VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Кристианстад-Шалабајзерен

Треба да тепаат преварантите,иако не се толку отепани Швеѓаните,мечот со Барса го покажа ова.
Сепак квалитетот е далеку на страната на Швабите,ако не се заебаваат ќе тепаат.

Сегед-Вардар

Добра текма,треба да е неизвесно до самиот крај.
Сегед на домашен терен е екипа која мора да се респектира,уиграни се максимално.
Вардар ќе мора добро да се испоти ако сака да извади добар резултат од Маџарска:icon_mrgr:
Треба да е резултатска нишалка тип на меч.
По мое овде типувам на изненаџење и некоја минимална победа на Сегед.

Барса-Нант

Овде треба да е чист кец,реално Нант е сеуште зелен за Барса,иако имаат квалитет.
Ама сепак немаат сеуште искуство и рутина да се носат со големите екипи.
Во средата добија шамар во првенството,изгубија дома од Монпеље,иако водеа во прво.
Сеуште не се уиграни со Киро,а и тренерот некако не му ја дава слободата во играта која му е потребна,сосема друга филозофија на игра има Нант.

Неделни мечеви

Бешикташ-Монпеље

Монпеље влезе во серија,имаат 7/7 на старт на сезона.
Ако не се заебааваат треба да е сигурна победа.

Мотор-Металург

Реално овде Античките нема шо да бараат,единствено една добра шанса да се испромовираат некои од тие малку бекови шо останаа да се изделкаат-пред се Кузмановски кој полека ги презема сите конци на играта во свои раце.
Мотор беа тешка мизерија со Монпеље,очај невиден,посебно во второ,милион технички грешки,сепак за на домашен терен не ми се верува да не тепаат со Металург.
Се освен поубедлива победа на Мотор ќе е големо изненадување,иако и Мотор не се некоја екипа која е за преценување.
Сепак имаат поширок ростер,и би требало ова да е повеќе од доволно за една лесна победа.

Киелце-Фленсбург

Дерби на групата,треба да е добра текма.
Киелце топло ладно mode,дома едно лице,во гости друго.
Фленсбург со играта во Веспрем,а посебно второто полувреме со ПСЖ покажа дека има опасна екипа и не е аутсајдер со ниедна екипа,иако и тие не се константни-во лигата веќе начукаа неколку неуспеси на гости,со прилично послаби екипи.
Посебно на мечеви кога наидуваат на мотивирани домаќини,кои немаат шо да изгубат,овде би требало да е подруго зошто Киелце влегува со улога на фаворит што е меч со две оштрици за нив,лани им се случи РНЛ дома:icon_mrgr:
Ќе видиме како ќе оди овде,треба да е добра текма,секој резултат е можен.

Скјерн-Адемар

Ова е еден многу важен меч за Данците,ако сакаат да се пласираат понатаму,посебно по поразот од Горење минатиот викенд.
Адемар од друга страна со два порази во 3 кола полека но сигурно излегува од шемата,ама пак се опасни.
Би требало да е чист кец овде,иако Данец и конечен тип се сосема различни поими.
Сепак се поквалитетна екипа Данците,нема збор овде.

Алборг-Мешков

Оваа треба да е добра утакмица,две прилично изедначени екипи се среќаваат.
Мешков,кажано е за нив,Алборг од друга страна доживеа два порази во гости,во Њемачка иако прикажаа добри партии,пред се со Кил,ама на крај останаа со 0 бодови.
Со Цеље дома се помачија,ама на крај се извлекоа.
Овде повеќе ми оди на двојка,појјака екипа е Мешков,не ми се верува да изгубат,а и да изгубат тешко дека ќе е со некоја поголема разлика од 1-2 гола максимум.

Елверум-Динамо

Норвежаните на мечот во Леон покажаа топ игра,додека Динамо со само 1 бод во групата е сеуште аутсајдер.
Ако ја повторат играта од Шпанија треба да се поблиску до победата домаќините,ама овде ништо не се знае,двете екипи се тука некаде со квалитетот.
Ептен изедначена група е ова,во двата дела-и тие екипи шо се борат за пласман во бараж за 1/8 финале и за долниот дел на табелата.

ПЕ СЕ ЖЕ-Цеље

Словенците покажаа топ игра со Киелце,кажав,да не бидам досаден шо екипа имаат.
ПЕ СЕ ЖЕ од друга страна на почеток на сезона рутински добива,освен шо им се случи дебакл минатата недела во второ полувреме со Фленсбург.
Не ми се верува да се изрезилат децата од Словенија,треба да покажат дека имаат потенцијал и да изгубат со шо помала негатива.

Плинари-Висла

И оваа текма е изедначена според квалитетот на екипите,ППД досега не покажа многу,Висла играше со најјаките екипи во групата па не можеше да се истакне.
Загреб е фаворит,само заради домашниот терен,додека Висла ќе ја бара својата шанса.
Мислам дека ќе е тврд меч,неизвесен до самиот крај,Загреб ако не ја среди својата игра тешко дека ќе тепа,но и Висла има многу ЦРНИ ДУПКИ во својата игра,па тука се некаде со своите мани и слабости.

Веспрем-Кил

Овде треба да е газење,треба Маџарите да наплат со законска казнена камата за сите овие години,мислам дека Кил ќе е среќен ако се врати со некој пораз под 8 комада.[DOUBLEPOST=1507378318][/DOUBLEPOST]
@Tomasino да пробаме едно поправно? :D
Борозан + 3.5

Кањелас -2.5

Тешко двата плус да одат,посебно не Кањелас,Вуко ќе ги има тие 7,8 шут(минимуН) кон гол,е сеа шо ќе напрај Сиера е прашање:icon_lol:

Балог од Сегед треба да е плус,пенали ќе има барем 3,4 сигурно,е сеа ако промаши некој пенал,ама игра барем 40 минути per game ,па би требало да пребаци.

И Горбок,ама овај повеќе ќе го чуваат,додуша цела централна одбрана на Вардар е доста јака,па тешко дека ќе има лесни голови од бековска линија.

И Дибиров редно е да пребаци еднаш.

Грецки +2.5

Ако игра овај префрла,ама не се знае дали ќе игра,ги ротира крилата Николај Јакобсен,менуваат со Радивојевиќ.

Исто и за Менсах Ларсен +2.5(ако игра) а треба да игра,сепак Талески му е конкуренција:icon_mrgr:

Раул Ентрериос од Барса ми се гледа како минус.
Тешко дека стариот ќе закуца 4 комада,иако се зависи од одбраната на Нант.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144

Нема бегање овојпат хахах.
Секоја чест за тебе кое знаење го имаш, петиција млра да напраиме пред натпревар на мтв да се читаат овие анализи :D
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Кој ја измисли CASH OUT опцијата на БЕТ365 бериќет да не види,никад:busi:.
Ах бе каков кретен сум,ненормален сум 100%,нема шанси да е поинаку..
Ја играм Фленсбург +22.5 на БЕТ 365 и во 45 минута по ебани 13 гола на смрдените Шваби од пусти страФ правам кеш-аут.
И после шо се случува?
Од +6 за Киелце на 15 минути до крај гнасите Германски прават ненормална серија од ненормални 12 гола за 15 минути.
Ејјј кои кретени- и јас и цела екипа на Киелце.
И шо е уште појјако,со парите од кеш-АУТОТ го играм Загреб:D,подобро на некоја сметка на некоја од партиите да ги фрлев парите,барем ќе јадеше некој сендвич.
Вака,Загреб,мизерија од тим,од 18 гола на полувреме,во второ им влегува третиот голман на Висла,едно копиле од младинци извадено и ги поремети,14 одбрани во второ,како само ја фати таа последната топка ММЕ,мачор рефлекс се по список.
Ех бе,плинари скапани, ви ебам екипата петпарачка,пола Хрватска репка собрана во екипа,џабе,мрш бе,која мизерија од екипа,како некои аматери делуваа
Не бе џабе е,никако да се напрај добитен листич,или не ги уплаќам добитни ливчиња,или ќе кеш-аутирам сигурна добивка(50 евра чиста добивка идеше ако влезеше Фленсбург +22.5),
Нерешено ми завршува ракомет,секоја чест.
Денес 3 НУЛИ во 8 текми,ехее..
Кој ги измисли овие кладилниците бел ден да не види:kuracc:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ама како бе играте да тепа Киелце? :D Ја сите 4 досеа ги изиграв против нив, или двознак или хендикепот, 3 пати од 4 ги фатив, мераци. Денес па ги опнале фаворити 1,6 a браќата на чело со забеганиот на клупата не знаат кај тераат.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Ама како бе играте да тепа Киелце? :D Ја сите 4 досеа ги изиграв против нив, или двознак или хендикепот, 3 пати од 4 ги фатив, мераци. Денес па ги опнале фаворити 1,6 a браќата на чело со забеганиот на клупата не знаат кај тераат.
Фленсбург +22.5 ги играв,и кешаут(ирав):cool:.
Си бегам од срејчата си бегам:гик:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Кој ја измисли CASH OUT опцијата на БЕТ365 бериќет да не види,никад:busi:.
Ах бе каков кретен сум,ненормален сум 100%,нема шанси да е поинаку..
Ја играм Фленсбург +22.5 на БЕТ 365 и во 45 минута по ебани 13 гола на смрдените Шваби од пусти страФ правам кеш-аут.
И после шо се случува?
Од +6 за Киелце на 15 минути до крај гнасите Германски прават ненормална серија од ненормални 12 гола за 15 минути.
Ејјј кои кретени- и јас и цела екипа на Киелце.
И шо е уште појјако,со парите од кеш-АУТОТ го играм Загреб:D,подобро на некоја сметка на некоја од партиите да ги фрлев парите,барем ќе јадеше некој сендвич.
Вака,Загреб,мизерија од тим,од 18 гола на полувреме,во второ им влегува третиот голман на Висла,едно копиле од младинци извадено и ги поремети,14 одбрани во второ,како само ја фати таа последната топка ММЕ,мачор рефлекс се по список.
Ех бе,плинари скапани, ви ебам екипата петпарачка,пола Хрватска репка собрана во екипа,џабе,мрш бе,која мизерија од екипа,како некои аматери делуваа
Не бе џабе е,никако да се напрај добитен листич,или не ги уплаќам добитни ливчиња,или ќе кеш-аутирам сигурна добивка(50 евра чиста добивка идеше ако влезеше Фленсбург +22.5),
Нерешено ми завршува ракомет,секоја чест.
Денес 3 НУЛИ во 8 текми,ехее..
Кој ги измисли овие кладилниците бел ден да не види:kuracc:
што се чудиш на НУЛИТЕ, јас одамна пишувам за местење НУЛИ..( кога к-циентот е двоцифрен)
немав време заднниве недели да одам до обложувалница, дома реновираме..
Туку у нашите офЛајно обложувалници НЕ верувам дека се толку големо коефициентите за НУЛА како на Ливесцоре...
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
@Tomasino еве ти еден тикет од мене, секако е недобитен :D. Ако имаш дојава кажи трета среќа можит ќе влезит :D
Веспрем 26.5+
Монпеље 2
ПСЖ 31.5+
Вардар 1
Нант H1пп
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Ново коло нова надеж-некој за бодови се бори,ние обичните смртници да фатиме некоја БАНКА во кладионица(засега слабо фаќањето):icon_mrgr:.

Веќе се одиграа 3 меча.
Сегед ги рашлапа Висла,ги растурија,ептен очајни Пољаците,никаква игра,со ваков перформанс за нив ќе е светско чудо ако поминат група.
Арно ама имаат среќа шо се во група со отепаниот Загреб,па тука се некаде,заедно со Кристианстад ќе се борат за да поминат група,иако со ваква игра било која екипа што ќе игра во 1/8 финале ќе е топовска храна за противникот.
РНЛ лесно со Загреб.
Кадетен го ишлапа Скјерн,мало изненадување,но кога ќе се види ростерот на Швајцарците,плус топло-ладно играта на Скјерн во гости јасно е зошто изгубија.
Многу изедначена група,секој секого може да тепа,освен отепаните Динамо Букурешт.

Саботни текми

Бешикташ-Мотор

Мотор падна во некоја длабока криза,за грев се,ај со Монпеље не можеа никако да извлечат нешто повеќе.
Ама со Металург бе:pos:
Бешикташ со две победи во групата си гледаат своја шанса,да не беше поразот од Спортинг дома сеа ќе беа во преден план за второ место,вака се е отворено.
Можеби и клучен меч во групата.
Ако игра Мотор како со Металург губат 100%.
На овој меч треба да дебитира Вилипче:pipi:

Медведи-Металург

Античките заслужија победа во Украина,ама само заради брзоплетоста на крај дури и спасуваа бод,трагичар на мечот Дарко Димитриевски,каде бе момче така?
На +2 на нешто помалку од 3 минути до крај наместо да ја крени рачната дечкото зеде со мижење извади шут,сето тоа ок,го понесе контрата,отиде да решава,се супер,ама таков шут против голман како Киреев не поминува друже,не играш со Тинекс Пролеќе.:icon_lol:
Денес ако ја повторат истата игра од Украина треба да имаат голема шанса за два бода,Русите не се ни одалеку таква шутерска екипа како Мотор па да се вадат со шутеви од надвор..
Медведи се тежок очај,и ваква екипа не заслужува место во ЛШ.

Нант-Кристианстад

Заредија три порази децата на Анти,црвеното светло е запалено.
Како да немаат сила да го завршат мечот,со Барса водеа 3 на полувреме,на крај ги потопија.
Поразот од Данкерк во средата,со високи 8 гола е уште еден доказ дека не е се сјајно.
Сепак мора да се има во предвид дека имаат двајца играчи од прва постава кои се надвор од екипа,Ниокас и Клер кои се многу важни играчи во екипата,исто и Клајн го немаше со Барса.
Како и да е,денес треба да тепаат и да се средат малку.

Македонски Вардар-Барса

Дерби на неделата во секој случај.
Вардар офанзивно не е на ланското ниво,ова е факт,ама сепак успеваат да го исполнат планот.
Овај меч е вистински тест за силата на Вардар.
Од друга страна и Барса варира,со РНЛ одиграа перфектно прво полувреме,во второ очај,со Кристианстад беа очај цела утакмица,со Нант губеа со 3 на полувреме.
Сепак на крај успеваат да добиваат затоа што се физички посупериорни од другите екипи,имаат според мене најдобра транзиција во Европа,иако сезонава користат помалку играчи во ротација.
Ако го земат сеа Палмарсон како се најавува,плус кога ќе се врати Ласе Андерсон ќе бидат топ екипа.
Денес премногу ќе зависат од голманите,ако нема ден некој од двата голмани нема шанси да извадат нешто од Скопје,во споредба со Штербик нема шанса да е под 10 одбрани.
Треба да е добар меч-би требало Вардар да тепа.по прв пат на домашен терен.

Цеље-Мешков

И оваа треба да е интересна текма,Цеље и со ПСЖ покажа заби,дома ги рашлапаа циркузантите на Талант.
Од друга страна Мешков е многу стабилна екипа,пред се искусна,не ми се верува да се избрукаат денес.
Треба да е неизвесна утакмица,Мешков има за нијанса поквалитетен тим,со подолга клупа,но и Цеље не е за фрлање.
Ништо чудно и Цеље да тепа,и нерешен резултат е реална опција.
Цеље на домашен терен со таа полетна екипа шо ја имаат можат да се носат со сите екипи.(или речиси со сите)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Си замина Лино и античките се преродија:pos:

Апсолутно заслужена победа,секоја чест.
Максимално дисциплинирана игра,знаеа шо сакаат,ептен лесно ја решаваа таа 3-2-1 зона на Русите кои остануваат можеби единствените залутани во модерниот ракомет кои практикуваат вакви индијански формации.
Против технички посупериорен противник ти да играш 3-2-1 со не толку подвижни играчи е самоубиство,и нормално е тоа шо ги снајде.
Ги попарија руските гревчиња, Јагањац:uzi:,по,по секоја лест,другарчето топ има во раката.
Ќе биди нешто од ова дете,какво само исфрлање на топка има,како од тенгало ги шутира:icon_lol:,сите дијагонали,горе високо,најтешки удари за бранење.
Допрва ќе се слуша за детево.
Не е лош Металург,имаат солидна екипа сезонава,само фали уште некој играч во ротација,ќе видиме сеа со овај малиот Серафимов како ќе го уклопат,реално Велковски не е за прва постава во никој случај,најслаба карика е во цела екипа,посебно во одбрана,јак лев бек ќе се изнаигра кај него,играат далеку побрзо за разлика од лани кога имаа подобар квалитет насобран во екипата,ама се гушеа со таа тргни-застани игра,сеа со Јовиќ е сосема друго,изгледа и повеќе самодоверба имаат децата па не се замараат многу дека ако промашат ќе добијат" СЕРИЈА ПОФАЛБИ НА КЛУПА":anco: од стилот ТИ ЧЕШ МЕНИ ЛОПТЕ ПРОДАВАТ:icon_mrgr:
Ако не беше тој пораз од Бешикташ дома сеа шансите за тоа второ место ќе беа многу реални,иако и сега се,со победа дома над Мотор и Медведи(овие сигурно ќе ги тепаат) и да боцнат нешто на тие гостувања во Истанбул и Лисабон се бива,зш да не,групата е реално наслаба од сите, ептен изедначена од 2-5 место,додека Русите се залутани ептен.

Бешикташ заслужи бод со Мотор.
Реално,добра екипа имаат,Прибак искина,ги отепа,симултанка 12 комада,Озбакар пикерот е топ,исто и Доне десниот бек,за Вилипче ќе видиме:pos:,вчера не бил ни во ростер:icon_mrgr:.
Мотор за разлика од лани е сосема друга екипа,можеби со таа победа во Лисабон најавија дека ќе бидат сериозни и годинава,ама со бледи изданија како во последните три текми покажаа дека не се материјал за 1/8 финале,во никој случај.

Вардар очекувано,можеби и прелесно.
Јасно беше дека ако Барса го одведе мечот во серија грешки,ако ја немаат брзата транзиција,со квази удари како оние во второ на Жалуз и Нгесан,со пикер како Шипршак на коги му се стресоа рачињата Штербик нема шо да бараат во Скопје.
Со 23 гола,од кои речиси половина дадени на сила или од пенал не се победува ни против Кристианстад,а камоли во Скопје против моментално најдобрата одбрана во лигата.
И Вардар грешеше,иако не по своја вина,Де Варгас е голман на највисока класа,ако не беше тој најмалку 7,8 комада не им бегаа на Каталонците.
Многу паметно Раул изигра,со Македа на десен цел меч,далеку посремен на технички план од Кристопанс,пред се не е склон на технички грешки,со ова ги изненади доста Шпанците кои сигурно се спремаа во одбрана за џинот,вака со многу малку технички грешки,и покрај доста промашени зицери и пенали сосема доволно беше,повторно Борозан МОТМ,заедно со Штербик,и секако Циндриќ..
Голема грешка е на Циндриќ шо си оди од Вардар,овде е цар,игра како измислена за него,а голема грешка напрај и Вардар шо така лесно се откажа од него,којзнае дали ќе најдат таква замена,таков играч еден на еден тешко дека ќе најдат.
Вака ќе оди во непознато,не дека нема да игра на ова ниво и таму,ама друг систем има Талант за разлика од Раул,еве еден Бомбач каков играч беше во Сегед,сеа не е ни 30% од онај ѕвер шо даваше по 7,8 комада и ги праеше мајмуни најјаките одбрани во лигата.
Заебана работа се овие трансферите,еве типичен пример во Веспрем,зедоа 2 докажани бека Акамбре и Тонесен,ама ене ги 5 минути заедно немаат изиграно,пак се потпираат на веќе докажаните фајтери.
Барса сигурно не го кажала последниот збор во групата,ете го Палмарсон веќе се приклучи кон екипата,кога ќе се врати Ласе Андерсен во ростер сигурно ќе бидат далеку поопасни од сега кога мора да импровизираат со Доленец на плеј,и во очај го бараат пикерот по секоја цена,а така против густи,гранитни одбрани како оваа на Вардар не оди лесно.
Како и да е,апсолутно заслужена победа на Вардар.

Нант очекувано лесно со Швеѓаните,немаше сомнеж овде.

Тоурна (или како и да се изговара) 10 комада:pipi:,страшен играч,какви само пикери вадат Французите секоја чест,Фабрегас и Тоурна пикерите за наредната декада.
И како ли само успеа еден Киелце да го собере кремот на ракометот?Ова не ми е јасно,уствари знам како,со кеш,
А онај газдата вика АБЕ НЕ СМЕ НИЕ ТОЛКУ БОГАТИ:pos:,само 6 милиони имаме буџет хаха,барем лажи со стил ако лажиш.
Којзнае какви плати им нудат штом уште отсеа ги договараат,сигурно за лепе очи не потпишуваат.

Цеље-Мешков пак Х(икс):вонзем:,а и најавив вчера,ама не ја пишав:icon_mrgr:

Каков ракомет беше ова,страшно нешто,празник од убави голови,одбрани на голмани,атомски ракомет.
Страшен е Цеље,каква само екипа имаат,оси се,летаат по терен,Јака Малуш,опет,искина малиот,посебно во прво.
На крај паднаа малку иначе заслужија да тепаат зошто водеа од почеток.
Мешков се извади само заради квалитетот на Пешиќ на гол,и головите од дистанца на Николенкау и Џорџич во второ.
Какви само голови дадоа овие двајца,страшни шутери,посебно Николенкау.
На крај можеби и заслужено реми,топ утакмица за гледање беше,вистински модерен ракомет.

Од денешната понуда.

Алборг-ПСЖ

Овде треба да има газење.

Динамо Букурешт-Адемар

Треба да има доста голови овде,Динамо на домашен терен е сосема подруга екипа.
Да видиме дали ќе искористат криза кај Шпанците кои се вистинско разочарување во групата.

Елверум-Горење

Норвежаните со последните две победи покажаа дека не се за фрлање.
Горење од друга страна по првите победи во последното коло го сркнаа од Кадетен,па сеа ќе видиме како ќе се покажат.
Треба да е интересна текма.
Секој резултат е во игра.

Кил-Фленсбург

Некогаш беше дерби.
Но без разлика на моменталната криза во двете екипи сепак дерби си е дерби.
Кил никогаш послаб,иако на последната текма во Веспрем покажаа и тоа како заби,за малку ќе тепаа.
Фленсбург оваа сезона ептен шалабајзерски играат,ги префати шемата од нивните колеги РНЛ,ептен не се замараат во ЛШ,топло ладно стил,а засега им успева блефот.
Го растурија ПСЖ во второ,беа на праг на победа во Веспрем кога водеа 4 на крај изгубија,а играа со втора постава.
Истото и со Киелце минатата недела,со втора постава,си го ладеа,на крај од изгубена ситуација на крај зедоа бод против слепците Киелце.
Со оние двата резервни бекови,кај ги најдоа бе овие?Кој ги прелажа не знам.
Ги избркаа ко партали Џорџиќ и Јакобсон за да ги довлечкаат оние гревовите:icon_lol:.
Како и да е,треба да е интересна текма,во ваквите мечеви се е отворено.
Секој резултат е можен,Кил на домашен терен без разлика на екипата има шанса со сите,иако по имиња не се толку слаби како говорат резултатите.
Мечот ќе го решаваат одбраните и голманите,и двете екипи имаат класа голмани,па ќе видиме.

Спортинг-Монпеље

Спортинг е некако разочарување,но можеби и толку им е силата.
Денес против Монпеље реално нема шо да бараат,ако не се дупат Французите овде не им бега пораз,иако на домашен терен ако им се укаже шанса знаат да бидат опасни Португалците,ама реално класи се зад Монпеље кој сезонава има топ екипа и сигурно не му е местото во лузерската група.

Киелце-Веспрем

Уште едно дерби на денот.
Реприза од тоа шокантно финале2016 година.
Киелце дома е сосема друга екипа,иако и дома знаат да се изглупираат тоталка,како мечот со Фленсбург минатата недела,од добиен меч на крај од готово вересија.
Со Веспрем сигурно нема така лесно да набилдаат разлика како со Фленсбург.Веспрем е Веспрем,полуда екипа дури и од Киелце:pos:
Знаат да прокоцкаат +9 на 15 мин до крај на финале на ЛШ:pos:,знаат и да се вратат од неверојатни негативи,едноставно класични лудаци со дијагноза:icon_lol:.
Киелце од друга страна е далеку попредвидлив,пред се ако им тргни колата на удолница,тогаш се губат,немаат такви стандардни голмани како Веспрем па не можат да се надеваат многу на одбраната,со Кил делуваа добро,најдоа село без кучиња и удрија,со Фленсбург до 45 минута беа перфекти,после беа очај,за во гости да не прајме муабет,мизерија.
Денес ќе имаат далеку најтешка задача-топ противник,опасен тренер на клупа.
Тешко ќе оди,посебно шо ако се стават на кантар двата тима Веспрем има појјаки играчи на сите можни позиции,освен можеби на пикер и десен бек,но засега Алекс не покажува нешто посебно,за разлика од Ласло кој ГО ОРА ПАРКЕТОТ 60 мин,два правци.
Добар меч,по мене Веспрем ќе се одмазди за поразот во финале и ќе ги рашлапа Пољаците,иако на домашен терен да го тепаш Киелце не е мала работа.[DOUBLEPOST=1508086918][/DOUBLEPOST]25 тата минута е во тек во Кил,Фленсбург има дадено 4(четири) гола.
Хаха,која мизерија станале Швабите,цццц.:pos:
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Каков меч беше Киелце-Веспрем :drk:! Пољаците со онаа мизерна одбрана нека бидат среќни ако успеат еден бод да земат кај некоја екипа во гости. И стварно не ми е јасен изборот на глупаците од ЕХФ за меч на неделата да биде избран Алборг-ПСЖ, покрај мечеви како Киелце-Веспрем, Вардар-Барса и Кил-Фленсбург во истово коло!
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
ПСЖ очекувано лаганица,со втора брзина,без многу замарање.

Адемар искористи шанса и победи во гости против најслабиот тим во групата,контролираа се од почеток до крај,и Чупара скина неколку зицери,сосема доволно.

Елверум по слабиот старт покажува дека на него мора сериозно да се смета,победа против Горење за целосно враќање во игра за пласман во бараж.
Добра екипа имаат Норвежаните,многу брзо играат,екипата која нема да успее да ги успори во таа нивна игра ќе има големи проблеми,какви што ги имаше Жељко Бабиќу вчера.
Сосема заслужен триумф.

Монпеље лесно со Спортинг,без многу мака.

Кил-Фленсбург

Коју послуку порати и коме?:pos:
Па послаб ракомет не сум гледал во последните 20 години,оние мечеви за приспивање на Металург во цутот на кариерата на Лино не се ништо во споредба со ова вчера.
Леле,леле,мизерија невидена,а се работи за екипите со најголем буџет во Германија,со најголема традиција и тн,и бодот шо го зедоа двете екипи им е премија,требаше да постои опција за одземање на бодови па да им скинат по еден бод.
Па РК Бутел да играше подобра игра ќе прикажеше,очај двете екипи.
Кил никогаш послаб,ги извади ГЛАВОЊАТА ЛАНДИН,со 100 одбрани( и пак го акнаа в сурат,па кој ти е крив кога главата ти е како глобус):icon_lol:.
Уствари нападите на Фленсбург,посебно во прво не личеа на ништо,7(седум)гола за 30 минути,па ние да се соберевме ќе дадевме повеќе голови,шо е најјтрагично грото од нападите им завршуваа без упатен шут,како НФЛ меч да беше,мизерија невидена,
Во второ малку заличија на нешто,пред се од тие странични напади и дупки шо се отвораа по крила, и успеваа преку Ване и пред се преку Ласе Сван да даваат голови.
Очај,единствено одбрана им личеше на нешто,се друго тешка мизерија,сезонава премногу променливи се,никогаш не си на чисто со нив,од екипа која за само едно полувреме му закуца 20 комада на ПСЖ да личат на тешки аматери против најслабиот Кил во историјата,се е кажано.
Кил бетер,послаби никогаш,резил,дури и за грев да ти биле овие.
Немоќ,безидејност,едноставно никаква тимска игра,се беше солирање пред се на десните бекови Вујин во прво,и Вајнхолд во второ,токму поради нивниот индивудуален квалитет се извадија,и некој пенал на Екберг-иначе беше мачење,тешки гревчиња.
Миха Глувччето изгубен,дечкото си мисли со РК Рибница игра.
Лукас Нилосн од кај стигна шутна,уште од соблекувална не проба,тотална недисциплина во игра,единствено ако се отвореше некоја дупка до крило па ја даваше до Дамке,иначе цела лева и централна страна на Кил исто како да ја немаше,заедно со пикерите.
Тоа е,на крај и двете екипи си зедоа бод,реално,која екипа да победеше во онај класичен анти-ракомет ќе беше незаслужено.

Киелце уште еднаш од готово вересија,на крај наместо ЏукиЌу да се жали дека ЖОГАТА БИЛА МОКРА можеше да не се глупира и да си изведи нормален пенал,арно ама дечкото проба со некој си глоуб-ротерски удар од земја да ја провне топката под нозете на Миклер,цел гол го промаши,и после си седна на клупа како помочан:pos:.
Јебига,екипа со такви индивудуални клвалитети како Киелце а да не знае да игра на резултат,е така не се победува еден гигант како Веспрем.
Повторно Маџарите рутински,делува како да не трошат ни 50% од силите,таа е екипата МАТЕ ЛЕКАЈ НА СРЕДИНА другите ротираат и газат се пред себе,страшен тим имаат,оние кога ќе ги уиграат новаците ќе нема маж за нив,посебно ако продолжи Лекај да игра во онаа форма,дечкото е машина,заедно со Циндриќ моментално најдобар средни вањски во ЛШ,можеби и во светот(според мене нормално).
Веспрем вчера не делуваше сјајно ама пак на искуство си скинаа бодче,додека Киелце можи да жали,но реално и тие чкрипеа,и имаа падови,единствено Алекс одигра меч без некој пад во форма,другите се бараа,посебно на среден ептен имаат мака и недостасуваат тие луцидни потези на Зорман,за Бомбач веќе кажавме,се испусти дечкото во Полска.
На крај секој по бод сите среќни,Веспрем со ПЕ СЕ ЖЕ за прво место,останатите ќе се борат за другите позиции,вака како стојат работите по 5 кола Фленсбург и Мешков делуваат најстабилно за 3,4 место,Киелце ако не ја среди играта во гости тешко дека ќе успее да направи нешто повеќе,посебно ако не почнат да киксираат Белорусите.

Видеќемо,сеа следува пауза од 3 недели,да одмориме малку.

Уствари нема пауза,ДЕВОЈКЕ ИГРААТ.:pipi:
ДЕВОЈКЕ 2 од 2,по планот.:cool:
Ростов џабе и пари,џабе се,пак си губат во гости од кој стигнат
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Каков меч беше Киелце-Веспрем :drk:! Пољаците со онаа мизерна одбрана нека бидат среќни ако успеат еден бод да земат кај некоја екипа во гости. И стварно не ми е јасен изборот на глупаците од ЕХФ за меч на неделата да биде избран Алборг-ПСЖ, покрај мечеви како Киелце-Веспрем, Вардар-Барса и Кил-Фленсбург во истово коло!
Тие милионите што ги тура арапот мора да се промовираат...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom