Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Воскреснуваш на форум од нигде - никаде после одредена хибернација, се убацуеш у Драга Кајгана со пост каде бараш матурантки, те плескаат со дилдо у фаца пошо си заглавил на 33 години да дркаш на средношколки, се курчиш дека си стар член и го потиш дека имаш ексклузивно право да пишуваш што сакаш, паузираш недела дена и спамаш со глупости по други теми, праиш кам бек на мала врата со нов аватар реинкарниран во најголемиот стручњак за жени и им делиш совети како да ќарат нешто и проценти на дечиња кои се немаат лапано во " Булевар" на времето зашто не биле ни родени кога "Булевар" работеше, и делиш совети од книга за флерт и заведување на жени која е обично литература за матуранти кои сакаат да брцнат нешто за матура, а си на прагот на средовечна криза - кај и да е. И мислиш дека си селебрити.

Од нула до бурн, колку си очаен и патетичен?
Едино делот за аватарот ми смета, зашо дур бев активен си го мењав на секои неколку месеца, и сега ќе ми е пракса тоа.
...за се друго, постои мастер кард...олабави ме молимте
 
@Ставрогин @Agda Beata @Solaire of Astora

Јас на вас тројца во ниту еден наврат ви се немам обратено на ниту една тема, со навреда, обид за провокација, па дури и дискусија во некоја тема. (но сум одговарал на ваши провокации)

Од друга страна, буквално вие почнавте мене да ме напаѓате, со навреди за како сум недороснат, дека сум исфрустриран, тинејџер, стар, ружен, утепан итн итн. Само затоа што не ви се допаѓаат моите мислења, и вашето верување дека ме знаете кој сум и низ што сум поминал. Иронијата е што очигледно вие знаете кој сум, а јас ќе глумам дека не знам кои сте вие.

Како и да е, ако сте толку прогресивни и супериорни колку што велите дека сте, за секунда само запрашајте се зошто имате потреба да се обидувате да ме газите кога на вас апсолутно ништо нити сум ви рекол, ниту сум ви се обратил...навреди кон други доаѓаат од тоа што сами го имаме во себе нели, па се обидуваме да го проектираме.

Нема веќе ни да ви кажувам да ме олабавите, ова е последно што ќе реагирам на вашиве детски глупости.

Ако има тронка разум, ќе го прочитате ова и ќе го баталите, не дозволувајте егото да ве притиска за да истрачте со одговор за кој сум јас што сум правел и што правам и колкав сељак сум поради тоа...тоа е на крај на денот е моја работа, не ваша.

Благодариме за вниманието.
 
ДК,
прочитав поназад неколку интересни случки со животни, па и јас се сетив на една таква, каде што двајца во безсознание паднаа за една вечер.
Настанов се случува во Русија, на викендицата кај еден колега пред околу 2 години.

Колегава реши да го слави роденденот на неговата викендица со спиење. Дводневна програма со пијанка, веслање по река и сл (+ можност да се продолжи на уште еден ден).
Во петок после работа тргнавме и после долго трантање со колата ја најдовме викендицата. Местото и објектот убави, природата прекрасна.
Паркираме пред влезот за во дворот и излегуваме јас и уште еден да ги отвориме портите. Веќе имаше и други коли. Отвараме портите и другарчево со колата си влезе и се оддалечи да бара место да паркира низ дворот.
Ние ги затворивме крилата од портата и се вртиме кога гледаме во дворот МЕЧКА. И се упатува на кај нас. Ми се чинеше без крв останав. Цела младост пред очи ми помина. Среќа малку подалеку бев од другарчево и одма ја прснав да бегам, а тој уште постаписан и едно време падна во несвест. Бегам и урлам, кога излезе славеников и вика демек не се плашете моја е. :eek:
Ништо нема да ви направи Миша само сака да си игра. Искрено, ама ич не ми се играше со Миша од 400-500 кг.
Мечкава му ја вардела викендицата. Ние врска немавме. Колегава ниту не предупреду ниту ништо.

Ајде се смири работата. Овај другиов го освестија. Се вративме некако во живот и возбудени сите во некоја славеничко-празнична еуфорија се запивме. Бевме околу 15 луѓе. Времето беше пријатно и забавата продолжи во дворот. Миша ни се приклучи во друштвото и едно време исчезна. Ние така солидно запиени вревиме нешто муабетиме не ја забележавме кај замина. По некое време славеников почна да пцуе нешто по мечката. Миша блјат, пиздец и сл. Гледам оди кон сушарата полна со риби и печурки од соседната викендица. Таму мечката јади од то рибите и печурките. Овај пијан кога ја фати со клоци то мечката, ја откости. Пцуј-мавај. За кратко време мечката избега накај реката.
Се враќа назад, седнува, си тура пиво и едно време таман да се напие се стаписува, неколку секунди гледа кон шупата и паѓа во несвест. Се вртиме ние кога Миша излегува од шупа.
Будалава којзнае шо мечка тепаше.
 
672.jpg
 
Драга,

Феномен ми се луѓе што мудрат за инТЕЛЕгенција и се прават најпаметни, а им фали И-то во интелИгенцијата.

И возачи што во сета таа скопска сообраќајна гужва застануваат на сред раскрсница иако нема кај да одат и уште побетер ја прават гунгулата. Ама битно зелено им е.
 
Кајче,
ги обожавам краткиве филмчиња. Така се интензивни, брзи, прекрасни, со толку силни пораки и приказни... и заштедуваат време, а ефектот понекогаш е ист.
Многу се радувам што за брзо ќе започне фесивалот за кратки филмчиња кај нас, во Прилеп. Втора година ќе биде оваа како се одржува.
Првата имаше предобри, а годинава можеби ќе има повеќе од Македонија и соседниве држави.. имаме многу добри млади режисери на вакви филмчиња. Штета што немаат многу шанси тука.

Како и да е .. ова ми го направи денот уште посончев! :noze:
 
Драга Кајгана,
мразам луѓе што лажно ми велат дека ме сакаат,но јас не гледам љубов во нивните очи,туку омраза.Ми работат зад грб и тоа ме нервира.Мразам и луѓе кои бесрамно ги уништуваат животите на другите.
 
Кајче,
ги обожавам краткиве филмчиња. Така се интензивни, брзи, прекрасни, со толку силни пораки и приказни... и заштедуваат време, а ефектот понекогаш е ист.
Многу се радувам што за брзо ќе започне фесивалот за кратки филмчиња кај нас, во Прилеп. Втора година ќе биде оваа како се одржува.
Првата имаше предобри, а годинава можеби ќе има повеќе од Македонија и соседниве држави.. имаме многу добри млади режисери на вакви филмчиња. Штета што немаат многу шанси тука.

Како и да е .. ова ми го направи денот уште посончев! :noze:
Мене и Стојче од Мал Метропол во Прилеп знае да ми го направи доволно сончев денот. Со Фестивалот, доживувањето би било комплетно.
Драго ми е што Прилепчани имаат вака убав настан

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Драга Кајгана,
Си ги слушнала оние луѓе што ти викаат дека си егоист, дека премногу се сакаш себе си, дека се ставаш себе си во центар пажња и дека си самобендисан? Па тоа ти го кажуваат само луѓе кои себе си не се сакаат. Не можеш да сакаш ништо друго ако не се сакаш најпрво себе си!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom