VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Metalurg 1,Psg 1 utre?
ПСЖ треба да е кец,иако Киелце има топ екипа ама со топло ладно стил ќе им треба чудо да го тепаат Парис,иако се бива,и Парис не блеска,сепак имаат многу повеќе индивидуалци кои можат и треба да го решат мечот.
Античките треба да тепаат,Медведи се очај од екипа,во Русија многу лесно се справија Античките со нив.
Се освен победа на Металург ќе е изненадување,ако играат дисциплинирано како на гостувањата со Мотор и Медведи ќе тепаат.
И Скјерн треба да е кец,клучен меч е,имаат за нијанса појјак тим,ама квотата е мизерија,а Данец како Данец -никогаш не си на чисто со нив.
Сегед би можел да изненади денес со РНЛ,имаат топ екипа,премногу победи им се собраа на шалабајзерите,имаа тежок меч со Магдебург во средата,се излупаа,додека Сегед по поразот во лигата од Веспрем кога беа рашлапани дома со 9 комада разлика сеа ќе е накурчен,мислам дека ќе има изненаџење овде,иако победа на Сегед дома против било која екипа на домашен терен не е изненадување,топ екипа имаат.
Можно е и Висла да изненади со Нант,премногу повредени имаат Французите,во криза влегоа,ептен разочараа на старт на сезона.
Висла има потенцијал,ама и тие чкрипат ептен сезонава,многу променливо играат,посебно се губат ако им начука противникот набрзина неколку гола во серија,не знаат кај тераат во тој случај,минатите сезони беа подобри.
Интересна текма ќе е за гледање,за кладење се е можно.
Уствари за кладење едно е сигурно-дека ништо не е сигуро,какви утакмици ми избегаа овие месеци,можам едно сценарио да напишам за некоја трагикомедија.
Не е можно,овие БЕТ365 сречковци невидени се,ама ќе го вратам ударот,кога тогаш:duel::sneaky:[DOUBLEPOST=1509900744][/DOUBLEPOST]Од 1.15 на 1.55 квотата на Металург.
Кој криминал од ракомет го "играат"Античките.
Хаха,абе треба да се забрани пристапот до секакво обложување,го уништија спортот.
Нема врска со клифилници постот,Медведи да ти закуца 17 комада за едно полувреме е резил,Медведи бе ,убедливо најслаба екипа во цела ЛШ.
Тежок криминал е ова денес.
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://links.sport1.mk/drugite-pishuvaat/rakomet/chervar-kritikuva-od-daleku-rakometarite-na-metalurg-preku-nokj-stanaa

Во право е стариот,да изгубиш од оние ИЗГУБЕНИТЕ МЕДВЕДИ треба навистина да си легенда.
Да беше стариот сигурно немаше вака да ги остави,да се како разбиена војска,ќе летаа шамари,Јовиќ кутриот се изгуби,или пак местена беше,ништо чудно.:pos:
Санталов мајмуни да ги прај,ајде бе,ејј Санталов,па дечкото повеќе личи на некој си квази актер(каскадер) од нискобуџетните филмови со Стивен Сигал шо ги снима по Русија,Белорусија,кога претепува се живо и диво Стивен,а баш вакви ликови како Санталов му се редовни "спаринг партнери".
7 комада,дечко со радиус на движење од 15 метри на цела утакмица,движење нула,рефлекс на мрзливо магаре,само некој шут,ама додека се крени на шут ќе раздени и мајмуни ги напрај децата на Лино.
Јас да го чував овај немаше да закуца толку голови,не пак професионални ракометари,нема врска возраста,џабе се вади Јовиќ сеаммлади биле,со Медведи ако не се покажат со кој?ама јебига,тоа ти е тој лузерски менталитет,
Хаха,која превара од утакмица,наместо меч за вмешување во некоја си борба за барем 3то место ако ништо друго тие изгубија како магариња од најслабиот Медведи во нивната историја.
Фитило колку е паднат во форма,леле мори мајко,Велковски шта речи која послуку порати,каде бе дете со таква игра ти за репка ќе конкурираш?
Никаков напредок нема детево,а еве веќе никаков,само надолу оди,во одбрана тотално бескорисен,бетер од Лазаров Брос,најслаб убедливо, за 2 сезони шо ги игра во прв тим мораше да видиме нешто повеќе,во напад иста прича, ако не му помини тој обид за влез во зона меѓу 9и6 и се губи,во очај бара пикер,а пикер нема,а и да го има и случајно се докопа топката до Жарета Пешевског не си сигурен дека е гол,Жаре Пешевски,и сам не памти колку зицери промаши неделата хаха:D.
Мајмуни ги напрај онај голманот на Медведи,за разлика од одбраната и Арсиќ кај Металург,очај е премал збор.
Како тргнале Античките изгледа нема да бидат опфатени со реформите на ЕХФ па за брзо ќе си добијат шут карта,и од лузерските групи.
Сепак да видиме,можеби сеа чекаат ситуација во Вардар па срамежливо најавуваат СПОНЗОРИТЕ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД ВО АВТОКОМАНДА,можеби Минчо пак ќе ПУШТИ ДУША,па ако Лино не се покажи на ЕП на зима ќе си се врати назад кај другар му Минчо и ќе си тера со бизнисот.:icon_lol:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
@Tomasino
Јовиќ ја ебаше, им дозволил да се опуштат, немаше никаква колективна игра каква што практикува Червар.
Инаку во право си за Велковски, тоа одамна го зборувам, ова момче нема капацитет за позиција десен бек која е доста немилосрдна позиција и бара многу за да бидеш добар ракометар.
Пред се треба да располагаш со физички предиспозиции, да се носиш со суртуците од противнички одбрани, да имаш добро изработен шут од надвор, издржлив во дуели.
Десен бек мајкаму стара, позиција од која скоро секој клуб е најопасен благодарение на разорни шутери.
Овој жалниот ништо нема од тоа споменатово.
Само до Жарета Пешевског ја спушта :D
Фитило катастрофа, повредите влијаат врз детево, оваа сезона му е послаба и од првата што ја изигра во Металург, ќе видиме како ќе се развива.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
@Tomasino
Јовиќ ја ебаше, им дозволил да се опуштат, немаше никаква колективна игра каква што практикува Червар.
Инаку во право си за Велковски, тоа одамна го зборувам, ова момче нема капацитет за позиција десен бек која е доста немилосрдна позиција и бара многу за да бидеш добар ракометар.
Пред се треба да располагаш со физички предиспозиции, да се носиш со суртуците од противнички одбрани, да имаш добро изработен шут од надвор, издржлив во дуели.
Десен бек мајкаму стара, позиција од која скоро секој клуб е најопасен благодарение на разорни шутери.
Овој жалниот ништо нема од тоа споменатово.
Само до Жарета Пешевског ја спушта :D
Фитило катастрофа, повредите влијаат врз детево, оваа сезона му е послаба и од првата што ја изигра во Металург, ќе видиме како ќе се развива.
Многу слаб напредок на цела екипа,наместо сеа да експлодираат пред СП па да се пробијат.
Фитило е МАКЕДОНСКИОТ ДИСИНЏЕР ,го отепаа повредите детево,таман ќе фати некој залет и ќе му се случи некоја малерозна повреда и пак се одново.
А и премногу сака да се докажи,а некогаш ова има контраефект,плус и на плеј не е така снаодлив отколку на ев бек,далеку подобро би функционирал како лев па и десен бек отколку се да се чека од него.
Не знам шо да речам,штета ќе е огромна ако детево не експлодира,ги има сите можни предиспозиции да е лидер на репката за наредните 15 години,ама како ќе се развива ќе видиме.
Јагањац е добар,се виде колку значи за екипата,тој откажа и се изгубија тоталка.
Божо не е лош,ама за лидер на тимот не е.
Многу солидно изигра Танкоски(или како и да беше), 98 мо годиште,брз,добра техника,добра контрола на топка,преглед на игра,можно е да се изделка нешто од детево и да се добие еден добар плеј,само да му дадат минутажа, еве останаа уште 4 текми нека му дадат добра минутажа да се види шо материјал е детево.
Исто и за Арсеновски,детето не е лошо,посебно во однос на гореспоменатиот Велковски:icon_mrgr:
Кога го гледам на ТВ Велковски како се влечи по терен,без никакви емоции игра,како да му е сеедно дали ќе изгуби или победи и мене мрза ме фаќа :shook:
Ракомет играш бе дечко,не шах,не можам да ги разберам денешните деца:pipi:јебига,не е секој за ракомет.
И друга работа,одбраната многу шуплива,посебно централната шо беше еден од препознатливите знаци на тимот.
Димитриевски го трансформираа во класичен дефанзивец,дечкото и во Адемар и Чургои играше во одбрана,ама повеќе на 5ка,отколку на 3и4,премногу лесно се справуваат со него,доцни со излегувања,со блокови,тука се гледа разликата кај екипата,тие нијанси,слабо функцинира тој дел од тимот-дали е Фитилот,дали е Јаганац,нема густина во средина,нема агресивност,а посебно ако се погоди некој добар лев бек,па ако на 2ка е Мартинче Велковски,е тогаш има бушење.
Барем и голманите да се придружат.
Арсиќ цела сезона е топло-ладно,реално покрај Томовски кој се гледа дека има потенцијал џабе го држат Арсиќ,нека го остават Даниловски да се делка,џабе дреми во резерва,ете го и Даниловски како бекап,двојка млади надежни голмани шо би можеле да направат нешто од себе.
Не ја искористија доволно групата,реално најслаба група има Металург,изненадија со Мотор и Спортинг во секоја смисла,со Медведи таму изиграа топ,ама со изданијата против Бешикташ и Медведи дома се упропастија,со такви падови не се прај екипа,без разлика дали имаш млади или стари играчи во ростер,нема млади-стари,има добри и лоши играчи,се друго е само изговор за неуспехот.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.058
Поени од реакции
5.560
Со таква катастрофална трансфер политика не може ништо друго да се очекува од Металург. Задњиве две сезони имаат по 5-6 леви/централни бекови во ростер, а на десен освен Велковски немаат алтернатива. Додуша го имаа оној Брајовиќ минатата сезона ама со Лино ја спукаа работата уше у првите месец дена :D. Од Велковски никад нема да биде ракометар, мрза е невидена, исти како брат му само што едниот залутал у ракомет, а другиот у фудбал. За Фитиљот стварно штета, добро ја стартуваше сезоната, напред-назад по 60 минути, добра реализација и придонес, но повредите си го прават своето. Колку и да е слаба групата, ракометот за разлика од пред 10-тина години бара поголема сума на пари за да се направи нешто повеќе, така да без Минчо да го одврзе ќесето тешко дека би успеале да излезат од групи.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://links.sport1.mk/drugite-pishuvaat/rakomet/mojsovski-go-zamrzna-metalurg-smetkata-kje-stoi-blokirana-duri-ne-mu

Јел мирно спаваш Јорданове Минчо,тајкуне белосветски?
Доспеаа побарувањата,изршни пресуди еден куп,барања за извршување на пресудите фрчат.:busi:
Сметки ќе се блокираат,извршни решенија на врата ќе седат закачени:bance:.
Само Мојсо 100 кркачи ако скини+законска камата на долг+трошоци за адвокати+процесни трошоци+ами ДРУГИТЕ РАКОМЕТАРИ ШУ ПРАЈМЕ?.
И Минчо не е то шо беше.
Ќе оди курбан винаријата:icon_lol:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Медведи-Мотор

Ако оди се по шаблон треба да тепа Мотор,иако и тие се ебиветер екипа и доста варираат во форма,сепак се барем две класи над мизериите руски.

Кристианстад-Висла

Ќориот и слепиот во дуел,им фали уште Загреб од друштвото лузери во А скупината.
Швеѓаните се благи фаворити иако нема фаворити овде,тука се некаде екипите,од една страна школована екипа како Кристианстад,од друга доста солидна екипа која не го покажува својот фул потенцијал.
Би требало да е интересна текма.
Голманите би требало да решаваат,од една страна Капелин,од друга Моравски вампирот кој полека од трет голман во екипа стигна да е прва опција,ставрно добро голманче со рефлекси на мачор,која екипа ќе ја среди одбраната треба да е поблиску до победата,посебно ова важи за Швеѓаните,ако не примат над 25 комада треба да тепаат.

Мешков-Фленсбург

Интересен дуел,мината седмица Мешков дома изгуби од Кил,сеа ќе бараат шанса против појјак тим.
Фленсбург се испука во средата,имаа многу тежок меч во Бундеслига со Фуше,успеаа да добијат,сигурно сеа ќе ротира тренерот.
Тука ќе ја гледаат својата шанса домаќинитре,треба да е интересен меч,ако игра и Џорџич на лев бек кој минатата текма ја пропушти треба да има добри пуцачки опции за во напад тренерот Бебешко.
Треба да е држ-не дај меч,секој резултат е во игра,Мешков на домашен терен има шанса со сите екипи.

Сегед-Нант

Уште едно дерби ,Сегед влезе во криза,врзаа два порази дома,и тоа како беа рашлакани,за пример.
Сеа ќе ја бараат својата шанса за излез од кризата против Нант,реално ако не го тепаат Нант и нема шо да бараат во групата повеќе од 5то место,а имаат квалитет.
Нант од друга страна е исто така големо разочарување,посебно во домашната лига,ептен променливо играат,многу порази начукаа,ќе треба да се надминат денес ако сакаат да извадат нешто.

Спортинг-Бешикташ

Спортин реално според квалитетот на екипата треба да е второ место,посебно кога ќе се видат изданија на Мотор во групата.
Ама со тој висок пораз дома од Мотор,+ изгубија со Античките во Скопје и ете ги бодовите за второ место.
Со Монпеље минатиот викенд покажаа топ игра,и заслужија барем бод,на крај Порте ги поздрави во последна секунда.
Денес имаат некоја шанса со победа да се замешаат колку толку за тоа второ место,имаат добар распоред,две текми дома,со Бешикташ денес и со Античките,со две победи тука + гостување со руските мизерии Медведи еве 6 бода,и гостување со Мотор,кој реално не е непобедлив дома,покажаа досеа.
Треба да е кец денес,во Стамболград лесно си тепа Спортинг,појјаки се на сите можни позиции од Турците.

Адемар-Горење

Еден од клучните мечеви за пласман,можеби и клучен,пред се Адемар.
Со победа дома ќе ја исправат работата.
Треба да е добар меч и овај,Горење под водство на БабиЌу добро игра.

ППД Загреб-Вардар

Интересна текма,ППД е уште едно разочарување во групата,не покажуваат игри според ростерот шо го имаат.
Но ако се оди по традиција со Вардар во Загреб секогаш гризат,па можно е да е интересантно.
Видеќемо,ако Вардар игра сериозно не би требало да има мака,сепак со Загреб away не е никогаш лесно.

Алборг-Киелце

Киелце ако сака да мрдни од таа 5та позиција ќе мора да брка победа во Данска,иако нема да е нималку лесно,посебно ако се види како играат во гости.
Алборг не е лош тим,нималку,ако им се укаже шанса ќе ја зграпчат сигурно.

Кил-Цеље

Кил полека се врати од мртвите,колку толку.
Би требало да нема проблеми со Цеље,кој е доста ослабен со повреди на 3 клучни бекови,Мачковшек,Митровиќ и Млакар,сепак имаат доста копљаци во ростер кои гризат,пред се Бранко Вујовиќ на десен,искина детево со Фленсбург,9/11,уште една звезда у успону,

ПЕ СЕ ЖЕ-Веспрем

Дерби на колото,можеби и на сезоната.
Два супер моќни тима,треба да има добар ракомет од двете страни,се е отворено овде,со предност секако на страната на ПСЖ заради домашниот терен.

Барса-РНЛ

Интересно е шо денес во Бундеслига Шалабајзерите играат меч со Лајпциг во гости,а за 24 часа играат ЛШ:pos:,од Лајпциг во авион и директно за Барса,логика упм.
Барса треба да е фаворит овде,ќе мора да искористат дома шанса да тепаат се,ако сакаат да се во ТОП 2 тимови.

АНТИЧКИ-Монпеље

Шо да се коментира за овие,не вреди.:kuracc:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.569
Поени од реакции
8.201
ПСЖ го ренда Веспрем, 19-14 на полувреме. Муабетот ми беше друго. Што ти прави пара и работење на случајот да ја подигнеш атмосферата во сала. Минатите сезони ПСЖ имаше атмсфера бетер од театар, а глеам сеа на текмава против Веспрем, Ултраси ова она, нервозна публика, гестикулации, свирење:) Сагосен дава тон на креацијата во играта, се гледа, многу боље игра ПСЖ од минатата сезона, бар од она што јас го имам гледано до сеа. Плус коа ке им дојде Раул на чело, тешко овие некој да ги тепа.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Omejer bog otac ove igre

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.340
Омејер и Сагосен се чудовишта двајцата... срамота е eкипа како Веспрем со толку големи амбиции да игра само со Лекаи на плеј... плус без никаква подршка од Алиловиќ и Миклер... кутар Миклер го избуши Кемпф на крај... прв пат ги глеам сезонава и искрено многу повеќе очекував од нив.. еден куп работа им Љубо Фрањеш пред него со екипава...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.058
Поени од реакции
5.560
Си го земаа данокот немањето алтернатива за Лекаи и темпото кај Веспрем. Лекаи со два грешни паса во клучни моменти и мизерија од шут денеска 0/5, да имаа алтернатива на таа позиција сигурно ќе имаше друг тек утакмицата, исто и Ласло да беше здрав. Сагосен копиљот уште од денот прв пат кога го видов у игра ми беше антипатичен, али после ситуацијава со Илиќ ми стана најгаден на свет!

Се надевам дека нема да се поклопат термините следната недела на мечот Веспрем-ПСЖ со тој на Вардар-РНЛ. Сакам да гледам како им ги кршат рачињата на Хансен, Карабатиќ и ушлето Сагосен во Веспрем.
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
3.569
Поени од реакции
8.201
Супер натпревар во Барселона. Барса-Рајн Некар 26-26. Германците водеа скоро во текот на целиот натпревар, Барса израмни негде на 6-7 мин пред крај и се играше гол за гол до самиот финиш. Иначе како избрани Паличка на натпреваров, може треба и да се размислува и овој да се носи во Вардар:)) Многу незгодна екипа Рајн Некар Ловен, ама ако некој треба да ги исплеска тоа сме ние:) Шанса за Раул да се реваншира за минатогодишниот пораз.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Мотор покажа и докажа зошто е ПАРТАЛСКА ЕКИПА:pos:
Се разбудија Русите,ко стара пушка се,како тренерот.:icon_mrgr:

Кристианстад забележа многу важна победа против Висла,во прво изиграа топ,во второ на почеток се изгубија,ама на крај стегнаа и со неколку удари од дистанца на Хенингсон направија брејк во мечот.
Висла како тргнале ќе си останат најголеми лузери во групата.

Мешков не успеа да направи изненадување и си го сркна дома(again) ,овојпат од комбинираниот тим на Фленсбург.
Јебига,си ја пропуштија шансата со Кил,кога тие мизерковци не ги тепаа нема шо да бараат повеќе,ќе си се задоволат со победата над Киелце дома,или можеби ќе го тепаат Кил во гости зошто да не?

Сегед е најголемо разочарување во последните неколку недели,3 врзани порази дома,и тоа сите со 30+ комада примени по утакмица,во очајна форма се,одбраната е очај,голманите муви бркаат.
За мене поразот на Сегед дома е големо,огромно изненадување.иако рековме дека Нант има топ екипа,ама и тие чкрипеа досега,а на тежок терен како Сегедин речиси и никој не очекуваше дека 33 гола ќе закуцаат,сепак најдоа село без кучиња и распалија.
Пастор ќе мора сериозно да ја разработи таа тренинг таблата шо ја мафта на секој тајм-аут,веќе е запален алармот,како тргнале ќе си добијат некој од ПСЖ или Веспрем уште во 1/8 финале и коњец филма:ban:.
Очигледно е дека смрди нешто во екипата,не е реално екипа како Сегед вака да игра,страшен пад во форма,од онај тим шо беше пред победа со Вардар до екипа која прима 35 гола пер гејм,нема логика.

Спортинг очекувано лесно си ги ишлапа Турците Селџуци,со киксот на Мотор се враќаат во игра,посебно ако Монпеље не калкулира и ги тепа Украинците,а можно е и Античките да изненадат дома со Мотор,плус директен дуел меѓу Мотор и Спортинг ќе разреши многу дилеми,се е отворено овде до самиот крај.

Исто и во Ц групата,Адемар го тепа Горење,со посакувана разлика и при ист број бодови тие ќе бидат пред Словенците.
Исто и овде се е отворено за второ место,сите освен Динамо Букурешт имаат свои математики,таа екипа шо ќе напрај брејк на гости ќе заврши добра работа,интересна група е,доста изедначени се екипите.
Вардар прелесно со Загреб,како на тренинг,ги отепаа.
Штербик ефектот си го стори своето,ако не се лажам 44% одбранети удари,ги отепа во психа.
Многу слаб Загреб,ептен,а не се по имиња толку "отепани",барем на времето имаа одбрана,сеа од кој стигнаа примаат по минимуН 27,28 комада,со таков криминал од одбрана и толку слаба успешност на нападите нема победи,нормално е ова.
Вардар од друга страна со оваа тактичка поставеност,со формата,и на Штербик и Борозан и цел тим навистина делува многу добро.
Е сеа вистински тест се дуелите со РК ШАЛАБЈЗЕРИ,и гостувањата во Нант и пред се во Барселона.
Сабота е првиот тест,против за мене едно навистина пријатно изненадување РНЛ.

Шалабајзерите сезонава газат се пред себе,имаат ако не се лажам само еден пораз имаат од август досеа,а играат со навистина јаки противници.
Браво за Николај Јакобсен,со доста скромен состав,со меч во Бундеслига на 24 часа пред мечот со Барса,со речиси една постава вчера успеаа да извади бод од Барселона и да има напад за победа.
Ќе видиме во Скопје како ќе изиграат,вистински тест за силата за двете екипи.

Во неделните мечеви

Киелце конечно заличи на екипа и победи некого.

Иако пак примија еден тон голови,но овој пат дадоа уште повеќе и тепаа,заслужено.

Кил,хаха,која мизерија од тим,кои лузери ејјј.
Цеље,осакатен,без речиси пола прва екипа ги отепа среде Шпаркасе Арена,браво деца,секоја чест,ЅВЕРОВИ.
Кил,хаха,:pos:Билик,Нилсен,кои гревчиња,хаха,вчера милион топки поебаа,на крај последните 10 минути се изгубија тоталка,цела екипа кога во два наврати со играч повеќе не можеа акција да сврзат,пикер бараа очајно,а ПИКЕР НЕМАШЕ,хаха.
Зајц,каде бе орел еден ти ракомет уште да играш?
Оди бе дечко не се резили,дај им место на златни деца,не знам дали гледаше некој вчера кога на -1 од 20 метра ја акна во стил на РОНДО и го бараше пикерот:pos:,ја фрли едно 5 метра во висина топката,Шекил Онил во скок немаше да ја фати,од 20 метри,:vozbud:уште се смеам кога си ја враќам ситуацијата,кој лудак,и овај игра пред Вујин и Вајнхолд:icon_lol:
Да не прајме муабет за ударите над гол(по 2 метра во просек).
Заслужен пораз на Кил,нека се мисли Гисласон,кој одвратен лик е овај,и цела екипа,најомразена екипа ми се,само името остана од Кил,со играта далеку се.
Тешки провокатори,посебно Ландин и Гисласон.

ПСЖ заслужено тепа,во прво изгазија,посебно Карабатакот искина,7 комада,ги отепа.
Се врати малку Веспрем во второ,ама немаа сила за пресврт,имаа шанса ама не искористија.
Како и да е,заслужени 2 бода за Парижаните,нема збор тука,на онаква партија на Тити и Карабатакот во напад да не тепаа ќе беше срамота.

Спомнав за Шалабајзерите погоре,топ игра,секоја чест.со лимитиран состав,пред се заради возраста на Гудјон,Петерсон па мора да ротира Николај,Рниќ топ текма даде,исто и Рајнкинд,но го имаш Енди Шмит во екипа се е лесно,дечкото е како од криптонит,33 години има,ако не се лажам последните 3,4 сезони во сите натпреварувања нема пропуштено меч,шо ти е значи играч,и тоа игра нон стоп,на сите текми,од него тргнува и со него завршува секоја напад,едноставно МАШИНА,играч број еден досеа во светот,без никаква конкуренција,шутира,асистира,дете за се.:bravobe:
На крај имаа шанса за победа,не успеаа да искористат,сепак најреално е ремито на крај,со оглед дека имаа текма во Будеслига,против еден многу солиден тим на Лајпциг бодот е полна капа.

Барса разочара,освен првите минути се друго беше мачење,ептен безидејно,посебно во второ,на моменти само личеше екипата на екипа.
Палмарсон,се гледа колку влијаел врз него онај вакум период од месеци без официјален меч,едноставно непрепознатлив.еден куп топки промаши,ќе му треба време да се ухода со екипа,не се сомневам дека ќе се снајди.
Како и да е,Барса може да е задоволна и со бодот,иако имаа шанса и се надеваа на 2,ама со оглед на играта шо ја прикажаа,пред се немањето комбинаторика во напад-немаше ни топки до крила,ни контри,се беше рововска битка и бод им е многу,на крај нерешено е реален исход.

Аха да,АНТИЧКИТЕ,:Dдобро прво полувреме,во второ блокада,посебно од 45 минута до крај кога дадоа само 1(еден)гол,во последните 10 минути дадоа 0(нула)голови.
Ок е,сепак реално со овај Монпеље и многу појјак тим од Металург не би пружил нешто повеќе од солиден отпор,топ екипа има Монпеље и не им е навистина местото меѓу лузерите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom