Пост на кој сте се изнасмеале

Вори 14к плата, одличен летен одмор, 1 слободен ден неделно, исполнето време за викенди, доста забавна работа, во контакт си со луѓе, к-15 секоја година и така натака.

Ако случајно те примат, барај да си у Ченто 2, со Стек заедно да работите, одличен ментор ќе ти биде.
Само утакмици да му дава е доволно, одличен процент на кладење 1/100 погодени тикети во последниве недела дена :D
 
Вчера Ривер-Бока прекрасна утакмица на Монументал. 1-2 за Бока, утакмица со 2 црвени картони од кој еден после маја гери старт на Фернандез по кој од слободен удар во стилот на Рикелме погоди Кардона за 0-1.
Истиот играч во вториот дел заработи црвен картон по еден наводен удар со лакт кого само очајниот киклоп од судија со 16 залижани влакна наназад го виде.
:pos::pos::pos:

Еве како изгледа киклопот
Nestor+Pitana+France+v+Germany+Quarter+Final+HgPwN2QvTQtl.jpg
 
ДК,
прочитав поназад неколку интересни случки со животни, па и јас се сетив на една таква, каде што двајца во безсознание паднаа за една вечер.
Настанов се случува во Русија, на викендицата кај еден колега пред околу 2 години.

Колегава реши да го слави роденденот на неговата викендица со спиење. Дводневна програма со пијанка, веслање по река и сл (+ можност да се продолжи на уште еден ден).
Во петок после работа тргнавме и после долго трантање со колата ја најдовме викендицата. Местото и објектот убави, природата прекрасна.
Паркираме пред влезот за во дворот и излегуваме јас и уште еден да ги отвориме портите. Веќе имаше и други коли. Отвараме портите и другарчево со колата си влезе и се оддалечи да бара место да паркира низ дворот.
Ние ги затворивме крилата од портата и се вртиме кога гледаме во дворот МЕЧКА. И се упатува на кај нас. Ми се чинеше без крв останав. Цела младост пред очи ми помина. Среќа малку подалеку бев од другарчево и одма ја прснав да бегам, а тој уште постаписан и едно време падна во несвест. Бегам и урлам, кога излезе славеников и вика демек не се плашете моја е. :eek:
Ништо нема да ви направи Миша само сака да си игра. Искрено, ама ич не ми се играше со Миша од 400-500 кг.
Мечкава му ја вардела викендицата. Ние врска немавме. Колегава ниту не предупреду ниту ништо.

Ајде се смири работата. Овај другиов го освестија. Се вративме некако во живот и возбудени сите во некоја славеничко-празнична еуфорија се запивме. Бевме околу 15 луѓе. Времето беше пријатно и забавата продолжи во дворот. Миша ни се приклучи во друштвото и едно време исчезна. Ние така солидно запиени вревиме нешто муабетиме не ја забележавме кај замина. По некое време славеников почна да пцуе нешто по мечката. Миша блјат, пиздец и сл. Гледам оди кон сушарата полна со риби и печурки од соседната викендица. Таму мечката јади од то рибите и печурките. Овај пијан кога ја фати со клоци то мечката, ја откости. Пцуј-мавај. За кратко време мечката избега накај реката.
Се враќа назад, седнува, си тура пиво и едно време таман да се напие се стаписува, неколку секунди гледа кон шупата и паѓа во несвест. Се вртиме ние кога Миша излегува од шупа.
Будалава којзнае шо мечка тепаше.

Ќумрам готово :pos::icon_lol:
 
Па ваљда дека изгледа како бигл и е бигл да го споредиш со било кој бигл со родовник. Нејсе, родителите му биле со родовник а за него ги мрзело да вадат бидејќи си е домашно кутре .

и баба ми личеше на кралицата елизабета али нема родовник па место да срка шампањ и мези остриги во Лондонска палата , си вареше штаве и киселец на село

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Важно соопштение!

Поради неактивност на претходните модератори, се изгубија редот и правилата кои важеа во темава. Како нов модератор сакам повторно да се научиме како да се држиме до правилата, па затоа би ве замолил повторно да го прочитате воведниот пост во кој е детално објаснето што е дозволено, а што не.



На кратко, цитирањето е строго забрането и ќе биде веднаш бришено и казнувано. Доколку имате нешто што сакате да му го кажете на некој, пратете му приватна порака или пишете му на профил.
Надоврзувањето на некое претходно мислење со цел да се испровоцира или слично е исто така забрането. Но, може на пример да се даде свое искуство за нешто што било пишано претходно. Во таков случај модераторот одлучува дали е во рамките на дозволеното, или не.

Значи до сега било што било, но после постов очекувам сите да ги почитуваат правилата :)

:D
 
Знам дека е поради сликата што си ја создадов во фудбал, со пишување на секакви ствари во кои најчесто ни јас не верувам, ама во општи ќе се врати оној озбилниот и зрел Донев за кој мислеше дека е доста постар од тебе, навивач на Челзи од времето на Ѕола :D
 
Конечно пеја нема да е најлошиот модератор евер.Донев,тронот е твој! :kafence:
А @Донев е модератор на некој небитен подфорум веќе 100 години хахахахахахаххааха
 
Знам дека е поради сликата што си ја создадов во фудбал, со пишување на секакви ствари во кои најчесто ни јас не верувам, ама во општи ќе се врати оној озбилниот и зрел Донев за кој мислеше дека е доста постар од тебе, навивач на Челзи од времето на Ѕола :D
Сместа банирај го од ДК, да не се осети запоставен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom