Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кој очобол е Демири да го гледаш мајко мила.... Незнаеш кој е полош дали он дали Глишиќ
Зборовите од уста ми ги зема, таман си викав „фала богу Демири ќе стартува, колку и да е лош пак е поарен од Глишиќ“ али гледајќи го денес се прашувам колку стварно е поарен.
 
Мора да ги игра Велковски и Муслиу ако сакаме да имаме иднина,а шо Грне 40 години со Новак ништо посебно не играт...
 
Вардар во Лига Европа е нешто слично како Дерби Каунти што беа сезона 2007/08 во Премиер лига, служат само за подобрување гол разлика на противниците... Секој натпревар исти грешки, одбраната редовно спие, исти голови примаме, од грешки никако не успеваме да научиме. Нека е поука сезонава, штетата веќе е направена, нека се затвори тотално играва барем да не се прими повторно петарда или повеќе
 
Фелипе е цар !! Очигледно е дека игра за себе, џабе ќе игра за другите кога се камења. Уште не ми е јасно како се одлучија за Џигаури пред Којашевич...
 
Сместа би го избркал барсегјанг после шутов од 40 метри.

Иначе ова досега ни е убедливо најдобро полувреме досега.
 
Мнооогу работа ќе има Чеде зимоска. Се надевам тие пофални зборови за Самс не беа за џабе. Ќе мора да го одврзе ќесето. Најважно е да не киксираме до паузата па после тоа ќе мора добро да размислат од управа што и како понатаму.
 
Какво славје си направив дома за голов :vozbud: :pos:

ГООООЛ, СЕ БИ ДАЛ ЈАС ЗА ГООООЛ, САМО НАПРЕД ВАРДАРЕЕЕЕЕ, ВАРДАР ДАЈ ГООООООООЛ !!! :cujte: :Кезец:
 
За утеха второво полувреме солидно играа и заслужено намалија 2:1, ова испадна најдобриот натпревар во групнава фаза. Се надевам со Руземборг дома ќе успеат конечно да не израдуваат, тој натпревар уште од старт се гледаше како единствена шанса за успех. Тапа ќе биде на десната бековска позиција тој натпревари оти Хамбарџумјан нема да може да игра а прашање Брдаровски кога се враќа и колку ќе може да стартува тогаш, а трета опција би бил веројатно Муслиу оти Тодороски не е во конкуренција
 
Тоа што не успеа со Пелистер, сега успева. Изгледа вежбано е ова додта на тренинг. Првиот Македонец што постигнува гол за Вардар во европските купови е Драчевец :cool: (знам дека без оваа канцерогена информација не ќе можефте да продолжите со животите)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom