Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Што ти требало тоа, Лено мори.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Сега вака да направат и во останатите 90% од подфорумите, кои ги "модерираат" членови што се немаат логирано од 2014та и може ќе те оправиме Драга. :D



Eдит: Добро, ако стават луѓе ко Донев, пак ќе си биде исти кур ама ај.
 
Драга Кајгана...дали ќе се најде јунак да ги најде епизодите од Оправдано Присутни и да ги аплоудира на Јутјуб?
 
"The goal is to win, its not to да ги најде епизодите од Оправдано Присутни и да ги аплоудира на Јутјуб"

- Dragonsky.
 
Драга Кајгана,
ми прекипа од улави модератори кои дискриминираат !
 
Се убаво статијана дека таму во Јапонија по којзнае кој пат некој си дал отказ зошто возот тргнал прерано или закаснил 30 секунди, само уште да не ја шернуваа таа вест ликови што ти каснат по саат време како ништо. Поголема некултура од тоа да касниш без осет нема.
 
Пријатна вечер им посакувам, само на љубителите и почитувачите на ликот и делото на шведската симпатична грамада - Олоф Мелберг.

:smirce:
 
ДК,
денес се возев со такси и на радио одеше една нумера, којашто ме потсети на еден подалечен чичко на стариот (мене нешто дедо ми паѓа, ама малку важно).
Чичево вратен од Австралија живееше во едно пелагониско село. Едно лето пред неколку години со уште 2-3 другарчиња правевме тури по околинава. Стариот од дома ми даде аманет, ако одам кон селото на чичево, задолжително да го побарам.
Дојде и тој ден. Одиме во селото, стигнавме и јас излегов да прашам в коперација дали е жив стариов и кај му е куќата. Селаните што седеа пред коперација викаат: „Сега беа тука со Габер“.
Е добро. Ми покажаа кај живее и му се тупнавме. Старчево (возраст околу 85 г.), облечено во најнова мода тренерки, со ирски качкет и некои патичиња (изгледаше како украински гопник) се прерадува кога не виде. Не покани внатре во куќата. Внатре гледаме едно големо куче. Сорта нешто како мелез меѓу Бернардинец и Шарпланинец. Всушност, огромното куче беше Габер.
Седнавме на такви стари дрвени со сламарица столици. Чичево изваде ракија, ни тури по едно чаше и на грамофонот пушти една плоча со рок песни од 70-тите. Една од песните на плочата е таа што денес ме потсети на чичево.
Сите шмукавме ракија, а тој строго вино од продавница. Изваде мезенце, ова-она, фативме муабет, се расприкажавме, тој почна да раскажува. Свртивме и ние на вино. Едно време снема вино. Чекај рече ќе го пратам Габер до продавница. :confused:
Како бе му викам стрико? Е одете по него ќе видите.
Му стави едно платнено самарче и му вика: „Оди кај Радета Милески в продавница по вино“.
Песов тргна. Ние по него на растојание од 20-30 метри одиме. Си стигна кучево в коперација и продавачот како да си знај. Му вика: „Габер по вино дојде? Овие гостиве многу пиеле!“
Да не ти се верува. :brlav: Потоа, продавачов бара таму вина, му спрема и му вика на кучето: „Немам од тоа (не знам точно шо вино беше), ама кажи му на стопанот еве од ова ќе му дајме.“
После тоа си зема пари од едно џепче на кучево во самарчето што беше и му става назад кусур. Додека ова се случува влегуваат в коперација 2-3 баби да купуват. Едната му се обраќа на кучево: „Габер, Блажета како е? Да ми го поздравиш.“ Ние во шок! :)
Се вративме кај чичево и ни раскажа дека веќе 9 години со кучево секој ден истиот пат го тепале до коперација по вино и кучево се издресирало. Продавачот знае за што е кучево дојдено и му дава роба.

Лани разбрав дека стриково починал на 90 години, а три дена по него и кучето. Што ти е верност и послушност, а не јас кога ќе ѝ речам на женската да оди да ми прикупи пиво, оти второто ќе ми почни, а јас пица ќе порачам, ќе ми ги извади очите.

Valar Dohaeris

П.С. Песната од плочата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom