е дупката на месечно ниво што ја создава државниот пензиски фонд заради дебалансот меѓу неговите приходи и расходи.

За првите десет месеци годинава дупката на државниот пензиски фонд е 19,44 милијарди денари односно 315 милиони евра, просечно месечно Фондот на ПИОМ е краток по околу 2 милијарди денари кои ги доплаќа централниот буџет. Сликовито кажано, сите приходи од акцизи што ги собира државата одат за пензии на пензионерите. Тоа значи дека кога купувате гориво на која и да е бензинска пумпа, купувате алкохол со фискална сметка вие обезбедувате пензија на вашата мајка, татко, баба или дедо.

Засега се знае дека на среден рок нема решение на ова отворено прашање.

Се очекува генерацискиот јаз да се надмине најкратко за пет години од сега кога ќе почне да се зголемува бројот на пензионери и сумата што ќе ја исплаат фондовите од вториот задолжителен пензиски столб. Со тоа треба да почне да се намалува притисокот, а со тоа и дупката на државниот пензиски фонд.

Приходи, расходи и разлика на ПИОМ јануари-октомври 2017 година (во милијарди денари)

http://faktor.mk/kolkava-e-dupkata-vo-drzavniot-fond-za-piom-
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Kajgana Shop

На врв Bottom