Значи нема врска ова што го збориш. Покрај стандардната А листа на која не можеш да имаш повеќе од 21 играч, клубот доставува и Б листа за играчи родени на или по 1 јануари 1996 година, кои од својата 15-та година поминале најмалку 2 години непрекинато во Вардар. Тодороски колку што сум запознаен е дојден, заедно со Колески од Металург пред една година и нема право да биде ставен на таа Б листа.
Иначе истите тие листи мора да бидат пратени заклучно со 31 август, а не кога ќе им текне на нив. Па не е ова општинска лига во Македонија...