Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Раката ме боли. Цел ден го држам чадорот, цел ден горе доле одам, чизмите ми се наполнија со вода, но сепак не го мрчам ваквото време, како што тоа го правев порано. Во сите нешта гледам да пронајдам некоја убавина. И постојано ми поминува мисла за еден ден да си ставам тетоважа. Само не знам дали би сум се одлучил и дали таа одлука би била правилна:)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.253
Поени од реакции
78.887
како само ќе се заебеш со тетоважата...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.934
Поени од реакции
17.648
Во образованието можам да кажам дека дојде животот.Досегашниот директор од дпмне ни беше начукан 24/7 а овој новиот на сдсм подпивнува само на голем одмор.
А и да нема повеќе партиски вработувања само случајно за време на кампањата го гледав по штабови.Ајде може па на овој ќе му текне да пушта парно на втора смена.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
@Acid Гледам и тука (мислам на порталот, не форумот) се почна со лоши преводи од српско-хрватски сајтови... Најсвеж пример статијата за виното, грузиските научници и престолнината Тбилисија. (n):pos:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
@Acid Гледам и тука (мислам на порталот, не форумот) се почна со лоши преводи од српско-хрватски сајтови... Најсвеж пример статијата за виното, грузиските научници и престолнината Тбилисија. (n):pos:
Воочена е грешката и ќе коригираме, фала. Преземаме мерки да се внимава повеќе.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Надвор истура, ладно е, ама пак не се жалам. Почнав да си ја применувам промената. И не, не јадам салами, јајца, мајонези... како порано за доручек, затоа што е зима, туку јадам салата од ротквици, млад кромид, марула, кинеска марула, маслинки и се тоа прелиено со лимета и малку сол и зејтин. Одличен почеток на денот:love:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Важно соопштение!

Поради неактивност на претходните модератори, се изгубија редот и правилата кои важеа во темава. Како нов модератор сакам повторно да се научиме како да се држиме до правилата, па затоа би ве замолил повторно да го прочитате воведниот пост во кој е детално објаснето што е дозволено, а што не.

ДК,

На барање на нашите ценети членови, денес почнуваме малку поинаку и со малку поинакви правила. Со цел да те олабавиме тебе, а и самите себеси. Да нема недоразбирања и сите да може да си го искажеме мислењето, без да чувствуваме некаква „стега“ или ограничување при водењето на нашиот дневник. Почнувајќи од оваа верзија, модераторите имаат насоки да бидат далеку по релаксирани во однос на тоа што го пишувате и споделувате. Не сакам да имате впечаток дека некој врши ограничување на тоа што „смеете и не смеете“ да го напишете на форумов. Од денес, бараме да се почитуваат само 2 едноставни правила кои се воведени за да го одржиме нашиот виртуелен дневник во читко и мирно издание.

1) Без цитирање, тагирање и надополнување нечие мислење
Затоа што е Драга Кајгана е форумџиски дневник, а не турска серија од 1000 епизоди.
Не би сакале 2, 5 или 10 члена да влезат во беспотребна дискусија без крај.
Кој ќе го чита тоа? Ако сакате да му одговорите на некој член, користете ги персоналните пораки.

2) Без кршење на основните форумџиски правила на сметка на „личниот дневник“
Не ја користете Драга Кајгана за да ги заобиколите правилата на форумот. Тие се однесуваат на сите делови од форумот, вклучително и темата „Драга Кајгана“. Не е финтата да наоѓаме „дупки во законот“ и да пробуткаме работи кои не се дозволени на форумов само затоа што постои тема која е „виртуелен дневник“.

Ако се почитуваат овие правила, ние (модераторите) даваат чесен кајгански збор дека:
Нема да ги изменуваме или бришеме вашите мислења
Кој сака да се малтретира со ова ако нема потреба? Дај релаксирајте се...
Сепак, мора да потенцираме дека членовите кои ќе ги прекршат правилата на ДК прво ќе бидат опоменати (и избришани), а доколку ќе им биде одземен пристапот до темата.

До сега сигурно се прашувате:
- А, смеам ли да пишувам за политика?

Овде разумниот одговор би бил:
- Да и не.

Да, во вашиот „виртуелен дневник“ смеете да пишувате на секоја општествено/политичка тема која ве засега. Сепак, ова е вашиот личен дневник. Сите мислења го отсликуваат вашиот личен став и ние не би сакале да ги „начнеме“ на било кој начин. Иако, за сите актуелни теми првенствено ве охрабруваме да тркнете до соодветниот подфорум и да започнете посебна тема на која ќе се развие дискусија. Пример: Имате проблем со легализација? Се сомневате дека ве прислушкуваат? Отворете тема во „Право“ и дискутирајте за тоа со останатите форумџии.
Не, не смеете да ја користите ДК за политичка агитација, пропаганда и труење на темата со небитни муабети кои се прават само со евтино пиво во рака пред коперација. Не не' оптеретувајте со имиња на политички партии и политичари, туку со суштината на проблемот кој ве оптеретува. Зошто? Затоа што на секое спомнување на име, постои ТРОЛ кој има задача да даде контра-одговор и да ја поддржи неговата политичка партија. И тогаш сме наебале, сме биле „цензори“ ако ве избришеме, ги поддржуваме едните или другите. Бидете културни и одмерени и нема да има потреба ниту да бришеме, ниту пак да се разврзуваат бескрајни дискусии.

Драга, толку имав за денес :)
На кратко, цитирањето е строго забрането и ќе биде веднаш бришено и казнувано. Доколку имате нешто што сакате да му го кажете на некој, пратете му приватна порака или пишете му на профил.
Надоврзувањето на некое претходно мислење со цел да се испровоцира или слично е исто така забрането. Но, може на пример да се даде свое искуство за нешто што било пишано претходно. Во таков случај модераторот одлучува дали е во рамките на дозволеното, или не.

Значи до сега било што било, но после постов очекувам сите да ги почитуваат правилата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom